Па не реков да споредуваме но темата е таква, како да дебатираме книга/филм, нема споредба кога се зборува за укуси.. ај за неутралност и јас ке ги ставам 2-3 фаворита од Продиџи, но сепак иако ми се понови Пендулум, меморијата преку асоцијација ми работи убаво со нив.
The Prodigy. И Pendulum се добри, ама во споредба паѓаат. side-note: (кој е нестрплив [ц,ц,ц] нека оди на 07:17, вреди целото да се види, поради објаснувањето)
Сепак решив да гласам за Pendulum. Подраги ми се, поенергични се, песните им имаат плус и некако многу емоции внесени. Оваа ми е ептен со deep lyrics... Овие ми се ептен јаки за денсање и лудуење
The Prodigy: 1. @Kitten 2. @Јаневски Pendulum: 1. @Scott Weiland 2. @sjdgo 3. @Dream-Girl Победа за Pendulum Оваа недела во дуел се Michael Jackson VS Sting Дајте ми предлози за анкетата иначе Да смениме малку Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath 31.The doors VS Pink Floyd 32.Deep Purple VS Led Zeppelin 33.Iron Maiden VS Metallica 34.Eminem VS Jay Z 35.Nirvana VS Foo fighters 36.Whitney Houston VS Celine Dion 37.System of a down VS The cranberries 38.Riblja corba VS Bijelo dugme 39.Van Gogh VS Divlje jagode 40.Bruno Mars VS The Weeknd 41.Depeche mode VS New order 42.Брејк ВС Нокаут 43.Duran Duran VS ABBA 44.The Beatles VS The Rolling Stones 45.Linkin Park VS Green day 46.Red Hot Chilli Peppers VS Pet Shop Boys 47.George Michael VS Prince 48.Michael Jackson VS Sting
Ипак Мајкл Џексон имаше култни песни и со доста добра гледаност и не знам зошто се споредува со Стинг кога се сосем различен правец на музика. Така да, Џексон.
Стинг. Би го избрала наспроти било кој друг, исто така култен, изведувач Музиката на Мајкл Џексон е несомнено безвременска, ама песните на Стинг ми имаат посебно место у срце И оние со The Police, а лично уште повеќе му ги сакам соло песните. Омилени Shape of my heart, Englishman in New York и Fragile. Скоти ми ги украл повеќето со видеа тука, и познати и помалку познати Еве од мене уште две: П.С. И според мене баш не се со сличен стил и за споредување, ама штом е веќе избран дуелот океј
Мајкл Џексон, се разбира. Идол е на целата сцена, премногу влијание има извршено. Меѓу неколкуте изведувачи кои татко ми ме научи да ги слушам уште во детството и незаменлива фигура во шоу-бизнисот. Мултиталент, немаше лоша песна, а секоја изведба во живо перфекционистички изнесена. Не ми се верува дека 9 години се во прашање, се почувствува празнината, со Мајкл Џексон низ медиумите секогаш беше интересно, денешниве ѕвездички ни скандал не знаат да направат како што треба. Нема простор за споредба. Стинг е изграден музичар, но не е легенда. Да беше Елвис, на пример, во ред, ќе можеше да се развие дискусија чие име повеќе оддекнува и ќе се памети.
Џексон, со право е наречен крал на поп музиката. Го почитувам Стинг, извонреден е, кавлитетен, но сепак музиката на Џексон ми е и повпечатлива. Песна на која се ежам:
Тежок избор ги слушам нивните песни уште од мали нозе , се работи за изворедни квалитетни вокали Мајкл со неговата black or white како да му стави крај на ресизам во Америка и ги сплоти лугето (нормално е дека има болни исклучоци) Стинг со desert rose као да испиша историја ... Тежок избор но мојот глас оди за кралот на музиката Мајкл Џексон
Колку и да се добри песните на Стинг (и на Полис), премногу често наликуваат една на друга. Мајкл Џексон вметнувајќи различни жанрови, од секоја правеше препознатлив уникат да ти се вреже во меморија, што знам, по едно слушање.
Гласам за Мајкл Џексон затоа што има една неверојатно голема харизма и затоа што навистина со право е прогласен за крал на поп музиката и извршил едно такво влијание во музиката поради коешто со право влегол во Гинисовата книга на рекорди како најуспешниот забавувач на сите времиња!А,ова е песната којашто ме растажува,исто така и настапот во живо пред публика којшто многу ми се допаѓа и којшто ми остава многу голем впечаток:
Истово сакав да го искоментирам. Мајкл Џексон имаше моќ секој пат да внесе нешто ново и поразлично, а сепак да го задржи својот препознатлив стил. Според мене е и поквалитетен вокал, само што се одлучил за покомерцијален тип на музика. Јас сум за Мајкл.