Ако имаш желба за полесно, ќе го смислиш и ќе го пишеш. А јас можам и многу „потешко“ да „поставам“, ама ќе „поставам“ тоа што сакам. На кој не му чини, не мора да го гласа на анкета.
Ок. Терај си анкетата. Шала беше,во смисол најдобрите ги соочи. И смешкото на крај е "сведок". Но, не е секој расположен за забава И..немора толку нервозна да бидеш
Јас не сум задолжена за анкети. А од каде тоа дека сум нервозна? Баш напротив, сфатив дека си ти нервозна, прво го хејташе сегашниов дуел, помислив дека му бараш рачки и на мојот предлог
Јас сало дадов коментар.Мое.видување кое кожеби не ти одговарало тебепа затоа на хејт ти лечело. Ареа и Ај кју се различен жанр прво. Ареа се група од 90-те,Ај кју се од вчера. Ако веќе го ставаш на кантар стави ги нивните дела. Така да...неможеш да ги ставиш.на кантар Но,тоа е мое мислење Некој можеби поинаку мисли. Извини ако се навреди
Зошто ми објаснуваш мене? Ареа и Ај кју не ги предложив јас за да се навредам, нема потреба да се извинуваш, уште помалку ако си немала намера да го навредиш мојот предлог.
Леле бе Arctic Monkeys и Tame Impala заедно мораше? 3 пати дилема имам морална. Предлог за додавање Queens of the Stone Age vs. Foo Fighters доколку немало.. Секоја чест кој ги држи дуеливе/анкетите.
Ареа: 1. @Bitter-Sweet 2. @blackpanter 3. @Scott Weiland 4. @Someonespecial 5. @elimkd 6. @dayla 7. @CaraMia 8. @Antolinaa 9. @Purplelilac 10. @Unique__ 11. @sjdgo 12. @SummerGirl Ај Кју: 1. @Amellie13 2. @referentka Убедлива победа на Ареа Оваа недела во дуел се Arctic Monkeys VS Tame Impala Редовно давајте предлози, сите предлози некогаш ќе бидат во анкета и секако некогаш вашиот предлог ќе биде во дуел. Останува правилото да се важат само гласови кои ќе бидат со јасна и прецизна рецензија, пожелно е да се коментира и за омилени песни, зашто ви се допаѓа или зашто не ви се допаѓа некој од изведувачите. Цитирања, мислења, но се во врска само со дуелите и темата. Сите оф-топици ќе се бришaт Спојлер: Поминати дуели 1. Jennifer Lopez VS Rihanna 2. Christina Aguilera VS Britney Spears 3. Mariah Carey VS Whitney Houston 4. Linkin Park VS Maroon 5 5. Јustin Тimberlake VS Еnrique Iglesias 6. Александра Пилева VS Дани 7. Kanye West VS Jay Z 8. Владо Јаневски VS Калиопи 9. Дино Мерлин VS Жељко Самарџич 10. Anne Marie VS Zara Larsson 11. Adele VS Sia 12. Martin Garrix VS Avicii 13. Eminem VS Doctor.Dre 14. Beyonce VS Shakira 15. Shawn Mendes VS Charlie Puth 16. Paul van Dyke vs Armin van Buuren 17. Nicki Minaj VS Iggy Azalea 18. Robin Schulz VS Alan Walker 19. Bebe Rexha VS Dua Lipa 20.Guns N'Roses VS Aerosmith" 21.Linkin Park VS Pink Floyd 22.Coldplay VS Maroon 5 23.ЕКВ VS Азра 24.Nickelback VS Three days grace 25.U2 VS Muse 26.Guns and roses VS Jon Bon Jovi 27.Chris Isaak VS Bryan Adams 28.R.E.M. VS Scorpions 29.Slayer VS Slipknot 30.AC/DC VS Black Sabbath 31.The doors VS Pink Floyd 32.Deep Purple VS Led Zeppelin 33.Iron Maiden VS Metallica 34.Eminem VS Jay Z 35.Nirvana VS Foo fighters 36.Whitney Houston VS Celine Dion 37.System of a down VS The cranberries 38.Riblja corba VS Bijelo dugme 39.Van Gogh VS Divlje jagode 40.Bruno Mars VS The Weeknd 41.Depeche mode VS New order 42.Брејк ВС Нокаут 43.Duran Duran VS ABBA 44.The Beatles VS The Rolling Stones 45.Linkin Park VS Green day 46.Red Hot Chilli Peppers VS Pet Shop Boys 47.George Michael VS Prince 48.The Prodigy VS Pendulum 49.Michael Jackson VS Sting 50.Ареа VS Ај Кју
Кевин Паркер од песнава и стиховиве до каде догура.. But I don't even care about it anyway I wouldn't listen to a word any of them say They just talk about themselves all day One day I'll be a star and they'll be sorry Глас за Tame Impala и пар од мене. (Ги сакам и Arctic Monkeys но не до толку)
Тежок избор, ама јас за Арктик Манкис ќе си гласам Чисто субјективно и во нијанси, повеќе ги следам и слушам од одамна, варираат со стилот во различни албуми и во сите ми биле брилијантни комплет со музика, текст, вајб (вклучувајќи го и последниот ). Еве некои омилени песни (oсвен најкомерцијалната Do I Wanna Know )
Едните ги слушам значително повеќе, затоа и гласам за Arctic Monkeys. Тие се оние кои можат уствари да ме релаксираат кога ми треба тоа, да ме расположат кога ми треба. Какво чувство и да ми треба - можат да ми го изнудат со една песна. Да ти е ќеф кога некои бендови вадат нови песни.
Гласот останува за Tame Impala, ама од што се преслушани денес посветувам внимание на Arctic Monkeys. Од омилениот албум една.
Иако кратко се задржувам на современата музика - нив редовно ги слушам, добри се и едните и другите, но има нешто во Импала кое го перцепирам како копија на Битлси, додека музиката на Мајмуните, не знам зошто, ми асоцира на филмови на Стенли Кјубрик Еве и спотов како да е режиран од Кјубрик, песнава во аудио верзија на јутјуб ја вртев изминативе две недели, инаку. Глас за Arctic Monkeys.
Ја сум за Tame Impala, некако многу ми се подобри, а последно соработката со ZHU, одлична песна. Оваа исто така многу ја сакам, колку и да ја слушам, не здосадува