Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон За претходните само кратко иако нема да се важи мојот глас. Помеѓу Ријана и ЏејЛо го избирам помалото зло , ЏејЛо. Ријана веќе ми станува ненормално неподнослива со нејзиното развратно однесување и пијанчење, чак што више оди кон пропаст, по некоја добра песна од албумот, се друго и се сведува на секс и дрога. Ко останатиот нормален свет да нема секс, па ајде сите да пееме за тоа како сакаме да ни го на*укаат. Кристина Агилера ја бирам пред Бритни, иако Бритни беше кралица на моето детство, нема песна и спот што не и го знаев, но гласот е пресуден зошто ја бирам Кристина. Бритни победува на карта слаткоќа и милост, она што порано беше синоним за неа. Витни Хјустон победува пред М.Кери. За Мараја ме врзуваат само некои дамнешни хитови, што би се рекло: Џабе е жива кога ништо добро не прави . Мараја на стара слава добива сеуште многу работи, само затоа што има стекнато име. Од нејзе, најомилена, преомилена ми е My all. It's my life е тотално песна за по нужда, и од 2005-6та веќе почна да прави глупички песни. За Витни е кажано речиси се, она заедно со Мајкл Џексон ќе бидат секогаш на прво место кај мене, затоа што беа вонсериски и никој не може да ги достигне. Saving all my life for you, It's not right(but it's okay) & All the men that I need се мои омилени. Предлози: ЛиЕн Рајмс - Сара Конор (за мене доста тежок ) од бендовите Н-Синк - Бекстрит Бојс Џастин Тимберлејк - Енрике Иглезијас Тони Брекстон - Селин Дион Аеросмит - Симпли Ред (различен стил имаат) Шерил Кол - Кристина Милиан
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Мене никогаш не ми било јасно како гласот на Мараја може да опфаќа седум или осум октави !? Тотално неверодостојно ми е и мислам дека опфаќа неколку октави на фалсет-пискотешници, него ли на она другото, ама не е битно. Солиден вокал беше, со неколкуте убави песни кои ги имам зачуено од неа, највеќе ми е позната онаа „Тулибудибу даучуууу“. Порано ја слушав многу повеќе, сега веќе ми е пензионирана одамна од листата на музички желби и честитки. Ништо поново немам слушано од неа и немам ниту желба. Ѝ помина модата кај мене. Гласам за Витни, затоа што отсекогаш ми била синоним за дива. Нејзиниот „урбан“ начин на живот нема да го коментирам воопшто ... Имам доста омилени песни од Витни, а морам да кажам дека хит на детството ми беше I will always love you во пакет со Bodyguard.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Јас гласам за Витни, мислам дека додатен коментар за кралицата не е потребен! Додека Мараја Кери никогаш не ми го привлекла вниманието со нешто посебно..
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Дефинитивно Витни, прекрасен моќен глас! А Мараја ми е пискава и attention bitch во последно време и не ја сакам.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Нема место на споредба. Мараја одсекогаш ми била смешна и дебилна, песничките и се смешка. Ок има две три песни стварно добри, каде што и гласот и доаѓа до израз ама другото е стварно тапа. http://www.youtube.com/watch?v=0habxsuXW4g http://www.youtube.com/watch?v=yvoWWtynalI http://www.youtube.com/watch?v=USF55GUALyQ Песниве се очајни, работата е да се соблече гола за да и биде гледан спотот зашто инаку никој нема да ја слуша. И стварно што и е со пеперутките? Витни е кралица, сеуште никој не може да ја замени. Песните сите и се хитови, онака сериозно добри песни, не се песни наменети за пубертетлии. Нема да редам линкови затоа што сите песни и ги сакам!
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Ај и јас да кажам :geek: И јас сум за Витни, прекрасен глас имаше жената, гласиште, а Мараја Кери, убаво пејт, не велам не, ја слушам, не велам не :geek: , ама далеку е од Витни.Криво ми е за женава, каков глас имаше, се уништи од таа дрога.Зарем тоа и требаше за да и го разубави животот? Само ја уништи, ништо друго, а штета, навистина, ем убавина, ем глас имаше Витни.Стварно не можам да разберам, при се што имаше, не беше задоволна.Некои други луѓе, можеби и сакале да се како неа, баш имав прочитано за тоа, а таа имаше нешто драгоцено и дозволи тоа да го изгуби, а патем и животот.Имам пишано за нејзе, сите песни и ги сакам, нема некоја песна, која не била убава и која не ми се допаднала.И сите други покрај Мараја Кери, Селин Дион ( за која исто така потврдувам дека пее убаво, што кај нејзе случајот е друг, знае што има покрај себе, што има во животот, знае да го цени и чува, тоа ми се допаѓа) и др., кои Витни Хјустон ги надминува, според гласовните способности.Ама, ете, велат, се што е убаво, кратко трае.Брзо згаснува Така да, познато е дека сум за Витни Хјустон
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон http://www.youtube.com/watch?v=eAM2-hg7xJs Една од моите омилени балади каде што пејат и двете.Јас гласам за Витни Хјустон.Уште од мала ми беше идол и ако се секавате си правевме лексикони со прашања и на прашањето омилена пејачка го пишував нејзиното име.Навистина таков вокал и песни со толку многу емоции одамна немам чуено(можеби само Адел).За мене била и ќе биде број 1.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Тежок избор, навистина. И двете со неверојатен распон на гласот. Сепак мојот глас оди за Витни Хјустон, најдобриот женски вокал на сите времиња. Неповторлива.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Мараја Кери, така малце ми се лигави но, сепак има позабавни песни од Витни. Но, никој нема да го замени гласот на Витни. И, знаете Витни е почината, нека и е лесна земја па така да, јас сум за Мараја Кери. но,спрема Витни имам МНОГУ ГОЛЕМА ПОЧИТ. а, мислам дека не треба да се споредуваат починати ѕвезди. Можете да споредите, на пример, ако двете ѕвезди се починати. Ако сум грешка,поправете ме. Важно мојот глас иде за Мараја Кери.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Доста интересна тема. Да си кажам прво за изминатите дуели . Од Ријана и Џенифер Лопез, ја бирам Џеј Ло. Порано Ријана ја многу сакав а Џенифер ме нервираше, сега е обратно. Се повеќе не ја поднесува Ријана, поради глупирањата и тоа што стана веќе напорна, докажа веќе дека не е милата девојка што беше, нема потреба уште да се губи, ама ми се чини уште многу глупости ќе гледаме од неа. Песна ќе избаци некоја добра, ама ништо да ми остане ептен во паметење, освен две-три. Џеј Ло ми беше порано премногу препотентна и сеуште ми е малку, ама ми стана некако помила . Ме нервира малку со тоа мажење и барање љубов по 300 пати ама нејзино си е . Сепак нејзините постари песни се далеку поголеми хитови од на Ријана, и тие сакам да ги слушам . Од Бритни и Кристина, тесен избор затоа што порано и двете беа поп принцези со големи хитови кои ме потсеќаат на убавата поп музика, ама сега и двете загубија правец . Гледано вокално, значи нема сомнение дека Кристина има гласиште и далеку подобар вокал од Бритни. Ама сепак Бритни ми беше најомилена кога бев мала, сите песни и ги знаев и сакав, па ајде неа ја бирам. Од Мараја и Витни, ја бирам Витни. Поради причина што Мараја ми е некако лигава, има предобар глас ама порано ја слушав, сега некако не можам да и ги слушам песните. Without You, Hero и My All ми се најубави, ама поновите и се никакви и лигавење во боја, антипатична ми ептен стана. Витни е легенда, секоја чест, глас кој ќе остане запамтен како најдобар женски на сите времиња во поп историјата. Мене најомилена ми е Saving all my love for you.
Дуел за оваа недела: Мараја Кери vs Витни Хјустон Витни Хјустон: 1.Vikica.cuci 2.SummerGirl 3.Taylor97 4.Spell 5.psychic 6.Trendafilka 7.Beautiful-Princess 8.tea4e 9.Hipster 10.LilBaby 11.Mishela 12.nati44 13.Bright 14.mims-89 15.Gordana10 16.alekce83 17.senza.parole 18.BlackSwan5 Мараја Кери: 1.ariela09 2.HollyWoodGirl 3.Dream-Girl Пак со голема разлика победува Витни Хјустон. Ајде да смениме малку, еден предлог од првите страници на темава, Linkin Park vs Maroon 5 И шкртнете по нешто зошто гласате баш за тој изведувач, убаво би било да наведете причина, а не само имиња.
Дуел за оваа недела: Linkin Park vs Maroon 5 Linkin Park vs Maroon 5 Линкин парк ми се омилен бенд од младоста и имаат предобри текстови, внесоа некој свеж пристап на жанрот кој го свират, а вокалот и фронтменот на бендот придонесе прилично за славата, поради неговиот карактеристичен и нетипичен глас. Имам многу омилени песни од нив, имаат енергични настапи, супер се. Numb и In between ми се преубави песни и мислам дека никогаш нема да ми здосадат. Марун фајв прават исто така одлична музика, малку се повесели и пошарени во стилот, ќе кажам дури и комерцијални, но ДОБРО комерцијални. Иако Адам Левин ми е симпатија за озбилно одамна, и имам многу нивни омилени песни, сепак сметам дека располага со послаб вокален квалитет од Честер (Линкин Парк) зашто Честер е ѕвер! И така, и покрај Harder to Breathe, This Love, She Will Be Loved, Makes Me Wonder, со малку тешко срце, гласот го давам ЗА ЛИНКИН ПАРК, заради вокалот најмногу.
Дуел за оваа недела: Linkin Park vs Maroon 5 LINKIN PARK ги обожавав ккао тинејџерка сите текстови ги знаев на памет па и уште си ги слушам. текст музика вокал се ми е топ така у душа ме дира за марун 5 незнам што да кажам им знам една или две песни и толку стилот на музика не ми е ништо посебно така да гласам за LINKIN PARK
Дуел за оваа недела: Linkin Park vs Maroon 5 Maroon 5, бидејќи имаат повесели песни. Овие Linkin Park ми се мрачни. Така да, мојот глас иде за Maroon 5.
Дуел за оваа недела: Linkin Park vs Maroon 5 Па не знам дали може да се споредат, баш ми се различни. Честер Бенингтон вс оној што викаат дека бил убав ноу веј. Ги немам слушано одамна Линкин Парк, се двоеа по гласот на Честер, гласиште, знае да те наежи. Сега веќе не знам што музика креираат, во тоа време беа различни и добри. Марун 5 освен некоја песна што се вртела по радио... ги немам слушано. Повесели се, ама за таа пригода подобра работа ми вршеа и Франц Фердинанд. Мене Марун 5 ми се поп, не ми се споредливи со Линкин Парк. Хибридната теорија како најдобар нивен албум според мене, иако Метеора можеби најпреслушуван беше во тоа време. Гласот ми иде за Линкин Парк Па не е баш јасно, ако може да дообјасниш Ве мрзи нешто да наброите за изведувачот, не знаете или онака само ви е, колку да се пише нешто? Не ја гледам смислата на темава ако само пишуваме имиња на изведувачи и тоа е тоа. Нема да ја боли тастатурата ако притиснете некој збор повеќе