Абе сите мразите турбофолк сѐ додека не делува алкохолот. Инаку јас не ги можам метал и техно. Зошто, за металот не можам да дефинирам, а техното ми e досаднo. Исто така и овој новиов српски трап ми е бљак иако има некои песни што ми се guilty pleasure.
Не пиеме, не слушаме ни турбофолк. Тоа може на средношколци да им е интересно, не на луѓе што се созреани и речиси во нивни 30ти. Зошто би лажеле на анонимен форум дека не слушаме некоја музика.
Не знам што е тешко да се разбере дека некои луѓе навистина не слушаат таква музика без такви саркастични коментари. Нема потреба од агресија.
Метал и техно не сакам да слушам зашто не ми се пријатни. Рап не ми се допаѓа бидејќи кога "пее", мене тоа не ми звучи на пеење, туку на брзо зборување. А за оние од 2бона, Раста, Буба, Релја, Бресква, Вуајаж и сл., воопшто и да не правам муабет. Тие не се ни песни. Јас не знам како може некому да му се допаѓаат такви песни.
На некои луѓе очигледно тешко им е да прифатат дека не се сите како нив.. исто како што вие викате за турбофолкот така јас за рокот. Тоа е секој што му прија тоа ке слуша само не знам кај одите кога ке излезете во Ск сите фолк певаљки што немат врска ги собравте со ангажмани по клубови и кафани...
Човекот е како корен како ќе го насадиш така ќе израсне и дрвото. Еве која ми е паралелата, јас пораснат сум со рок музика таа култура ми ја всадиле. Подоцна човек како расте така и созрева и открива работи и си наоѓа културна идентификација. Сега слушам само неколку жанрови на музика рок, џез, блуз и класична музика. Едноставно сум научен да служам квалитетна музика, ми пречи на ушите лошата музика.
Дабстеп во некои варијанти ме замара и ми гази на нерви, ко да ми ора низ мозокот. Сигурна сум дека во Гвантамо измачувале затвореници со оваа музика пред да стане достапна за рајата. Српски и македонски фолк певачи ловат Балканци на простачки емоции. Избегнувам и актуелен поп, не ми пречи да го слушам, туку анемичен е во споредба со она што беше популарно минатите децении.
Изместени се вредностите, јас тие ги викам како фол уметници, рокери и воопшто во музиката сега ќе објаснам и зошто сум им дал таков епитет. Бидејќи тие пред другите кажуваат дека слушаат квалитетна музика и градат таков идентитет. Јас познавам такви луѓе кои после тоа ги гледаш некаде на настпат пеат секаков вид на музика односно шабанска музика. Ако си се определил кон нешто држи се до тоа, ретко кој се држи до тоа што го одбрал. Ќе те демантирам девојче со факт, мислам на девочето кое напиша сите мразиме турбофолк додека не делува алхохол. Секој човек се определува кон нешто, како јас и што сум се определил кон тие жанрови на музиката и не само јас и многу други луѓе така и избирам каде во кои локали седам. Исто така за предрасудите за некои луѓе во општеството рокерите биле наркомани а за жал сега овие нови генерации се дрогираат и притоа слушајќи транс или турбофолк, се е до индивидуата. Дури турбофолкерите и некои други го земаа рокерскиот стил на облекување. Секои има правo како сака да се облекува немам предрасуди кон никој, сакам да кажам како на почетокот изместени се вредностите.
Немој вака за маж ми. Јас не можам да слушам рок, метал и не знам кои се другите слични. Ме боли глава. Друго се слушам, нормално нешто преферирам помалку, нешто не толку. Се прилагодувам речиси на се.
Турбофолк, народно, трап, техно, досадна репетитивна електронска музика, оние вештачки со тон аутотјун што пеат како роботи а се популарни денес особено меѓу тинејџерите.