Па јас не знам да се изјасни на темава некој дека не е кул, лични преференци се. Ти за да потврдиш дека нешто како си засегната во муабетот го убаци зборот кул, демек сите мора да сакаме турбо ама се криеме Иначе гледам како во куп низ мислењава се ставаат турбо фолк и народна музика, јас народната изворна музика ја сакам многу и мислам дека допирна точка нема во квалитет со новокомпонираните.
Абе на темава не, ама точно знајш за шо зборам. И јас многу сакам староградска македонска музика Всушност, од македонска музика, само таква слушам. Турбофолкот ми пасова ко ќе е на српски. То Цецо!
Ау да... Ја знам ко беше мала. Цела фамилија и' ја знам. Силом прилике. Не сум воодушевена Ој слушни ја Пиле од Цеца и кажи ми дали ќе те дирни и на кој начин
Мислам дека имам претходно кажано некаде на форумов, кога станува збор за музика, филм, или било која друга уметност, сакам да избегам од нашиот менталитет. Нема жива сила што после цел ден слушање македонски глас, ќе ме натера да пуштам македонска, или српска музика. За турбофолк порано имав полошо мислење, ама баш пред некој ден кога го слушав албумот на Росалиа, си викам ова е буквално шпански турбофолк, само малку поекспериментален, ама ете тоа не ми смета. Така да, имам заклучено дека е до јазикот, ништо друго.
Па не знам кои се кријат, кои не за да прашам овие шо се кријат шо е проблемот. Поентата ми е, не сфаќам зошто ако нешто е популарно, и СИТЕ го сакат, да не е кул или да има потреба од криење. Шо е проблемот ко сите го сакат? Ако сите го сакат - значи е мејнстрим и кул. За ништо шо слушам не слушам дека за некој е кул ( дел од музиката шо ја слушам пријатели ми ја брендираа како „ију ова е ко музика за во радио програма од 80тите“), туку слушам оти моите уши се среќни и мозокот ми се релаксира. И зато не сфаќам зошто некој би криел шо сака или зошто би плукал јавно за то шо го сака. И сакам да прокоментирам уште ова. Апсолутно ти избираш шо ќе си слушаш. Дома или на слушалки. Моментот ко ќе излезиш од дома, или делиш соба со цимер/ брат/ сестра или пуштиш радио или одиш на роденден, свадба, слава, кафич - немаш контрола на то шо ќе бидиш изложен. Можам да одберам да не одам на роденден за да не сум изложена на некој тип музика оти знам другаркава шо слуша, ама дали е фер за музика да пропуштам роденден на некој близок? Онака пример, хипотетички.
На сите овие собири имаш и таква и таква музика, да се задоволат сите вускови де, за секој да има по нешто, освен на куќна слава е тука веќе преовладва темата политика и музиката е во спореден план и тотално небитна, бидејќи не ни можеш да ја слушнеш од "политичариве"
Не баш ама ете да речиме дека има секаква музика, пак си изложен и на „туѓото“ шо го неќиш или не ти е омилено. Така да, сакал или не, си изложен и на работи шо ги неќиш. Назад кажав дека неќам трап. Имавме еден во друштво шо се н а п н у в а ш е со трап секогаш ко ќе одевме на викендичка. Или одев на роденден кај школска секоја година во кафана со живо гласовибрирање. Ми се плачеше пред да тргнам, ама одев оти ја сакав. Немаше ваква и таква музика во овие ситуации, само една и се прилагодваш еднаш ти, еднаш другите. Ама не во исто време. Ама то не го менва фактот дека самото постоење на компормис прај да си изложен и на работи шо не ги сакаш. И не велам дека то е лошо, велам само дека изложеност на работи шо неќиш - постојат. Имаш избор само во комфорт на свој дом, некогаш ни таму ако не си сам.
Добро муабетот ми беше за општо дека на такви собири воглавно има секаква музика, инаку во одредени ситуации и јас сум бил изложен на туѓ избор на музика која не ми се допаднала, ниту слушам таков жанр, не сум запамтил ни текст ни изведувач, ниту пак ме интересирало од тоа шо било пуштено. Додека пак од друга страна познавам личности кои слушаат балканска музика а тоа го кријат од други кои не слушаат таква музика само за да не бидат исмејувани, така да јас сум за она секој нека слуша шо сака и музиката нема граници секоја музика си има своја публика, а секогаш и секаде регионалната музика ќе биди поприфатена од музика која доаѓа од страна. Инаку и самиот термин "Турбофолк" е навредлив и се користи стрикно за навреда, нема врска со жанр на музика.
Од турбофолк нема бегање. Премногу е на Балканов проширен. Во бус прееска шоферот таква музика пуштил на радио, сакаш нејќеш под присила ќе слушаш, па и песни ќе научиш, ко шо имаат глупи тестови, еднаш да ги слушнеш цел живот ќе ги памтиш. Ушоболие.
Леле колку изфилозофираааа “Ако немаш аквариум, тогаш си педер“ ... или ако имаш... како беше Јасно ти е шо сакав да речам. Не си глупа, ич! Е турбофолк во возило ми е апла одвратно! Врвот беше во Малме, кога зашлајфува еден на семафор, возеше БМВ и од натре трештеше Цеца! Исто ко да си Битола, било која сабота
Многу мразат рок, метал, панк, електронска музика, али радо фураат гардероба и стил што произлегле од тие субкултури, а притоа не се свесни за тоа. Овие латино и хип-хоп ритмови ме иритираат. Репетивно, лажно фурање, и освен за е*ње знаат ли нешто друго да запејат? Секоја земја има своја турбо-фолк култура. Конкретно за нашава балканска не ја слушам, али барем стариве олд скул турбо-фолкери беа искрени момци и тоа што го проживеале низ асфалтот го преточиле низ текстови. Овие новиве фејкови, бљак...
Не постојат музички жанрови кои не ги слушам. Од турбофолк, до метал, рап, рок, панк, syntwave, blackwave, техно, транс (од електронска музика нели), па до поп, џез, блуз, класична музика, опера... Единствено од сите наведени може да кажам дека опера најмалку ми се допаѓа, ама повторно, не ја мразам и не е до степен да не може да ја слушам. Всушност, помина времето кога се идентификував со жанрови. Сега во стари години најмногу слушам метал, рок, рап и blackwave. Последново до душа највише, лол.
Кога бевме клинци важеше правилото дека метал слушаат ружни риби, а на турбо-фолк одеа само згодните девојки. Како е денес помеѓу клинците и тинејџерите?
Денес стилот на музика не те карактеризира дали си згодна или ружна. Ги има и такви со вакво мислење, ама за таквите важи дека имаат мизерен живот.