Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Музички инструменти

Дискусија во 'Музика' започната од Angelche, 15 јуни 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ме привлекува гитарата, знам да отсвирам нешто на гитара, ја сакам гитарата и сакам многу песни да ги отсвирам на гитара. И сакам да напишам песни за на гитара, ама ми фали знаење...
     
  2. K4813

    K4813 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    9
    Гитарата е мојот неостварен сон...
     
    На musicgirl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    За жал не знам да свирам на ниеден инструмент, но би сакала да знам на виолина и на пијано. Посебно ја сакам виолината, звуците од неа ми се многу пријатни и сентиментални, често можам и да заплачам кога слушам некој кој свири убаво на виолина.
     
  4. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Сега не свирам ни еден инструмент, порано да, во школо флејта, а едно лето почнав на гитара да вежбам ама ништо не испадна...Сепак омилени инструменти ми се гитарата, виолината и клавирот :)
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Имам гитара дома, но никогаш не ме фатило желба да научам да свирам.
    Од секогаш сум сакала да имам тапани дома, кога ќе бев нешто нервозна на нив ќе ја исфрлав. Но немам, за жал. Имам еден другар, кога бев помала одев кај него, си седнував на тапаните и... :lol: пуста желба.
    Па затоа, летово си добив на поклон конга :)
     
  6. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    свирам на виолина но многу би сакала да свирам на гитара :rock: за жал бев многу голема кога се запишав на музичко и само можев виолина да свирам :( но сепак и виолината е убав инструмент :D
     
  7. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Незнаев каде да го сместам прашањево па еве тука.
    Сакам да купам гитара и добив понуда од една девојка, има две гитари е сега не знам за која да се одлучам, ако има некој кој се разбира подобро ако може да ми помогне. Ви благодарам. :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • dve gitari.jpg
      dve gitari.jpg
      Големина на фајлот:
      188,8 KB
      Прегледи:
      177
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Почнав да учам нижо музичко кога бев прво одделение и практично прво научив да читам ноти, а потоа букви. Од „Илија Николовски Луј“ дојдоа кај нас во школо, направија аудиција и јас бев меѓу оние кои ги одбраа. Часови по солфеж ми држеше Ана Костова која не знам дали сеуште предава бидејќи почесто ја гледам како придружен вокал на настапи.

    Тогаш не знаев ни по кој повод е таа аудиција, не знаев ни што ме чека, но како и да е тоа беше една од поубавите работи кои ми се случиле во животот. Во второ одделение веќе требаше да избереме инструмент со кој ќе свириме и јас одбрав виолина. Бидејќи бев малечка, требаше да ја набавам најмалата величина на виолина која беше многу тешко да се најде, па моравме да ја купиме од странство. После неколку години од икс причини престанав да посетувам часови и се откажав од мојот тогашен детски сон.
    И еве ме денес после толку години како студент на правен. Веќе немам желба професионално да се занимавам со музика, иако некогаш можеби имав такви амбиции. Сега сум ориентирана кон нешто сосема друго, но како и да е музиката ќе ми остане хоби.
    Не знам дали сеуште ја чува, но мојата виолина би требало сега да се наоѓа кај Јана Бурческа, која после мене продолжи да свири на истата виолина и да посетува часови кај истата професорка :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала сврев на пијано и тогаш многу сакав да свирам . Ама сега таа желба повеќе ја немам .
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Сега не свирам ни еден инструмент, порано свирев на пиано.
     
  11. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    свирам гитара, виолина и клавир :)
     
  12. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Не свирам ништо, но би сакала некој ден барем малку да научам да свирам на тапани. :emo:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сите се убави на свој начин, но никогаш не ме привлекувал било кој инструмент, едноставно сум немала желба.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Свирам флејта, одев кратко на оркестар во основно, сеуште си ја чувам, и сеуште знам да свирам, обожаам кога сум нешто тажна или и нересположена да си одсвирам.
    Порано знаев да свирам повеќе, напамет без да читам ноти, до ден денес, знам да ја свирам Ода на радоста и Приспивна.
    Но лесно се враќам во колосек и не сум заборавила да читам ноти, сеуште супер се снаоѓам :)
    Друг инструмент кој го поседувам ама незнам баш да го свирам е усна хармоника. Некаде сум ја забутала, треба да ја побарам, ја добив на подарок и пресрекна бев, се надевам дека еден ден ќе научам виситински да свирам.
    Заеднична желба со мајка ми ни е гитара, и еден ќе научам да свирам.
    Клавир,харфа и виолина обожавам како звучат, и ми се едни од омилените инструменти но тешко дека некогаш ќе имам шанса да свирам.
    Тапаните се многу кул, сум удирала влегов во филм еднаш :D но не се за мене.
    Но најомилен инструмент и најпоскаувам дефинитивно ми е саксафон, вечен љубител на џезот и на саксот, за мене инструмент за душа. Но не верувам дека ќе имам шанса да свирам на сакс.
    П.с Имам дома и кастањети, ги земав кога бев во шпанија, интересни се и лесно се учи да се тропка со нив по ритам.
     
  15. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    Свирев.. на флејта. Прекрасно ми беше. Одев и во музичко, ама поради еден тон школски обврски морав да се отпишам. И баш ми е жал заради тоа... Инаку сакам да научам виолина или клавир!
     
  16. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Свирам виолина, обожавам коа свирам, освен виолината ме привлекува и чело или гитара, најчесто свирам класична музика и знам мн. композиции (заради татко ми и дедо ми свирам и народни песни некогаш) :) :)
     
  17. TeaRock

    TeaRock Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    gitara <3 :rofl: :rofl: :rofl: :emo: :emo: :emo: :emo:
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Самоуко дете на клавир сум. :)
    Би сакала можеби гитара.
     
  19. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Свирам гитара веке 4-5 години,сама си се учам и супер ми е ;)
     
  20. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    Свирам гитара, мандолина (мандола)
    Инаку многу сакам чело и синтисајзер
    На гитара свирам рок, а на мандолина (мандола) класика

    :rock: :rock: :rock: :geek: