па не свирам некој инструмент не ме привлекува некој нешто посебно премногу, но онака ја сакам гитарата иако не знам да свирам
Свирите ли на некој музички инструмент? па знам по малце на хармоника и синтисајзер,ама немам веќе синтисајзер братучед ми ми го скрши Имате ли желба да свирите на некој музички инструмент? да, на гитара,клавир,виолина.. Кој музички инструмент најмногу ве привлекува? виолината Класични инструменти или инструменти од видот гитара, тапани...? класични Кои музички композиции знаете да ги свирите, доколку свирите на некој инструмент? Билјана платно белеше
нааајголема желба ми е да научам да свирам на гитара(и акустична и електрична),клавир,виолина,виолончело.....ама нема кој да ме учи,ниту може овде да се најдат тие инструменти
Абе зошто да нема кој да те учи? оди на музичко ... или на приватни часови ....сепак скапо е но можеш да ги најдеш за поевтино .... барем гитарата ... и виолината можеби .. и можеш да ги најдеш .. а акордите се учат за 1 месец ... а гитара за околу 1 или 1ипол година зависи до цовекот .. тоа .. иначе јас на гитара свирам
Имам гитара веќе 5 години, и не се заинтересирав да научам. Е сега веќе сакам да научам, а и имам доволно слободно време, па ако сакате да ми препорачате некаде на приватни часови (во Скопје), каде да одам, и секако по пристапна цена.
Многу сакам да свирам виолина и почнав сама да учам на интернет. Но едно сабајле станав и што да видам, виолината скршена. Сега никаде неможам да најдам некој што поправа музички инструменти во Македонијава. Да не знае некој некоја продавница каде што може да ми ја поправат? Благодарам однапред
Јас планирам да почнам со учење на пијано, и најдов неколку приватни школи што го прават тоа ама добро ми дошло информација ако некој што веќе учел и има искуство да ме посочи каде може да се земат часови во Скопје. Затоа што се приватни часови и се учи еден на еден, важно ми е професорот да биде професионален и заангажиран бидејќи цените на кои наидов и не се баш мали за наши стандарди.
Свирев 11 години на клавир, сега завршив со изучувањето..3 семестри се учи на факултет. Свирев во нижо 6 години, во средно 4 и на факултет 1 и пол. Цело време свирев класика и да 1 песна незнам да отсвирам што не спаѓа у класика, тешко ми е да ги хармонизирам песните. Инаку почнав да свирам на кавал, веќе пола година и супер ми оди, напредувам. Имам желба и некако полесно ми е од клавир. Сега на кавалот по слух си учам песни, а најмногу си свирам народни некои побавнички за почеток. Кавалот е божји инструмент, многу го сакам, специјален е, има посебна боја <3 Планирам за понатаму повеќе да се посветам на кавал, но во слободно време ќе гледам и да просвирувам на синтисајзерот, ми е страв да не заборавам Секој инструмент е убав и никој нема загуба од тоа да знае да свири на било кој, баш напротив гордост е и богатство. Јас имам многу голема желба за виолина, но за жал доцна е, тоа се учи од мала. Сакам да научам на гитара барем акорди да си мавам онака, имам многу голема желба за пеење и затоа сакам да можам барем со гитарче да се придружувам и да си пејам. Би сакала да знам да свирам на сите инструменти. Намерно избрав кавал, затоа што го сакам, посебен ми е и ретки се женски што свират на кавал. Појава е кога ќе ме види некој како свирам. Ајде доста филозофирав... Ако имате желба не чекајте, а посебно тие што имаат инструменти дома, не губете си ја шансата што ја имате, некој го нема тоа задоволство да има дома инструмент и кога ќе посака да си вежба и да си свири. Јас кавал си купив, но за жал желбата за клавир не ми се исполни...
Не знаев каде да прашам, се надевам тука е во ред. Другар мој има електрична гитара. Ја има неколку години но многу малку е свирена, речиси воопшто. Сега сака да ја продаде. Дали знаете каде може да се обрати? Или некоја страна каде што ќе може да објави? Нешто каде што навистина ќе има заинтересирани за инструменти и сл.
Свирам хармоника, како мал научив, дома ми се моткаше хармоника од дедоми па нешто од него нешто од интернет научив. Би сакал да научам да свирам на виолина.
Свирам флејта, аматерски, ама за релаксација ми е супер. Многу сакам да научам клавир и гитара, пуста желба и уште попусто ова немање време. Барем уште 3 часа плус да имаше во денот..