Цервиксот или вратот на матката е долниот, тесен дел од матката, кој завршува во вагиналиот канал. Цервиксот има мал отвор, низ кој може да влезе спермата и да истече менструалната крв. Кога ќе дојде до бременост, отворот на цервиксот се затвора со секрети. Секретите формираат така наречен мукозен чеп. Затварањето на отворот на цервиксот се прави со цел бебето да се заштити од разни инфекции, кои би можеле да навлезат преку него во матката. Во текот на бременоста цервиксот треба да биде издолжен, тврд и затворен се до крајот на бременоста. Кон крајот на бременста цервиксот омекнува, се скратува и мукозниот чеп, кој дотогаш го затворал паѓа. Тоа е припрема за породувањето. Ова е накратко во врска со мукозниот чеп ...во првата бременост не го осетив,можеби дека ми пукна водењакот,со втората ми падна 4ри дена пред пораѓај а со третава денеска околу пладне,па сега со Господ напред,очекуваме болки и да си се гушнеме со бебушот Ме интересираат и другите искуства,ајде мамички ако сакате споделете со сите нас...дали го забележавте и ако да Колку време пред породување ви паднал мукозниот чеп од матката? п.с. ја свртев целата тема Бременост и не најдов ваква тема,исто и на брзо пребарување,а ако ја има јас се извинувам и ќе ве молам да ме упатите на правата тема и соодветно да ја префрлите оваа или избришете
А како изгледа тој Чеп, јас утрото пред да се породам на бришење имав како парталче бело прање и тоа со млечно бела боја и во него како конец крв, е сега тоа е тоа или е нешто друго?
Тоа е мукозен чеп. Тогаш си почнала да се отвораш. Дента пред да се породам и јас забележав таков исцедок. Кога отидов на ГАк, сестрата ме праша дали сум имала некаков исцедок. Јас и кажав дека имав лигава крв и таа ми рече дека тогаш сум почнала да се отворам.
Со паѓањето на мукозниот чеп почнува породувањето не отварањето. Јас бев отворена малку уште од крај на 8-ми месец, ама чепот ми падна некаде 24 часа пред да се породам, точно на терминот. Значи, не е баш како чеп , туку е како слуз со крв, не е голема количина и тој всушност е заштитата на матката за време на бременоста.
Јас пред да се породам не видов никаков чеп. Само водењакот ми пукна дома и знаев дека е дојден денот Д
На овие часовите за бремени жени во ГАК ни кажаа дека погоелмиот број од трудници не ни го гледаат мукозниот чеп кога ќе им падне. Кога се на бокс, за време на пораѓај, најчесто тогаш паѓал.
На мене мукозниот чеп ми падна во болница. Отидов до WC да мочам и откако се избришав, на хартијата видов лигава крв.
Мене докторит ми рече чепот е како лигава маса, а често може да има примеси на крв заради пукање на капилари.
Јас по два пати на ден сигурно приметувам жолт исцедок,мислам дека уште се топи чепот На неколку пати беа големи парчиња а рест по малку