Па почекај ако не додека не станат на ист интервал, после тоа не... Јас немам такво искуство, ама еве што читав има членки без мн јаки болки што биле веќе 7,8 прста отворени, нема правила, кај секого различно
Се спрема матката. Паѓањето на чепот не значи дека ќе се породиш одма. Јас се породив после 2 дена. Исто имав како тебе менструални болки и стврднувања. Почекај да ти се зачестат болките па тогаш оди. Секако вчера те прегледале
Тоа што ја прегледале вчера нека не и е репер, пишав јас, кај мене одеше брзо пораѓај от, сабајлето во 11 ме прегледаа ни рекоа абер немаш дојди за една недела, 38ма при крај бев, јас на пат накај дома добив болки, до вечерта син ми се роди
Јас без скоро никакви болки отидов и бев 4 прсти отворена.. и до 7 прсти немав некои посебно јаки болки. 7 часа откако ми падна чепот се породив, исто со прво бебе.
Секако, но тоа не е знак дека веднаш ке се породиш. Во 36 недела се влегува во деветтиот месец и од тогаш па натаму може да се очекува породување.
Denes bev na kontrola, 1 ipol prst otvorena, blagi menstrualni bolki imam. Mukozniot cep prodolzuva da pagja spored doktorkata denovive bi trebalo da se porodam.
Здраво Извинете за сликава бремена сум 31 недела и денеска неколку пати имам ваков исцедок за прв пат. Дали може да станува збор за чепот?
Здраво на сите. Вчера имав вагинален преглед со рака после кој имав мала сукрвица која престана попладнето и до пред 10 мин немав ништо. Сега при одење во вц ми падна големо лигаво парче кое беше темно кафеава боја како при последен ден од циклус. Дали може да е чепот бидејки сум читала дека е белузлава боја. И дали ако немам болки да се јавам на лекар? Инаку имам за утре цтг заказано а сум 37+5
Чепот е или барем дел од чепот, истото ми се случи. Болките ми почнаа после 3-4 саати ама не мора ништо да значи. Може да помине и една недела. Таман си утре на цтг, ќе им кажеш. А зошто те прегледале со рака во 38ма недела?
Фала за одговорот. Вчера бев на преглед и после ехото очекував цтг но докторот ми рече ке те прегледам вагинално. Не ми кажа ништо само рече се е во ред дојди задутре на цтг.
Добро, веројатно докторот си има причина, мене првпат со рака ме провери кога отидов со болки ден пред терминот. Сигурно ти паднал дел од чепот поради прегледот, ако има нешто ќе имаш болки. Ако не си мирна, имаш крварење и слично, оди на дежурен нека те видат.
И мене ме проверуваше со рака докторката кога почнав со цтг, околу 36та. Чепот ми падна во 40та и за неколку дена почнаа болките.