Девојки ми падна чепот, но требаше утре да купам вагиналети затоа што имав многу бел исцедок, докторката се сомневаше на инфекција. Дали може да ставаат откако е паднат чепот?
Дали може после рачен преглед да има мало крварење, или пак чепот почнувада паѓа? До пред прегледот немав ништо само бел исцедок... Прегледот ми беше доста болен а докторката рече дека сум 2 ипол прсти отворена... Болки немам никакви, но според незе сум имала но не сум ги чувствувала... Некој со слично искуство?
Мене после првиот рачен преглед почна да ми паѓа чепот. Бев 37 недела. Бев 3 прсти отворена и така останав10 дена но тие денови мирував ептен за да не се отворам повеке. По 10 дена кога отидов на преглед бев 5 прсти отворена и тогаш ме породија. Инаку крварењето е нормално при рачен преглед без разлика дали ке падне чепот
Девојки дали има правило чепот дека паѓа одеднаш или може во парчиња. Веќе 2 дена имам исцедок како жолт и двапати како смеѓи парчиња ми паднаа(лигави)
Правила нема. Кај некој паѓа наеднаш, кај некој по малку, некој воопшто не го ни приметуваат (паѓа заедно со пукање на водењакот). Мене ми паѓаше некое време така како што објаснуваш ама не мора ништо да значи ни тоа, уште не сум породена
Добро е да се знае да не паничам пред време.... мислев да одам на клиника сепак ми е малку рано и се плашам
Нема правило, и мене ми паѓаше на неколку пати, па дури после една недела од кога ми падна се породив.
Здраво, и мене ме фати паника во врска со мукозниот чеп. 35+1 сум, но пред една недела на прегледот ми кажаа дека сум отворена еден прст и дека цервиксот ми е скратен, ми ставија инекции за зреење на плодот, цтг бесе уредно, последниот преглед ми беше во четвртокот, докторката рече се е во ред, мирување и за 10 дена на преглед повторно. Цела бременост ми е зголемен исцедокот, но денеска на 2 3 пати ми беше како покафеав од порано, ме фати паника дали е мукозниот чеп, дали веднаш да се јавам на преглед или да продолжам со мирување?
Па последниот вагинален преглед ми беше во понеделникот, во четвртокот беше само на ехо, затоа денес испаничив, се мислам да почекам барем до утре па да се јавам на преглед
девојки се извинувам за сликава , но ме интересира дали ова е мозжно да биде мукозниот чеп ? инаку сум 36+6
инаку во понеделникот ми земаа брис , после тоа имав како сувокрвица , во вторник само еднаш на бришење и сега денес ова мислење
Мами после рачниот вагинален преглед крварев еден ден со темна крв, другиот ден многу малку и сабајлето кога станав пак имав темна крв со темна лигава слуз во поголема количина, дали може да е чепот пошо според описи сегде па и тука треба да е жолтеникав со конци, дали темно кафен може да биде и ради прегледот со прсти? 38+4 бев кога падна. После тоа се смири се, и сааамо малку кафенко има цел ден на улошка вчера и денес
Tоа е чепот и кај мене падна така после вагинслен преглед и беше крвав слузав. Јас другиот ден и болки добив и се породив но немора да значи можеш и со денови да седиш со паднат чеп
Луѓенца мислам дека ми падна чепот ама не сум баш сигирна бидејќи беше големко парче како мрсул отприлика 3 -4 цм ама немаше крв самоо како бели парченца низ него,после имав уште еднаш на бришење помало парче. Дали чепот секогаш е со крв тоа ме буни. Инаку болки немам никакви.
Здраво ❤️ изминативе 3 дена сум со постојани грчеви, денеска бебето посебно мирно. На бришење ми излезе како лигаво смеѓо како мрсул. Иначе сум 34+3, според ултразвук недела дена понапредно. Ве молам за совети, да не паѓа мукозниот чеп? Што е најпаметно да правам. Се плашам, рано е.