Може да е мало делче, но може да паѓа и со денови, па и да падне, а да не почне одма отварање. Имало низ темиве и такви случаеви да падне цел 36, а да истераат уште 2,3 недели. Тој е голем, пиши на нет mucus plug и ќе видиш како изгледа. Ако ти е во мисла, оди на една контрола...
Мене ми паѓаше со денови мукозниот, и скроз од ко падна пак не се породив одма истерав до 39+. Ама сепак би ти препорачала да го известиш гинекологот.
Мајки.. Лигаво, темно жолто накај кафеаво, на бришење ми излезе.. Дали би значело тоа дека чепот паѓа? 40 + сум инаку..
Денес на бришење 2пати ми искочи како лигавко како желе беше белко накај малце темно црвено не нешто мн црвено дали тоа е чепот и дали треба да паничам утре сум на контрола рано сабајле да си почекам? 39+4
Не треба да паничиш, зошто би? Паника нема да ти помогне за пораѓај. Чепот е сигурно но не значи дека одма ќе се породиш. Тоа може да биде и после неколку дена. Оди си утре на редовен преглед со лесно.
Zdravo devojki pred okolu edna nedela bev na pregled ii doktorot od sho me burickase vnatre prokrvarev svetlo crvenkasto potoa ojdov na pregled povtornoo bev 2va prsti otvorena si dojdov doma potoa mi tecese temno kafeavoo i denes gledam kako da mi teci kako mesano zolto so crveno belo so crvenkasto ama samo koga se brisam inace sum 38+5 sto znaci ova ve molam za odgovor
Колку време паѓа чепот? Почна од неделата вечерта 2пати(поголема количина) и понеделникот сабајлето(поголема количина) имаше денес пак има по малце.
Може и цела недела да паѓа. Кај мене еден ден пред терминот падна поголемо парче ама беше со крв, за еден саат почнаа болките. Во болница кога ме прегледаа со рака целосно ми падна. Која недела си? Осеќаш некои болки или стегања во кичма?
imam bolka vo kicmata dole i napred kako menstrualni mlaki ne jaki mnogu samo sto se na 6min razlika i se kratki od 30-50sek
Оди нека те проверат штом е со крв. Мене кога ми падна со крв, болките почнаа за брзо, тоа беше околу 20h, на полноќ веќе почнаа неиздржливи болки. Не чекај, оди нека те проверат за секој случај.
Имам една дилема, незнам дали се работи за мукозниот чеп. Вчера вечер двапати на бришање имав изцедок растеглив бледо жолтеникава боја, сега пак. Гледав на нет слики таква боја е ама кај мене се помали парчињата 2цм да речеме и тенки. Дали да одам да ме видат или да чекам до вторник тогаш сум на контрола. Вчера имав кратка болка во долниот дел на стомакот и толку. Ве молам искусните некој совет
Индивидуално е. Може да почнат болки за 2 саати, а може за две недели. Не би одела само заради паднат чеп.