Да се стрпам до вторник дека немам болки сега за сега, 34+5 (близначка бременост) се молам до 36 да издржиме.
Сам по себе чепот не е причина за одење во болница. Мене ми падна па за неколку дена почна пораѓајот. Ама со надминат термин бев. Ако немаш болки можеш слободно да си седиш дома. Големи се шансите да не е ни целосно паднат.
Фала ти мила, не немам болки сега за сега. А и нема да чекаме термин ние, секако царски ќе сум. Па незнам колкаво количество треба да е за цел да падне. Но како и да е да си бидам мирна сега дома, да не се паничам и нервирам.
Тоа вие со докторот си знаете. Јас кога раѓав докторката кажа ке ме чека една недела после термин максимум 10 дена зависи од плодова вода и постелка. Ти мислам дека ми кажа со ин витро си плус близнаци значи не е исто. И да падне цел без болки ке те вратат, само ке тепаш пат до болница. Јас не отидов кога падна. Плус и болки имав нередови и за нив не бев. Отидов кога протњче водењакот, тогаш мора да одиш. Или кога ке имаш редовни болки.
А дали мукозниот чеп е секогаш со сукрвица низ него? Имам веќе недела дена, од време на време густ, жолтеникав исцедок, ама нема крв воопшто. Дали е можно да е тоа?
Не се гледа баш убаво, ама како на тоа ми изгледа. Лично мене ми паѓаше 1 недела. Се породив 36+3. Со лесно
Не. Болки почнаа 4 дена пред пораѓај. Ама не редовни и не чести, издржливи. Веќе бев отворена 4 прста.
Od koja nedela pocna da ci paga? Jas sum 17 nedela ni padna takvo nesto mnogu malku.posle stavanjeto na vaginalnite i dali toj se nadopolniva celo vreme?