Имав околу 22:30 благи болки, пред 10Ина мин. мислам дека ми ,,падна,, чепот... Ќе видиме под0цна како ќе се одвива ситуацијата, прва бременост.
Пред сат време мислам дека ми падна чепот, а ме разбуди некоја тапа болка во грбот. Гаќите ми беа мокри со малку крв како црвени конци. Изгледа контракциите почнаа, како при менструација се од прилика ама баш зачестени станаа. Чудно ми е толку брзо да е, 38+5 сум. Бев вчера на цтг и ехо немавме никакви назнаки. Кога треба да се тргне во болница, кога болките ќе станат неподносливи ли?
Да, малку по малку може да паѓа. Може да трае неколку дена, а може и ден или побрзо. Се спрема телото.
Сабајлево бев на преглед. Терминпт ми е веќе поминат, ме прегледа докторката и вагинално, и еве сега само на хартија имам како розево/кафеаво. Дали може да е од прегледот бидејќи одеше малку подлабоко, да го забрзаме процесот рече... Кажа дека не сум отворена воопшто.
Најверојатно од самиот преглед ти е кафено розево. Мукозниот чеп е лигаво густо жолто и може малку крв да има. Може да паѓа постепено а може да падне наеднаш и да не го приметиш.
Ти благодарам, на секое бришење имам по некоја трага, дури и жолто, светло кафеаво, розево не сум приметила неколку бришења веќе...