Ти благодарам. Велат дека ако е исцедок би бил ко нормално не би бил ко желе а ова баш беше ко желе и лигаво не се одвојува ..
Може да биде ваков и исцедокот, јас цела бременост имам ваков густ исцедок од време на време посебно сега на крај. Значи можело да биде чеп ама ете може и да е само исцедок, зашто природно вагината се припрема за пораѓајот и лачи поинтензивно. @Lejlaah уживај, па што сака нека е Ти гледај болки кога ќе почнат или ако прокрвариш поинтензивно. Ова нека не те загрижува. Со лесно.
Сосема различно изгледаше од исцедокот кој го имав во бременоста и со сигурност знаев дека е чепот, башка почна да паѓа по вагинален преглед 7-5 дена пред да родам...
Па добро, ова за тебе важи. Доктори не сме, така што да потврдуваме во проценти не можеме, можеме само да кажеме искуство И јас знаев дека ми е чепот, ама ете очигледно кај секого е различен.
Чим се чуди и гледа нешто поразлично од што видела и го постира тука значи дека прв пат го гледа, а мене искрено ми личи на чеп.. а денови пред раѓање е и затоа викам дека е многу веројатно да е чепот.. Да не ја вадиме од памет и да е чеп не е големо чудо тој и месец пред раѓање кај некои паѓа...
Ова ми е по втор пат да го гледам вака,така и да е и да не е нема везе само ми беше дали изгледа вака и дали е случајно баш тоа што мислев. Сепак сакав да знам и други мислења не викам дека сме доктори. Секое мислење беше добро дојдено. Ви благодарам!
Девојки вчера бев на цтг после тоа вагинален преглед со рака во кој проверуваше дали сум отворена . Вечерта на туширање приметив кафеав вагинален секрет(неколку парталчиња) и сабајлево кафеав исцедок.Што мислите дали е последица од прегледот и дали е тоа мукозниот чеп?
Да можно е да е и чепот тоа, тој може да падне одеднаш, но и полека да паѓа по парченца Во текот на деновите до пораѓај можно е да имаш сеуште таков исцедок.
Темава ептен добредојдена. Во минатите 3 дена од сабајле кога ќе станам при прво уринирање забележав мали исцедоци млечно бели. Меѓутоа многу се мали. На Чичко Гугл кога проверив, тоа е тоа. Но други симптоми немам никакви. 36+2 сум. Нели е рано за мукозен чип да паѓа?
Еве и сабајле приметив на тоалетот, и сега кога бев пак. Многу малку има, но сепак има. Чудно ми падна бидејќи до пред 4 дена немав вакво нешто, чисти ми се брисевите, па мора да е чипот
Eve me I mene, dosta retko pisuvam no ve citam, vcera bev na pregled 40 ned posle ctg I gin pregled od vcera nekeko kako sekret sukrvav a sega poobilno, znam deka e cepot, ova mi e vtoro, za prvoto cepot mi ispadna vo 18 h bez bolki do pukanje vodenjak(spontano vo spienje) vo 02h I potoa se rodi princezata vo 06h. Sse nadevam ova ke izdrzi do utre sabajle.
Пред пола саат ми истече секрет како желатин и многу лигав, но без примеси на крв, возможно ли е да е мукозниот чеп?
Јас прва бременост после 4 дена од чепот, втора бременост после 5,6 дена... не ми паѓаше одеднаш, на парчиња и со крв кај мене..