Погнасно нешто амин добро колку време му треба да се изфрли тој чеп самата помисла на него ми се лоши
Жени дали вие го приметивте чепот и колку време пред да почне процесот за пораѓај ви падна? Со втората бременост не приметив апсолутно ништо,а еве и сега немам ништо
Со првата бременост ми падна на 20ти, на 21ви се породив. Сега сум 39+3 и уште нема ништо, го исчекувам на секое одење во ВЦ.
После првиот вагинален преглед почна да паѓа и тоа неколку дена по малку и престана веројатно е исфрлен цел а сеуште не сум породена
евојки дали ова е чепот? Вчера бев на преглед, ме провери докторката дали сум отворена и од тогаш ми тече цело време нешто кафено, а денеска ми тече ваков исцедок. Спојлер
Девојки, од вчера 36 недела. Утринава накај 9 часот на хартијата после мала нужда, секрет густ, не се двои туку ми испадна како големо парче. Исцедок последниов месец немав нешто многу, брисевите уредно чисти, па затоа ми стана чудно. Жолтеникав, кремаст така нешто.. до сега нешто друго невообичаено немам, болки немам. Бев по нужда после тоа пак неколку пати, ништо. Нова ситуација деновиве ми е и камче стомак.. тврд! Ме фаќа паника, чепот е?
Не мора да значи. Цел 9ти месец имав таков исцедок. А лажните контракции се скроз нормални, опушти се.
Апсолутно немаш потреба да одиш во болница за ова. Само ако:пукне водењак, прокрвариш, или те фатат болки на ист интервал (на 10мин да речеме).
Мајки, оние што родиле, ајде совет. Ми падна чепот вчера преку ден поголемиот дел, и вечерта уште малку. Немам никави болки, ниту контракции, нити водењак пукнат. Во неизвесност сум, не знам како да се однесувам. Дали смеам да си бидам активна, да прошетам малце, да си работам по дома најнормално, да пробаме со мм секс со свршување пак? Сакам да се породам, 39+2 сум, време е
Јас по неколку дена се породив не знам точно, ама не беше одма.Секс имај си ако можеш зш да не Јас имав цела бременост и релативно лесно се породив. 39+2 не се брзај, кога сака тоа тогаш . Уживајте во последните денови со меше, после е се поинаку. Јас се породив 40+5.
Мајки денес бев на ЦТГ и докторката ме праша дали осеќам болки некакви, наводно сум имала контракции, ама пошто ми е прва бременост не сум баш сигурна дали е тоа. А и да е, некако се слаби. Ме прегледа и ми рече отворена сум 2 прста и дека деновиве ќе се породам. Веднаш после прегледот почнав да гледам некои црвенкасти конци на бришење, тоа претпоставувам е мукозен чип? Можат да поминат повеќе денови до пораѓај или ништо не се знае?
Можат, ама чим си веќе отворена може и наскоро да биде. Мене ми падна чепот вторник 23:00. Средата вечерта ме примија во болница кај 21:00 со 2 прста отворена и се породив во 04:40