Zdravo vcera koga bev na vaginalen pregled doktorot me "razbrka" malku dole i mi kaza da ocekuvam vecer ili utre da se pojavi kako sluz nesto mi se pojavi sabajlevo gusto temno zoltenikavo nakaj kafeno kako so zasirena krv da bese malku dali toa znaci deka mi padnal cepot i sto da pravam koj e sledniot cekor dali treba da cekam bolki da me fatat ili da odam vo bolnica?
Ако немаш болки седи дома, иначе чепот е да. Нема правило кога ќе почнат болките. Јас се породив после 30 часа отприлика откако ми падна, болки тек после 24 часа, ама има и повеќе што седеле така
Женски вчера при бришење 2 пати имав како лигав исцедок ама по малку, еве денес имам повеќе ама не е помешано со крв, можно ли е да е мукозниот чеп? Инаку сум 36+4
Јас синоќа така помислив дека е чепот ама сабајлево нема утка, излезе тегаво, поголемо, баш како мрсул кога гледав на гугл исто е само без крв. Така да и твоето чим е лигаво можно е да е чепот.
Најверојатно не, секој ден по малку ми истекува такво ама како што видов на нет не е тоа, треба да е големо и со крв или нешто жолто. Освен ако не ми паѓа постепено
Јас денеска имав, некаков исцедок ... Жолтозеленкаст, погуст да кажам... Да си паничам или како ? Да се спремам или рано ми е уште? Не знам што да правам, си паничам
Не дека има правило за чепот, ама после 18 часа болки, ме прегледаа вагинално, ми викаат 2 прста отворена, стани да те носиме во сала, станувам од кревет, паѓа чепот со крв и вода, легнувам пак, пак ме прегледуваат и викаат 8 прста отворена. Во рок од неколку минути се отворив кога падна. Следен пат ќе барам да ме расчепкаат да падне побрзо
Мукозниот чеп е белузав со крвави конци низ него. И да падне, додека не добиеш сериозни болки ништо нема да се случи. Торбата нека ти биде спремна, ама рано е за одење во болница.
Здраво женички вака бремена сум 34 недела отворена сум 1 прст пред неколку дена почна нешто лигаво густо бледо жолто по малку на бришење и на улошкатс вчеера беше поголемо со првото кога ми падна чепот у исто време ми пукна водењак и беше со крвави конци одма познав дека е тоа. А сега ова не сум сигурна дали е тоа
Мислам дека не е чепот исцедок е го имав и јас две,три недели пред да се породам а чепот кај мене падна наеднаш и изгледаше како мрсул густ и со црвени конци низ него..(извинете на описов)
Па и мене со првата бременост ми беше така ама сега што читам и на google слики што гледав ми изгледа како тоа да е зашо едни викаат дека на неколку пати имале едни викаат наеднаш незнам што да мислам иначе претходно немав никаков исцедок
Кај мене па чепот беше вака како што опишуваш... окер некоја боја и на бришење исто имав траги. Секако се породов 10тина дена после тоа