Од каде да земам уште еден внатрешен сад? Јас мислев до гумата е, земав ја пикнав у машина ама пак ми мириса.
Вчера го испратив мојот Тефал мултикукер во вечните ловишта. Не прашувајте што се деси, моја грешка беше.. Нарачан е новиот, ме мрзеше да идам до Сити да го купам зашто знам дека ако влезам внатре нема само на тоа останам. Е сега ги продавам за 1500 денари. Предност Скопје. За Тефал 25 во 1.
Арен си е мултикукерот јас го заебав. Го имав ставено на плотна, не сакајки уклучив рингла кај што беше и го стопив Инаку не го давав за ништо живо. Сега пак Тефал си нарачав ама друг модел, и не одговара садот.
Конечно дома е. Сега може раат да се готви. Толку бев навикната да не можев да готвам без него. Утре ќе се проба
Мене ме интересира дали може да се стави се во него и да се подеси тајмер кога да се уклучи? На пр ставам се сабајле, одам на работа и тој се уклучува и готви. На фб група гледам запржуваат на пр кромид па после додаваат друго. За така не ми врши работа, ќе пржам и ќе бркам како и до сега. Како што се сеќавам така го рекламираа одамна, ставаш се и се готви храната.
Јас почнав да користам пред некое време, мене ми се допаѓа делот што не мора да бидам над тенџерето додека се прави, затвораш и се готви само. Е сега навистина приметив дека за некои работи времето е скоро исто -треба време да створи притисок па тоа е некако побавно, а за некои е неспоредливо побрзо. Мириса на манџа единствено кога ќе го отвориш капакот додека се готви миризбата е минимална. Некаде прочитав дека ако ставиш топла вода побрзо ствара притисок ама немам пробано. И предност ми е што на пример ставам тоа што ќе правам местам тајмер кога да почне со работа, излегувам да ја прошетам ќерка ми и кога се враќам или е готово или при крај, реално тоа не можеш на шпорет. За мене е олеснување во кујната.
И јас го имам од неодамна и почнав да готвам. Гледав на едно you tube видео и ставам топла вода кога варам нешто, за манџа за супа и е доста побрзо.