1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Муслиманска женска традиционална облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од l..o..v..e, 15 јуни 2012.

  1. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Здраво фминки :) :hai:
    Знаете ли каде има албанска облека во Скопје за женски?
    Ама таа облека (нз како се вика) што е цела да бидеш покриена,не само марама (цело лице да биде покриено).За цело тело :lol: .И колку пари е??
    Треба за ниска девојка некаде околу 155 цм е висока и 65 кг.

    Ја отворив темава,ама ако сакате преместете ми го мислењево,ама итно и брзо ми треба одговор,ке ви бидам благодарна :)
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    јас прв пат слушам за албанска облека :^) :^)
    како и да е побарај во стара чаршија таму има бутици со специфична облека па ваљда ке најдеш таму "албанска облека"
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Албанска облека

    Имаш на Бит Пазар такви продавници и на Јаја Паша колку сакаш и за што сакаш, дури има една голема отворија сега Ислам Фешн :^) беше или нешто така.

    [​IMG]
     
  4. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    за таму знам,ама на некое др место,бидејки таму ме знаат и ако влезам да купам погрешно ке сватат и така нема јас да ја носам
    инаку фала :)
    а ако некој знае на др место нека каже
     
  5. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    Леле девојки дај научете се да се изразувате како што треба,
    не те разбирам што сакаш ка кажеш и што бараш под албанска облека,

    имаш традиционална албанска носија како што има и македонска носија,
    а ако сакаш да кажеш за никаб како во сликата, тоа нема врска со „албанска облека„, тоа ти е едноставно никаб, и ако сакаш баш да ја именуваш ке кажеш исламска облека иако и хицабот ти е исламска облека.

    Ако во некој бутик во Скопје бараш албанска облека верувај никој нема да те разбере. Едноставно барај никаб. Бурки кај нас нема и не се носат, бурките се традиционална облека на Афганистан и некои други земји.
    Освен тие бутици што ги спомнале девојките погоре кај што ти не смееш да влезеш, други не знам во Скопје, може во Тетово негде да има ма да не верувам, а инаку знам дека девојките што носат никаб, ако не го набават во Скопје или некој не им го носи од Арабија, знам дека го шијат, купуваат материјал и има шнајдерки што шијат никаби и хичаби.
    А не верувам дека погрешно ке те сватат, едноставно кажи им дека го купуваш за некоја другарка која е од друг град па нема можност да дојде. И јас влегувам у тие места, не верувам дека е проблем да купуваш никаб без разлика што не си муслиманка.
     
  6. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    Никаб е тоа што се носи преку ден?? :?:
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Албанска облека

    Тоа е второто на сликата што ја имам постирано...
     
  8. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    Ок фала мн,мн :)
    а каде има такви бутици????? :?: :?: :?:
     
  9. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Албанска облека


    Во старата турска чаршија види,сигурна сум дека има,а и ке ти дадат да купиш,а колку пари незнам. :)
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    Јас мислам со бурка највеќе "ќе ја изненади".

    Оф што се нема да прочита човек.
    Кога исламската жена се бори за своите права, за полова и општествена рамноправност, кога земјите почнаа да казнуваат за носење бурка, вие се враќате децении наназад и самите се понижувате.
    Купи и панталончиња, сукња, блузичка, да се облече како женско а не на 40 степени целзиусови да се вари и пржи под бурка!
    Се надевам дека тоа со "албанската облека" ти беше шала.
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.696
    Албанска облека

    ^ Мислев истото да го пишам, ама викам можеби таа женa си бара, не за поклон. ;)
     
  12. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    Не ми е важно што мислите за мене,бидејки да немав потреба немше да прашувам.Не се навредив што викате дека се шалам,не ни размислувам за тоа,размислувам дали ке најдам...сепак утре ке одам во чаршија и ке разгледам. :)

    Можеби е смешно,ама јас да немав ваков проблем,немаше со вакви глупости да се замарам
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    Не велам дека ти си крива за тоа, јас повеќе те жалам ако си од такво радикално исламистичко семејство, бидејќи и муслиманите веќе прават чекор напред во тој поглед.
    Која е причината што мора да носите таква одвратна облека што ве покрива од глава до пети. Од кого се криете и ЗОШТО? Зошто ве понижуваат како жени? Како не им е срам на вашите мажи, татковци, браќа што нивните ќерки, мајки на нивни деца, нивни сестри, внуки, ги малтретираат како да се предмет без свое - јас.
    Знаев дека прашуваш за себе, тоа беше очигледно. Слично кога прашуваат во бременост за "другарките" нивни.
    Ти не верувам дека можеш да кажеш нешто околу твојот проблем, но ќе ти дадам совет да се образуваш и осамостоиш и да не им го наметнеш ова на твоите деца, многу е погрешно. Ова не е традиција, ова е понижување. И во нашата традиција имаме женски носии-но тие не ја покриваат жената од глава до пети а и никој не ни наредува да ги носиме тие во денешно време.
     
    На Saki15, Monna.Monna, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    Добро да за мене е,ама мн ми треба бидејки имам мн голем проблем.Не сум од такво семејство.Мислиш дека сакам да се покривам од глава до пети??? НЕ,ама морам.Не затоа што други ми кажуваат туку за себе да ми биде подобро...
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    Ок ти си знаеш. И не-не мораш да се покриваш од глава до пети. И самата си свесна за тоа, само не сакаш да си признаеш, или не смееш од некого.
    Нема ништо подобро да ти биде ако цело лето парадираш како нинџа и не те фати сонце. Извини на израз, ама така е. Значи ако никој не ти го наметнува тоа од твоето семејство, ти си самата крива за својата состојба, освен ако не те бараат од интерпол па се криеш на тој начин :wasntme:
    Од една страна велиш дека тоа ти е голем проблем , а после пишуваш дека така ќе ти биде подобро. Епа реши се за едното. Или ти е проблем или ќе ти биде подобро така.
    Не мораш да објаснуваш, претпоставувам дека ти е тешко да бидеш искрена па дури и на форум. Ти посакувам само среќа и да го пронајдеш патот до себеси, до твоето-јас .
     
  16. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Албанска облека

    Така збориш бидејки незнаеш,но сепак фала ти што ми посакуваш срека..
     
  17. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    Сакаш целосно да се покриеш за да ти биде подпбро, и тоа под хитно, веднаш, и то а го правиш во името на исламот,
    девојко јас немам ништо против тебе,
    и јас сум муслиманка и немам абсолутни ништо против исламот дури и го сакам и го практикувам колку можам, ја разбирам и традицијата и све,
    само јас би ти рекла да не брзаш,
    ако веќе си одлучила да живееш по исламски принципи и правила, твоја прва должност е да научиш кои си тие правила и принципи,
    дали знаеш дека во исламот облеката е важна но не најважна работа, има многу други важни нешта.
    Ти кажувам да не брзаш зашто ова не е игра,
    да се покриеш со никаб значи да се изолираш од општеството по што тука не сме во Арабија кај што жените се традиционално покриени и имаат услови да живеат со никаб.
    И не знам дали воопшто знаеш дека никабот не е фарз, или не е обавеза, лицето и рацете треба да се гледаат.
    Ти си знаеш но не си играј со животот,
    Знам дека мислиш оти не те разбираме, но верувај дека имам другарки под никаб, многу добро сум запознаена со се, и јас го сакам исламот.
    кој проблем и да го имаш, не се решава со додавање на уште еден поголем проблем.
     
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Албанска облека

    Добро, ај прекинете со дискусијава за тоа дали треба или нетреба да се покрие цела. Девојчето праша кај има таков тип на облека и ако знаете кажете. Убаво си напиша дека и треба, дали заради некои размислувања, дали заради здравствен или психички проблем, нејзино си е.....со осудувања, предрасуди, убедувања и слично неможете да помогнете, само ќе ја влошите ситуацијата и проблемот што си го има. Ако каже кој е проблемот ќе и се каже размислување и совет, вака со нагаѓање и развивање теории само комплицирате. Побара помош за продавница за облека, не мислење за тоа дали треба да ја носи.

    А вие се разбира можете да си кажете ваши размислувања околу овој вид на облека, но не и забелешки упатени кон неа. ;)
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Албанска облека

    ^^ Па баш и тоа си правиме, си кажуваме наши размислувања за таа облека но и за неа, како иницијатор на темата, и не гледам причина да се прекине дискусијата, бидејќи самата по себе си наметнува различни мислења.
    И не ти е основано тоа-"ај прекинете", мислам, самата си земаш за право да кажуваш кој што треба а што не треба да пишува. Тоа си е личен избор, ако сака да пишува-ќе пишува, и обратно.
    А ако личноста која ја започнала темата сака да и се одговори само со да или не и има таму и таму, можела да праша и на друго место, во друга тема, а веќе кога отворила тема, а истата не е тргната од страна на модератор, излишно е некој да дојде и да соли памет, бидејќи секоја тема која функционира на форумов е започната со некоја цел.
    Кога може да се коментира на милион теми за хороскоп, нема причина зошто да не се коментира на ваква тема.
    Ако на тебе не ти се коментира овде, воздржи се, без пропратни коментари кој што треба а што не треба да прави. Сите сме тука за да пишуваме, во тоа нема привилегии.
    Баш поради вакви испади и препирања, половина од темите непотребно се заклучуваат.
     
    На Saki15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Албанска облека

    Во мешано општество, каде пола одат по прслук и миничи до газ, а ти да си до толку прекриен што само очите ти се гледаат...не е прифатливо и не е возможно да имаш нормален живот. Во источните земји тоа функционира, затоа што таму сите жени така носат и ги имаат условите за таков живот. Овде насекаде ќе наидеш на сопки. Можеби во тебе има некоја вистинска и реална причина за да се затвориш на овој начин, јас можам да најдам делумно објаснување за жените што носат шамии и мантили, ама за овој вид на покривање...ми нема никаква логика.
    И да, темата не треба да биде албанска облека.
    Ама кога е отворена, да продискутираме. Од блиски извори :D (имаме пријатели албанци) имам разбрано дека жената е таа во семејството што одлучува како ќе се облекуваат останатите женски членови од семејството. Пред да се омажи девојката (ако од дома не е забулена) свекрвата е таа која и кажува дека кога ќе се омажи ќе треба да се покрие. На девојката е дали ќе прифати или не. Некои девојки, макар и образовани, ја ставаат религијата на прво место и сосема им е прифатливо да го направат тоа. Едноставно, гледаат на покривањето од поинаков аспект од нашиот. Но, доколку тоа го направи, таа девојка треба да сфати дека автоматски станува домаќинка и нема да биде никаде работно ангажирана (освен како физички работник во фабрика полна со жени), ниту ќе наиде на некакво прифаќање од општеството.
    Имам читано и една статија од пред некое време, за жените во Пакистан ми се чини беше (не ме фаќајте за збор). Група активисти се борат за правата на жените, а од друга страна одговорот на обичната жена е дека таа сака нејзиниот старател да се грижи за неа. Не им е прифатливо, па дури и тешко им е, да одат да пазарат, да купуваат облека, да возат кола...значи тие едноставно не сакаат да прават избор. И изјави од типот на -гледам на тв жените во Америка како возат кола и одат во шопинг, јас тоа не сакам да го правам, мојот старател знае најдобро што ми треба и тој тоа го прави за мене.
    Значи има и препрека во размислувањата. Не е више како да се макс. угнетувани, тие и кога им се дава можност за избор, за право, го одбиваат. Веќе тоа е вкоренето, во глава, во се. Едноставно веќе не е прашање на неможам, туку на несакам (што е и малце разбирливо зашто во тие услови таму, претерано тешко би било да се прилагодат на некаква слобода, па можда едноставно не сакаат ни да се потрудат)
    Не е се така црно-бело, како што нам ни изгледа. Ние мислиме дека мажите се тие што вршат притисок врз жените. Ама најчесто е жената таа што одлучува за покривањето, значи самите си сакаат и бараат. Но...друг аспект е кога невестата е тазе покриена, а нејзината млада сестра оди по тесни фармерки, па младоженецот додека си ја чува својата од очите на другите, тој буља кој манијак по сестра и. |(
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.