Па гледај тебе да ти одговара, да е модерно како што сакаш ти и лесно да се изговара ,, име е сепак не е нешто кој знае што ,, еве јас две родив и не им стадов име само гледав да е интересно и да не е старинско ... едно мора да биде
Јас малце поинаку гледам на тоа. Сепак тоа ќе му биде идентитет цел живот, не сакам да му дадам некое име само колку да завршам работа. Затоа и сеа имам проблем
Мене ниедно машко име од нашите не ми се свиѓа. Сите се досадни и сите исто се викаат. За женски има повеќе.
Има убави арапски имиња...кои не се по дифолт муслимански може и христијани да ги имаат. Kолку што знам има арапи кои што се христијани.
За кого како. Некои од нас се растени со Турци и Босанци околу, па чуле имиња и пред сериите. Од нивните, Арас, Демир, Емир, Енес/Енис, Јамач и Саваш ми се убави.
Јас таму кај шо сум растена, многу малку се муслиманите и скоро секој има име шо и нашиве го користат. Универзално. Ете од таму, познавам двајца Дениз и двајца Енис . После кога се преселив во западна Мк, неможев да им запомнам имињата на тие оти никогаш не бев слушнала такви имиња.