1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Муслимански празник „Бајрам“

Дискусија во 'Религија' започната од amra123, 5 декември 2013.

  1. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Гледам дека нема ваква тема.
    Овој муслимански празник барем кај нас дома, доведува до хармонија во семејството,
    Што мислите вие ? :hai:
     
    На RHS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Дефинитвно преубав празник, се среќаваш со најбилиските да си честитате бајрам, децата се даруваат со слатки или пари и се помага на сиромашните. Знам како мала од радост не можев да спијам цела ноќ зашто утре е бајрам :D Како традиција е за бајрам да се купува нова облека посебно за децата и откога ќе ми купеа моите, ја цела радосна едвај чекав да се облечам со нова облека :D
     
    На mssuniquee, BestFriends.99 и awl им се допаѓа ова.
  3. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8


    И кај нас е исто, се сеќавам како дете ќе ми купеа нова облека и никако сон да ме фати до утредента,
    ќе се собереш со фалимијата да си честитате бајрам,и едвај чекав мајками да послужи баклава :D :D :D
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Празник како празник, сите се во некое еуфорично расположение, вие за Бајрам, ние за Божик и Велигден. :)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.277
    Пол:
    Женски
    Нека ме поправи некој ако грешам ама нели зборот Бајрам е всушност на турски Празник. Има Курбан Бајрам, Рамазан Бајрам.. Кога одам во Турција често слушам, ех ако ова ми се оствари ќе биде Бајрам. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Да има. рамазан бајрам и курбан бајрам а празникот го слават сите припадници на муслиманска вероисповед.а затоа дали е турски збор , најверојатно да но тоа што си слушала на турски овој збор може да има и друго значење
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    ^^
    nena2010 И јас мислев на тоа.
    А темава како ја почнавте како играчка да ви купиле.
    Леле ние за Бајрам се собираме, се частиме, си помагаме и заедничко ви е дека како деца ви купувале нова облека и не сте можеле да спиете од мерак дека утре ќе се облечете во нова гардероба |( . Тоа ли е бајрам? Можевте многу посоодветно да ја почнете темата, да објасните што како каде од кога потекнува, да цитирате куран и сл.. а не вака баш ни е убаво за бајрам ни купуваат нови блузички и тоа... не знам што друго да кажам ама многу ни е убаво...немате баш многу информации за празнициве. 8)

    Википедиа кога ќе отворам добивам повеќе информации за празников отколку од напишаното во воведот на темава.Tемата е муслимански празник Бајрам и ако веќе сакаш да доловиш некоја атмосфера, нели треба и да кажеш што претставува тоа што го пишуваш. Вака напишано изгледа како тоа да е празник за честитање и купување нова гардероба. Па имаме и ние теми за празници христијански ама за празниците пишуваме и што означуваат, кого претставуваат, од кога потекнуваат итн...
    Секогаш е убаво да се научи нешто ново.
    Кој не знаел што претставуваат Рамазан и Курбан Бајрам, прочитајте:

    http://mk.wikipedia.org/wiki/Бајрам
     
    На daylight, tessie и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.277
    Пол:
    Женски
    На Турски Бајрам зборот значи празник, славје знам зашто го зборувам јазикот. Е сега кај Албанскиот јазик не знам како е. Имам пријатели Албанци им одам редовно на честитање Рамазан и Курбан бајрам. Штета што живееме во малограѓанска држава и наместо различните култури и религии да не сплотат, да научиме нешто ново од оние кои не се од наша религија, ние одма критикуваме. Штета.
     
    На piksooki и tessie им се допаѓа ова.
  9. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Точно е дека зборот Бајрам потекнува од турски што значи празник, иначе на арапски се вика Еид ел Фитр (Рамазан Бајрам) или празник на Фитр затоа што при крајот на месецот Рамазан се дава фитр поточно одредена сума на пари за секој член во семејството се дава на сиромашни и исто така од твоето богатство или финансиската состојба се дава 2% на сиромашните, ова е така затоа што според Исламот на некого Господ му дал богатство но тој има должност да ги помага другите што немаат.

    А пак Курбан Бајрам, или празникот на Курбан (не знам како се вика на арапски) датира уште од времето на Ибрахим а.с. (Абрахам во Библијата) кога на него му доага вест од Господ дека треба да го заколи неговиот син Исмаил. Но тој кога ќе сака да го заколи син му, ножот нема да може да го убоди и тогаш му доаѓа глас од Господ дека наместо син му да заколи јагне. Исто така и за овој празник муслиманите одат на аџилак.
     
    На girl-miri, Abeja, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.277
    Пол:
    Женски
    Бидејки често одам Турција (порано почесто од сега) се затекнав еднаш баш кога се славеше Рамазан Бајрам. Поубави слатки и пити и чуда во живот немам јадено. Уште можам да го осетам вкусот на баклавата со фстаци, на јагнешкото месо , на бурекот, на долмата. Ми беше интересно бидејки јас бев таму кај домаќините на поседок од едно 2 недели, па помагав и тогаш научив да правам вистински турски чај. Атмосферата кога се спремаат сармичките од лозов лист, сите помагаат. Има некоја посебна атмосфера во домот за тие празници. Бев пријатно изненадена што иако сите знаеа дека јас не сум муслиманка и мене ми честитаа призник, не ме гледаа попреку, не правеа разлика. Потоа во соседството имаше неколку куќи сиромашни, и бевме да им однесеме храна, и не се сеќавам уште што. Истанбул беше посебен тие денови..
     
    На Limpan, BestFriends.99 и tessie им се допаѓа ова.
  11. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8

    па тоа е тоа бе нена ,,, тоа е целта на темава ,,, тоа сакам да го кажам сваќам дека имааа и некои неубави работи работии но во целост е прекрасно што ќе се собереш фамилијарно да си поминеш најубаво,, јас сум цел живот израснета со христијанки и не ги делам нив никогаш секој празник тие кај мене се јас кај нив.
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Нена и амра ме разнежнивте со вашите искуства кои и се правилни. На една маса млади луѓе ќе се веселат и ќе воспеваат нешто убаво, но не мора да го прават тоа на ист начин за да бидат заедно. Некој со кафе, некој со ракиичка, некој со мевце, некој па вегетаријанец е и сл. Така и ние, се молиме различно, празнуваме различно, но празнуваме и сакаме. Тоа треба да не` крепи.

    RHS, ти благодарам на исцрпните информации. :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ви е само за тортите, знаев, ама и за руската салата ви е и за кифличките :rofl: признај :rofl:

    А кога веќе зборуваме за атмосфера можете да постирате и слики од вашите трпези за овие празници и да ставите по некој рецепт за некое традиционално јадење. Иако е за храна, најдобро е да се напише тука, за да полесно се најде. ;)
     
    На Sanjichka007 и Filiposka им се допаѓа ова.
  14. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Би сакала повеќе да ви кажам за тоа како го славиме ние бајрам. Обично за бајрам се станува многу рано обично 5-6 наутро и мажите одат во џамија додека пак жените спремаат дома трпезата за бајрамскиот ручек. Откога во џамија клањаат фаџр (фајр) или првата молитва во денот на изгрејсонце се клања и Бајрам (може сте виделе на ТВ како е тоа).
    За разлика од христијанските вери кога се честитаат после 12 саат ноќта, кај муслиманите празникот се честита откога ке изгрее сонцето или откога се клања бајрам затоа што тогаш се рачуна почеток на денот а не 12 ноќта како во грегоријанскиот календар, а крајот на денот е пред да изгрее сонцето на другиот ден (се надевам дека бев јасна и ме разбравте :) )
    Откога се врааќат мажите од џамија се седнува да се јаде бајрамскиот ручек иако се вика ручек јадеме одприлика 8-9 саатот наутро. На трпеза како традиција е да има салата, супа, гулаш, сарми и зависно секоја куќа различни јадења што сакаат да готват. А како десерт обично е баклава а може и други торти да правиме. Откога ке јадеме почнувајќи од најстариот во куќата си честитаме еден на друг празник. После тоа најстариот маж од куката си седи дома нормално и жените се дома и пречекуваме гости, обично за бајрам доаѓаат на 15 мин само да честитаат и продолжуваат и по други роднини да честитаат а пак помладите мажи (обично синовите од куката) одат исто така по роднини да честитаат. Додека пак жените одат кај најблиските обично кај родителите приквечер или утредента (затоа што и утредента се слави)
    Децата најчесто одат со татковците да шетаат или одат по маало од врата до врата да честитаат бајрам и се даруваат слатки (слично како кај христијаните за коледе).

    Абеја немам слики ниту знам рецепти, со сопругот за бајрам обично одиме кај свекрва ми и она обично готви :D , како и да е ти опишав одприлика што имаме на трпеза па имаш некоја представа :)
     
    На Limpan, piksooki, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  15. amra123

    amra123 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8

    незнам како можев да ги заборавам салатите и кифличките :D хахах иначе јас сум тазе мажена и уште не сум се научила да готвам :rofl: мајкми ги готвеше,и не се многу различни од вашите специјалитети ,,, освен баклавата :P
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.285
    Допаѓања:
    101.277
    Пол:
    Женски
    Abeja море како би лапнала сега едно домашно Ашуре да знаеш. А и таа баклавата со фстаци. Мх,мх,мх... Каква руска какви кифлици... :lol: :lol: :lol:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    убаво е напишано за атмосверата дома за време на бајрам :)
    преубав празник :) атмосверата дома преубава,тие денови се блескави сакате верувате сакате не,али стварно е посебно за тие денови.
    роднини и пријатели си честитат,се дарува на сиромашните а децата се радуват бидејки добиле нешто од родителите и блиските :)
    не дека мегувреме не се помага на сиромавите или пријатели и роднини не се посетуват па и децата секогаш им се купува нешто али тој ден знаеш дека се тие адети.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Еве нешто подетално за празникот Бајрам..
    Постојат два Бајрама:Рамазански:
    Муслиманите имаат два празника: Фитр Бајрам (рамазан бајрам или еид ал фитр) и Курбан Бајрам.(еид ал адха).
    Празниците во исламската религија немаат само свечена димензија, туку суштината на празникот и неговата филозофија е многу поголема.
    Исламските празници следуваат откако ќе се заврши одредена задача или обврска. Фитр бајрам (еид ал фитр) следува по завршувањето на месецот Рамазан, односно на крајот на една важна задача во овој месец: обврската за постење, еден од столбовите на исламот. Додека, Курбан Бајрам се прославува во текот на извршувањето на петтата исламска должност Хаџ. Курбан Бајрам е демонстрација на исламската солидарност преку курбанот и потсетување на потребата за пресметување на извршените дела во текот на годината.
    Курбан Бајрам, трае 4 дена и се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва - курбан.
    На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од сéмоќниот Ал-лах. џ.ш. Карактеристично за овој празник е принесувањето на жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Најчесто за курбан се принесува овен или овца, кои се доволни за еден верник. Но, не се исклучува и крупниот добиток, кој е доволен за седум верници. Принесувањето жртва во името на Ал-лах го извршуваат сите муслимани кои што имаат финансиска можност.
    Пред да се изврши колењето, се кажува молитва. Оние кои принеле жртва, месото од курбанот го делат на три дела: за сиромашните, за соседите и роднините и дел за семејството.
     
    На Emotional123 и tessie им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ги почитувам Муслиманите и нивниот празник Бајрам (што не го поистоветувам само со еден народ ).Единствено мене лично што не ми се допаѓа е глетката за курбан бајрам и колењето на животно на јавно место :puke: .Не дека сум вегетарјанец и нејадам месо но навистина не убава глетка имам фатено случајно и мн ми се згади :puke: .Би можело тоа да се прави малце во поголема приватност и интимност а не пред зграда :fubar: ...
     
    На piksooki, Tanjamm, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Воопшто муслиманите имаат два празника Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам.Исто така и ја прославуваат Хиџарска година(Муслиманска Нова Година).Која сега означува 1435 година.
    Рамазанскиот Бајрам трае 3 дена и започнува секоја година десет дена порано.Се смета за посвет празник,со самото тоа што пред неговото доаѓање муслиманот врши ибадет,односно триесет дневен пост.Оние кои постеле треба најмногу да се радуваат,затоа што веќе се слободни со времето и храната.Но исто така за време на постот,човекот ја чисти душата од гревови и се спознава со сабур (трепението).Доколку некој не можел да пости а сакал и евентуално не бил способен,тогаш ако е добро ситуиран треба да даде фитр (витр).
    Самиот витр во џамија има определна цена.Доколку некој во фамилијата за време на ифтарот го започнал јадењето со вода,тогаш плаќа по 100ден од член,доколку личноста ифтарот го започувал/ла со урма и вода,тогаш треба или 150 или 200ден од член.Исто така воочи ноќта на Рамазанскиот Бајрам се учи Јасин (молба за мртвите души) ,која што може да ја изучи некој од домашните доколку знае или ако не знае да се однесе кај оџата и тој да изучи,каде што му се плаќа своеволно.Утредента муслиманите*-мажи одат на Сабах намаз и на самата имсакија (која претходно беше бележникот во кое време муслиманот почнува со јадењето (ифтар) и кога завршува (сехур).Исто така на Имсакијата (вид календар и бележник како што спомнав) означува термин на сите 5 нивоа на намазот каде Јацијата која е последен дел од намазот се нарекува Теравија,молитва на која само одат мажите.Децата за време на Рамазанот одат во џамија,каде по изучувањето на Сабах Намаз ,учаат Илахија (кои претходно биле подготвувани од страна на оџата).По завршувањето на молитвата на Фитр Рамазан Бајрам ,мажите си се поздравуваат и си честитаат со Бајрам Мубарек Олсун ,а како потврда си кажуваат Аллахразолсун и заминуваат на гробишта.Изучуваат дова (молитва) за нив и се враќаат дома.
    Доаѓаат дома честитаат со домашните и најчесто родителите наши, роднини не почастуваат со парични средства.
    Доаѓаат гости им се сервира и секогаш кога се празниците треба да се има месо и баклава,останатото е по волја.Исто така секој треба да биде облечено во чисто,дали чистото е стара облека или нова нема врска.
    Истиот случај е со Курбан Бајрам,само што тој трае 4 дена и се поместува од Рамазанскиот за два месеца и десет дена.Се коле месо има и легенда
    Најчесто оној кој коле за Курбан Бајрам,мора тоа да го сокрие од другите,да не сите ја гледаат глетката.Кај нас во местото е така,за други места не знам.Се зема за себе и се дели на оној на кој што ти сакаш и на оној кој нема.Истата постапка е и со гробиштата и со честитањето.
    Заборавив да кажам дека децата за време на Празниците,поминуваат по куќи и најчесто жените им даваат бомбони или пари.
    И исто така Бајрамот се честита по изучувањето на Бајрамскиот намаз,кој е определен во Имсакијата а не по 00:00.Како што приметувам многу случаеви.Тоа е празник не е Нова Година.
     
    На BestFriends.99 му/ѝ се допаѓа ова.