Календарот за неработни денови вели дека е во сабота, ама не сум сигурна.Нека каже некоја членка што го слави.
Ај некоја муслиманка нека ми каже што јадења прават за Бајрам пошо јас не сум муслиманка ама маж ми е него го прашувам ама он појма си нема па така сакам нешто да направам некое јадење ама незнам што треба да има на масата
Нема баш некое правило, но можам најчесто да ти кажам што прават Ориз со телешко, јагнешко, пилешко што имаш. Домашна супа, салата, леб. Кај мене е ова стандард секој Бајрам, освен овој, ќе печам мисирка Можеш и пита, пример со месо. Можеш полнети пиперки. И секако благо