Мухамед во Тората и Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од Aisha, 8 мај 2011.

  1. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Исус му кажа: „Ти рече! Но, Јас ви велам: отсега ќе Го гледате Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.”
    Исто како когаа Исус се роди се појави светлината на небото, така и кога се роди Мухаммед исто така се појавила светлината.
     
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Исаија 29:12
    Еден од најмоќните стихови на Библијата што го пророкува доаѓањето на пророкот Мухамед е Исаија 29:12, кој вели:

    „Тогаш книгата ќе му биде дадена на оној што е неписмен, велејќи:„ Те молам, прочитај го ова. “И тој ќе рече:„ Не можам да читам “ ( Исаија 29:12)

    Овие стихови совршено се вклопуваат во пророкот Мухамед (с.а.в.с) затоа што тој бил неписмен,
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Од каде ти е оваа информација? Мухамед бил успешен војсководец кој прво ја освоил Медина, па потоа Мека, па потоа цела Арабија. Тој бил главниот човек таму. Плус имал 12 жени. Не верувам сиромав човек да може да си дозволи 12 жени :)

    За ова можеме да претпоставуваме, но Мухамед има дадено неколку наредби за егзекуција на стотици луѓе кои не го прифаќале Исламот кој тој го ширел. Еве на пример на Википедија има цела статија за воената кариера на Мухамед: https://en.wikipedia.org/wiki/Military_career_of_Muhammad

    Тоа заивиси според кој морален систем ќе го мериш. Според Исламот можеби е најдобар, но според многу други морални системи, не ги сметаат за добар човек оној кој што насилно ја ширел верата, наредувал егзекуција на луѓе што не се согласувале со неговата вера и сл.
     
  4. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Жена му била многу богата. Таа била ќерка на градоначалник(не знам во тоа време како се нарекува) на Мекка.
    А во врска со 12 жени, те излажаа во врска со ова, Тој имал 4 жени.
    А за неговата големина докажува шехадетот кој го вели секој кој што сака да стане муслиман: Сведочам дека нема друг бог за обожавање освен Аллах, и Сведочам дека Мухаммед бил неговиот роб и последен пророк.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Овде не станува збор за пророштво туку за укор. Прочитај го целото 29-то поглавје од Исаија и ќе ти стане јасно. А еве го и стихот во неговиот контекст:

    „Затоа секое видение ќе ви биде како зборови во запечатена книга: ако му биде дадена на некој што знае да чита, велејќи: „Ајде, читај го тоа!” – тој ќе одговори: „Не можам, зашто е запечатена.” А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” – тој ќе одговори: „Не знам да читам.” Господ рече: „Бидејќи овој народ Ми пристапува само со устата, и Ме почитува само со усните, а срцето му е далеку од Мене, и неговото почитување научено од човечки одредби, затоа, еве, и натаму ќе постапувам чудно со овој народ – чудно и пречудно: и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци, ќе потемнее умноста на неговите умници.” Тешко им на оние што се кријат од Господа, за да ги скријат своите намери, и кои во мрак дејствуваат и зборуваат: „Кој нè гледа и кој нè позна?” Колкаво безумство! Дали се цени глината колку грнчарот, па делото да му рече на својот творец: „Тој не ме направи?” Или грнецот да му рече на грнчарот: „Тој не разбира ништо?”“
    (Исаија 29:11-16, Библијата)

    Значи Бог им зборува дека виденијата ќе им бидат како запечатена книга. Тој што ќе сака да ја прочита, не ќе може да ја чита, БЕЗ РАЗЛИКА дали знае да чита или не. Значи Бог ќе им испраќа виденија преку пророците, но народот нема да ги препознава тие виденија, зато што во времето на Исаија народот е длабоко навлезен во идолопоклонство, паганство и наместо Божјите заповеди тие следеле човечки преданија. Истото Исаија го потенцира и во Исаија 6:9 и Исаија 28:11. Заради тоа што Израелците обожавале мртви “богови” кои не можат да слушаат, ниту да гледаат, затоа Бог како да им вели: Штом обожавате такви “богови”, тогаш ќе станете како нив и ќе бидете глуви и слепи за Божјите објави.

    Во целата книга на Исаија се проткајува таа порака кон Израел (евреите): Чуј Израиле, слушни го тоа што ти го вели Бог, бидејќи ако не слушаш, Бог ќе го сврти лицето Негово од тебе, покај се и врати се при Бог. Никаде нема ниту еден збор кој што асоцира на Мухамед или на Исламот. Приказната со Мухамед е сосем друга и ова не се применува на него.

    И најпосле пророкот Исаија со право се нарекува „петтиот евангелист“, затоа што тој најмногу пророкува за Месијата (Исус), дека ќе биде роден од девица, ќе биде Емануел (Бог меѓу нас), ќе биде погубен заради гревовите на луѓето, а и дека ќе воскресне – и тоа ова пророштво е во неверојатни детали опишано (Исаија 53, Библијата).
    Од друга страна муслиманите велат дека Исус не бил распнат, дека Тој не го дал Својот живот за гревовите на луѓето, а со тоа и дека не воскреснал од мртвите. Значи пророкот Исаија е во тотална контрадикција со она што го зборел Мухамед, со Исламското верување. Оттука бесмислено е Мухамед да го надоврзуваме на Исаија нели?
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ноуп. Сум дискутирал со оџи, со учени муслимани, што завршиле исламска теологија во Турција, во Саудиска Арабија. Ниту еден не негирал дека Мухамед имал 12 жени во неговиот живот, и дека при неговата смрт едновремено бил во брак со 9 жени.
    Еве ти и линк од Википедија каде ги има и имињата на 12-те жени: https://en.wikipedia.org/wiki/Muhammad's_wives

    А четири жени им биле дозволени на сите останати. Видиш колку скромно си ја наредил работата Мухамед? За него може 12, а за сите останати само по 4 :D

    Еве ти доказ и од Куранот. Сура 33, ајет 50 и 51 вели вака:

    „О Веровеснику, Ние ти дозволивме да бидат жени твои оние на кои им даде венчални дарови, и оние во сопственост твоја кои Аллах ти ги даде од пленот, и ќерките на амиџа чичковците твои, и ќерките на твоите тетака тетини по татко, и ќерките на вујковците твои, и ќерките на твоите тетини по мајка кои со тебе се иселија, –и жена-верничка која себе си се поклони на Веровесникот, ако Веровесникот сака со неа да се ожени И само тебе, а не на останатите верници. Ние знаеме што сме им пропишале на верниците кога е збор за жените нивни и оние кои во нивна сопственост,– за да не би ти било тешко. – А Аллах простува и сомилосен е.
    Можеш да ги занемариш оние меѓу нив кои сакаш и можеш да ја повикаш за себе онаа која ја сакаш, а можеш да ја побараш и онаа која си ја оддалечил, ниедно од тоа не твој грев. Најлесно така тие радосни ќе бидат и нема да се жалостат и така со сето тоа што ти им го даваш задоволни ќе бидат – а Аллах знае што е во срцата ваши; Аллах знае се и благ е.“
    (Сура 33:50-51, Превод на Куран)
     
    Последна измена: 26 ноември 2021
  7. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    a deteto od 9g. ?
    site religii se edna golema LAGA !
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.645
    Пол:
    Женски
    Што те мачи толку што вака гнев истураш по темиве?
     
  9. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    nemam pravo na mislenje ?!
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.645
    Пол:
    Женски
    Имаш.
     
  11. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Da od drugo semejstvo samo shto iminjata im se menuvat