Yeaaaaaaaah ! Абе твој е! Нема кај да бега. Збори со другарка ти да не и значи нешо...Осигурај се. И после се фрлај во „акција“ ! Со среќааа !
хахахх..и реков на другарка ми дека приметив и таа рече дека на неа ич не и де допаѓа така да кај неа тој нема шанси...па ќе видиме до кај ќе тераме така со пребацуванје само
Вау...којзнае колку сум згодна...па мене секој ден по 20 машки ми викаат здраво....мора да се заљубени во мене Мала шала....No offence Пробај да му дадеш некаков знак дека ти се свиѓа.... Може во моментов он е на некој машки форум и ги поставува истиве прашања, за тоа дали ти се свиѓа
доколку навистина сакаш да бидеш со него тогаш онака само пушти муабет малце пецкај го и ќе сватите сами!
по овие знаци сигурно те свиѓа.. бидеќи вие како што разбрав немавте муабет претходно тој немал шанса да се запознаете.. ама пошо очигледно похрабар почнал да ти зборува да види како ќе реагираш.. и сеа дај кажи што бидна на крај.. љубопитни сме, барем јас
Гледај го HE IS JUST NOT THAT INTO YOU Мој совет , ако те свиѓа ќе најде како да дојде , да збори со тебе , ако сака да ти се јави , светот ќе го сврти , ќе ти се јави... Не дека треба да чекаш се на машкото , ама ако он сака ќе најде начин....
Епа ајде и јас да си се пожалам Идеме во исто школо,на моја возраст и многу ми се допаѓа. Секој ден во школо ми префрлува за нешто,ме зеза,се закача со мене и сл. На мсн исто праиме муабет само многу понормален од школо,има некои зезања и сл. но не до толку. За погледи да не зборам.. Незнам дали му се свиѓам или е нешто друго во прашање ... И ако му се свиѓам зошто не превземе нешто,ах ова машкиве Па имате ли некој совет како да му се приближам или нешто,зошто ако чекам јас на него,ќе дочекам...
Феминки, јас делејќи совети паднав у депресија. Иам ист „проблем“. Вака: Ми се допаѓа еден гитарист и сега незнам што да праам. Порано, пред 2-3 месеца тој ми пишуваше ( не многу често ) и ми ставаше лајкс на слики на фб и на се, на линкови...итн итн... а сега само на линкови Мање битно тоа... И сега за викенд онака кога излагам ја со другарки, тој секогаш е до мене веднаш на маса...И нон-стоп ме гледа. Онака преку ден, по улица кога го видам пак ме гледа, т.е зјапа Еднаш-два пати ми се има насмевнато. Бај д веј он има мана... се дрогира, да не речам дека е наркоман. Не е од тие болните да не можат ни една минута без дрога. Слушам дека е само на марихуана и нешо џоинт. А не кокаин,лсд, хероин...итн итн... Страшно е тоа...ипак не е само он шо зима такви работи.(неќам име да им спомнам) И сеа му се допаѓам...или???? Па шо да праам...? Плс советт!!!
Денес марихуана утре..којзнае што. Мене самата помисла на дрога ми е одвратна. Искрено,мислам дека би било најдобро да си најдеш некој поасален тип. Незнам стварно што повеќе да ти кажам зошто јас воопшто не би се ни загледувала во некој што се дрогира,без разлика дали е тоа марихуана или нешто појако. Нормално одлуката е твоја.
Дефинитивно не е рамнодушен према тебе, но тоа за неговата маана, такво нешто не се толерира и ако не почнал, најверојатно ќе почне со нешто појако. ПОдобро да се тргнеш од него пред да се заљубиш и да неможеш да го оставиш. Така да воопшто да не ти биде битно дали му се допаѓаш или не, тргни се дур е со време. Ова е мој совет, а ти си знаеш најодбро што да правиш, поздрав
И јас се согласувам со unique123 одалечи се додека не е доцна!!! Сигурна сум дека ке најдеш друг дечко кој ке биде на место и доволен за тебе
Нема зошто да паѓаш во депресија. По постов и дечково не е рамнодушен, ама размисли кои проблеми можеш да си ги направиш ако си со него. Не е играчка, сакала нејкела зависник е, може не од оние кои се хронични, али сепак спаѓа во групата на зависници! Не би ти препорачала да се плеткаш со него. Во ред е кокетирај си, ама немој ништо повеќе, сигурно има и други момци кои ти се допаѓаат а го немаат тој проблем! Денес марихуана, а утре? Размисли за последиците. Ти посакувам се најдобро!
Sugar те сака нема што! Долги разговори,погледи,зафаркавања сигурно те свиѓа. Ама можеби тој се плаши ти да не не го сакаш направи го првиот чекор биди посилна ама не одма да му речеш „Еј те сакам ти мене ме сакаш?“ Викни го да излезете останете насамо флертувај.
Ја мислам дека прво би требали да ја прашаш другарка ти што мисли за тоа, со оглед на тоа што ти е најдобра, ако она нема против само напред