1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Набавка од пазар3

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bbysushi, 10 мај 2020.

  1. Bbysushi

    Bbysushi Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Здраво дечки сакав да прашам дали некој од вас има искуство со поручки од пазар 3? И какви ви се вашите лични искуства. Вчера резервирав кученце и за 2 месеци би требало да го добијам бидејќи е уште малецко, и сега јас го контактирав бројот даден на огласот и прашував прашања од обичен тип, дали има нешто друго да прашам во врска со гарантираноста дека кучето ќе ми биде дадено целосно како ветено? Сега договор со неа ми е 70% од цената да биде исплатена преку трансакциска бидејќи далеку живиме и немам можност да патувам два пати за safety check. Како да знам дека нема да ми го блокне бројот откако ке ги исплатам тие или слично? Помагајте ве молам на почеток воопшто не размислував за оваа можност бидејќи уште бев на деветто небо како што велат но станувам параноична и под стрес сум цело време. Ми прати неколку слики од него заедно со другите кучиња дури и видео но не знам. Едвај ги молев моите да ми позајмат пола од цената, ќе ме убијат ако нешто се деси. Што мислите?
     
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Пазар3 само ги поврзува учесниците на пазарот и не гарантира ништо.

    Не велам дека со сигурност те измамиле, ама ако останеш без пари, само на себе ќе можеш да се лутиш.
     
    На mira.mira и najjacha им се допаѓа ова.
  3. Bbysushi

    Bbysushi Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Кога ми кажа девојчето дека до сега никој не се двоумел за безбедноста преку нет купување кај нив искрено веднаш и откажав. Нема шанси луѓе така здраво за готово да земат нешто а особено не кога се работи за голема сума пари. Во право си, сепак паранојата победи и сега се одлучив во готово да платам, дури си најдов и друга опција за среќа.
     
    На WildMk и mira.mira им се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Не би уплаќала, треба да си луд за такво нешто :)
    Немаш никаква гаранција, а какви луѓе постојат спремни за измами...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Мислам дека не треба да се грижиш, кучето ќе ти стаса
     
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Куче од одгледувачница не се плаќа унапред зашто никој не знае прво дали сите кучиња ќе преживеат. Никој одгледувач не зема аванс и не резервира кучиња. Се раѓаат, доаѓаат до одредена возраст и после ти одиш или ти го носат или како и да се договориш со одгледувачот. Никој не плаќа куче унапред без да го види.
    А пазар3 нема врска со безбедноста. Едноставно е сајт за огласување. И на фб да бил огласот исто е.
     
    На stetoskop, Bozica1980, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Па може треба да вдомиш куче, а не на толку бездомни да купуваш па нема никој да те излаже и да ти ги земе парите.
     
    На Gosh, Bozica1980, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.