Набавување на храна, лекови, маски за време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Deni87, 15 март 2020.

  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Машки
    Во случај за интензиво зголемување на заразените од корона вирусот, сите ние ќе треба да седиме дома. Ќе биде потребно да имаме доволно количини на намирници, лекови, производи за лична хигиена.

    *Со темава би можеле да си помагаме и секој да информира каде би можело да се најде одреден производ.....
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Машки
    Доколку некој/а знае каде би можеле да се најдат средства за дезинфекција?
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    3.265
    Пол:
    Женски
    Не знам од кој град си, во ГВ скоро во секој маркет има доволно дезинфекциони средства, утре ќе ми стигнат две антисептични средства за раце.
     
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    12.901
    Пол:
    Женски
    Каде во Скопје да најдам гел за дезинфекција на раце со пумпица? Во ДМ забегале со цените... Има ли по аптекиве, маркетите...? Не ни се шета, па да не има некој проверена информација.
     
  5. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Рамстор мол аптеката, вчера земав...
    Едит не е гел туку хируршки раствор (алкохол) за дезинфекција на раце...
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    81.372
    Пол:
    Женски
    Јас од Бети аптека најдов, на Данаи.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    42.321
    Пол:
    Женски
    Јас завчера купив џебно гелче со пумпица од зегин во расадник-кисела вода. 100 денари :)
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    8.546
    Пол:
    Женски
    Јас завчера земав во аптеката во Зебра, гел 500 мл. (со чајно дрво) за 180 денари. Имаше и спрејови, не знам која цена. (и маски и ракавици)
     
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    12.901
    Пол:
    Женски
    Е супер, ми треба поголема количина затоа што ќе стои на влезот на објект. А имам и Бети аптека во близина.
    Фала ви на сите :hug: значи не се толку дефицитарни геловиве.
     
    На Heavencanwait, fana и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    8.546
    Пол:
    Женски
    Само што бев во аптеката, во моментов имаат само еден поголем гел (ми се чини 700 мл беше) за 420 денари. Се' уште имаат маски и ракавици.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Гел 400 мл од Бети исто во Лисиче 130 ден (иако пред една недела го земав) алкохол 70% во Зегин Ново лисиче ова од вчера.
    Имаат и во Зур гелови мали за во џеб 35 денари се
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.630
    Допаѓања:
    26.756
    Пол:
    Женски
    Тука ми изгледа посоодветно да го поставам прашањево.
    Како разредувате Дезинтал за дезинфекција на подови? На упатството има сооднос на литро вода, ама нема за која намена е?
    Јас на пример, 1 капаче ставам на литро вода за чистење на подови? Многу да не е?
    Кујнски површини, тоалет и сл. дезинфицирам со алкохол.
     
  13. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.193
    Пол:
    Женски
    Kade da najdam maski za deca, ama od kvalitetnite ne onie za 1 u potreba?
     
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    12.901
    Пол:
    Женски
    Во Бети во моето маало имаше само џебни средства за дезинфекција, утре ќе добиеле големи. Во Зегин имаше само течно сино средство од 0,5л и ченеше 230 ден, а во ДМ гел на Сенсилис 0,5л 325ден.
    @An-na во ред ти е соодносот, не се грижи. Дезинтал е на база на алкохол, па брзо испарува. Евентуално ако имаш мало дете коа лази, можеш да го подразредиш или да отвориш да се луфтира кога бришеш.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Jas mislam ne se preporaclivi tie, za edna upotreba se zemaat sega...
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.193
    Пол:
    Женски
    Zemav takvi detevo neso temperatura, 2dena eve sea pocna so kaslanje.. Maticniot u petokot mi kaza da sedi u posebna soba, utre na krvna slika treba da ideme... Pa posle ke ni kazel so ponataka
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.921
    Допаѓања:
    40.703
    Пол:
    Женски
    Може да се користат и тие за повеќекратна употреба ао тоа шѕо после секое носење се бришат со алкохол.
     
  18. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Женски
    А од страна на храна што купувате? Гледам баајги голема паника се шири и кај нас у Штип почнаа да се празнат рафтови па да си прашам да знам одприлика што купувате
     
  19. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Брашно,зејтин,сув квасец, шеќер,прашок за пециво,пченкарно брашно,тестенини,ова верувам дека секој од нас го има.

    Зеленчук и овошје како никој да не купува сегде има во изобилство или така ми се чини?
    Јас сум со мало дете и од значителна важност ми е секој ден да јаде еден тон овошје и зеленчук па макар и војна да има,ние возрасните леб и палачинки може да јадеме но оди објасни му на едно и пол годишно детенце дека нема банани или боровинки,овошјето што најмногу го сака. Па си исцедив сок од портокал и лимон во кесички за мраз и замрзнав. Јаболките може да се замрзнат ако купувате повеќе,смрзнат грашок,боранија..
    Може да си замрзнете кромид сецкан во кесенца. Ниту една манџа не е манџа без кромид нели?
    Компирите може долго да стојат на ладно.
    Немам залиха на месо,ми доставуваат до дома.
    Тинекс почнале со онлајн продажба па најдобро е сега да се воздржиме од акање по маркети и од дома фа си порачуваме.
     
    На marchi-cool, Cosmic Girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    8.546
    Пол:
    Женски
    Истото тоа што го јадам стандрадно, само за некои нешта наместо едно парче, две. На пример, место 1 конзерва туна, земав 2. Чисто да не морам да идам до маркет во текот на нареднава недела.
    Ќесе ориз, леќа, кафен грав. Замрзнати јагоди, малини, брокула, пилешки стек. Неколку канчиња ќефир. Пакетче овес. Две тегли путер од кикирики. Тегла крем. Два хумуса. Два леба. По 2 конзерви туна, црвен грав, пченка. Една голема конзерва црни маслинки. Два јогурта и две млека. Конзерва нес. Портокали, лимони, банани. Зелка, цвекло, моркови, компири. Нешто грицки и слатки. И тоа, стандардно.
     
    На Doozy, cresa-jagoda и pianogirl им се допаѓа ова.