Епа девојки, ова со кондицијава ми е најголем проблем при вежбањето. сега почнав да трчам за да набијам повеќе кондиција, мислам дека се подобрувам ,а,а сепак добро би било доколку вие би дале некое мислење за тоа колку кондиција имате, како да се стекне повеќе за да може повеќе да се трча и вежба, и сл..
Прочитај ја цела тема за Џогинг отворена од SexiLy, имаш многу добри совети како постепено да набиеш кондиција а исто и темата за Скокање со јаже отворена од Iva-Mici. Во овие две теми имаш се за како потепено и правилно да набиеш кондиција. Професионалните боксери ги користат двете методи комбинирано за кондиција, ем џогираат ем скокаат на јаже. Ти направи си комбинација која тебе најповеќе ти одговара. Сега те чека читање па после фрли се на вежбање и кондицијата ќе дојде .
Физичко трчаме 2 пати неделно по 5-7 круга околу салата Напорно е, ама е многу добро за кондицијата. Сепак мислам дека за да имаш добра кондиција треба да почниш постепено и постојано да си физички активна. Пешачи, вози точак, ролери, качувај се по скали... И ќе видиш дека нема да се заморуваш за некое време и дека ќе имаш многу подобра физичка кондиција
мој совет, пример јас имам автобуска на еден километар и на една минута, упорно идам на таа еден километар и немам никаков проблем со кондиција, дури ми се чудат зашо важам за прилично мрзлива и уседана аа плус земете во предвид не сум страсен, ама сепак сум пушач, мене ми имаат кажано дека со одење значително се подобрува кондицијата
Со фотеља на тркалца најбрзо и најефикасно..испробано Како и да е...до пред некое време немав ич кондиција ќе поттрчнам малце и ќе почнам ко кобила да дишам..И си реков аа неможе вака више..Почнав да возам точак..да трчам..пешки до школо 20 мин. ми е...Ии боље се осеќам!
Јас сум активна, играм веќе 14 години, и да ме оставиш да играм, можам 2-3 саати без престан, МЕЃУТОА кога станува збор за трчање, не можам ни километар да истрчам... Не можам ни до Средно Водно да се искачам, без 15 паузи!! И многу се мразам поради тоа.. Ама имам желба, знам дека треба постепено, планирам трчање, малку по малку... Ама никако да почнам...
постепено не можеш ти денс си почнала да трчеш или слично и одна да имаш комдиција ккао некој што трча или слично со години...
Секој ден пешки на школо, или ако треба да одам некаде само пешки, и така во такси ми се лоши, и секој викенд на излегување пешки.. и пешки враќање дома. Затоа не ја губам кондицијата, доколку би одела секаде со такси, сигурно сега не би имала таква кондиција при вежбање и трчање
Кондиција се набива постепено и на подолг временски период, ништо не може да се постигне одеднаш или во рок од 3-4 дена. Мора да имате прво добар план дали за вежбање, трчање, пешачење, возење велосипед, да го следите и со текот на времето ќе имате доволно кондиција за да ги издржувате потешките тренинзи.
имам кондиција,секој ден трчам низ мало ( и по скали ) скокам на јаже,понекогаш возам велосипед...а и на тренинг многу трчам
Јас имам кондиција, би било малку нелогично да немам, секој втор ден одам на тренинг (тренирам Таеквондо ), по дома скокам на јаже, во школо на физичко речиси секој ден имаме и само трчаме/спортуваме/вежбаме. А и често возам велосипед.
Сеκогаш κога вежбам, се стремам да си ја зголемам κондицијата! За подобро да се чувствувам! Κодицијата ми е поважна дури од согорувањето на κалориите и топењето на маснотиите. Облиκувано тело и добра κондиција, сеκогаш одат во пар.
Имав кондиција, можеби чудно ќе ви биди тоа што ќе ви кажам. Јас мислам дека ја изгубив кондицијата од кога останав дома по оваа корона. Ќе изодам 20 скали и одма срцето брзо ми чука и се задишувам по малку.