Кое е вашето мислење за подржувачите и навивачите на некој спортски тим(без разлика за кој спорт се работи) ? Луѓе кои одат на натпревар од љубов кон некој тим или хулигани? Мое лично мислење е етикетата "хулигани" за какви што ги сметаат повеќето, е сосема оправдана, зошто има некои кои не одат на натпревар со таква цел, а други пак едвај чекаат да се испотепаат со некого. Ги подржувам оние кои ги губат гласните жици пеејќи ги песните за својот тим, а не оние кои само создаваат нереди. Што мислите вие и за кого навивате?
Интересна тема. Хулигани се едно,навивачи друго.Хулиганите сакаат насилство,кршење,бунтување...А навивачите победа за својот тим. Единствено што ме нервира,е омразата меѓу некои наши навивачки групи...Пример,Сити Парк Бојс,и Фемили Аеродром.Македонци,а сепак толку се мразат,многу глупо Гемиџиите ми се омилена навивачка група
Точно е дека не е исто навивачи и хулигани, ама за жал често ги ставаат во ист кош. И мене ме нервира толку големата омраза помеѓу некои навивачки групи. Нормално е дека нема да се сакаат, ама до толку. Особено се разочарав кога беше инцидентот со црквата на Кале, што не успеаа Сити Парк Бојс и Фемили да се здружат барем еднаш како Македонци... Инаку јас не си кажав, јас сум за КК Работнички и Сити Парк Бојс
Секогаш има луѓе кои одат на натпревар, што би се рекло од љубов кон тој спорт (или тимот сеедно) и секогаш си навиваат и гледаат културно од неутрална трибина . Ама кога сме кај хулиганите, (нормално дека ќе ги наречам со тој збор), мислам дека повеќе мерак им се прави што одат да се испотепаат колку што можат повеќе едни со други (две различни навивачки групи нормално ), отколку што одат да навиваат Незнам што да кажам... Разбирам си го бодрат тимот за кој навиваат и нормално дека од секоја утакмица еден мора да победи и стварно не ги разбирам баш со која цел се кршат меѓу себе... Од секогаш ги имало и ќе ги има Имам гледано во Србија што прават после вакви натпревари , па кога ќе ги споредам со нашиве, нашиве се срциња
Точно,срциња се.Во Србија,фрлаат луѓе од зграда...Навистина,сложни луѓе се,но кога ми кажа дечко ми што всушност прават таму...Ајде ,и тепање па,ама и убивање Не е тоа за тимот,тоа си лечат сопствени фрустрации,комплекси...Што е жалосно
Навивање подржувам ама во нормални граници. Да одиш на натпревари, да свириш со тие вувузелите, да викаш, да бидеш облечен со шалови, капи, маици-да нормално е тоа. Ама не ги подржуваам воопшто хулиганите што палат сали, кршат, се тепаат, па и се убиваат несфатливо ми е тоа . Како што се Делије и Гробари тие ми се најлоши. Исто и кај наз Фемили Аеродром и Работнички ќе се потепаат, ама не ништо во споредба со Делије и Гробари.
јас си обожавам навивачи зошто и јас одам и викам скокам ам аво границите на навивањето а најмногу со си ги постовам ко навивачи се Чкембари-битола секогаш имаат добра кореографија и милионии песни
Во Прилеп имаше прекрасни навивачи.Нашите МАЈМУНИ. Сега веќе и ни ги снема навивачите, згасна и фудбалот.Не е тоа што некогаш било. Сакам да се вратат старите Мајмуни и старата Победа. Само тогаш беше возбудливо на секој натпревар.
Две слики од мене, како еден од ретките јавно-прогласени фанови на ФК Работнички, по распуштањето на нивната официјална навивачка група (воедно и дел од администрацијата задолжена за фан-страната на ФБ на Работнички):
И јас сум верен фан на Работнички, ама одамна престанав да одам на утакмици. После голема пауза, отидов пред некој месец кога играа против Фени на домашен терен. Искрено, не гледав утакмица, туку гледав околу себе и чекав секој момент трибината да се сруши. Е*ати навивачите, што прават се` освен што навиваат ко што треба. Не се слуша ништо освен дивјачко урлање и тапани. Уште кога ќе почнат со тоа тепачките, си ја оправдуваат сликата на неандерталци. Најјак момент ми беше на утакмица Работнички - МЗТ, сред утакмица фрлија ролна гз - папир.
Ситуацијата тука во Македонија на темава ме загрижува, сериозно. :geek: Не знам од каде е таа толку голема омраза, океј разбирам, спротивен тим, спротивставени мислења, секој со своето. Ама луѓе бре, осет немате. Способни сте да се испоубиете меѓусебно, сега ќе зборувам конкретно за навивачите - поддржувачите на МЗТ и Работнички, немаат мерка, некогаш дури и мислам дека забораваат за што одат на натпреварите, место навивање применуваат дивеење на трибините. Е сега, под дивеење подразбирам кршење столици (како што беше случајот на првото дерби помеѓу МЗТ и Работнички одиграно во Борис Трајковски, притоа е направена штета од не знам колку илјади евра), потоа мавање од трибина со не знам си какви глупости, на последново дерби навивачите на МЗТ мавнаа со ручки од тупан накај тренерот на Работнички, тренеров пупунец долу некои си 5 минути, сите се вртат околу него, престан на натпреварот од околу еден час, зошто? Затоа што некои си обожаваат да се прават јаки момци на трибина, немаат мерка, а што е најтрагично не ни мислат на последиците кои што би можеле да ги сносат подоцна. Јас лично, бидејќи сум од Аеродром, сум фан на МЗТ. Емотивно сум приврзана за тој клуб, еден е од оние работи кои што ме прават горда. Но, ни најмалку не го поддржувам сето тоа дивјачко однесување на трибини, нити пак чувствувам некоја голема, специјална омраза кон спротивниот клуб. Нема потреба од тоа, одам на натпреварите за да гледам квалитетен меч ( без разлика дали се работи за вечното кошаркарско дерби или натпревар со останатите екипи ) и кога гледам деца од по 12/13 години како се однесуваат, се ужаснувам. Очигледно земаат пример од постарите, ама погрешен пример, го применуваат оној дел што се однесува на некое си хулиганско однесување, а навивањето постепено го забораваат. Како и да е, сепак, мислам дека нешто сериозно треба да се превземе во однос на оваа тема, секако доколку не сакаме да ја видиме првата жртва на ова однесување без никаква граница.
Фудбалски натпревари Не сум љубител на фудбалот, ама имам омилен тим МИЛАН И секојдневно сме контраши со татко ми затоа што тој навива за Барса
Оф оф... Ќе биде весело на 12ти јули во Белград, на 19ти јули во Скопје, Партизан-Шкендија. Балисти ќе оделе во Белград, читам сега Балисти пцујат лом прават на нет по фан-страните на Гробари. Јас би им препорачала да си земат карти во 1 правец Србиве како што мразат Албанци, а и уште кога ќе чујам дека Гробари се во прашање, ТВРДАМ дека црно ќе им се пише на Балисти Те загрижува ситуацијата во Македонија? Сериозно? http://www.youtube.com/watch?v=648BiXn0mzU
ПАРТИЗАН не се сите гробари исти, но на сите срцата ни чукаат за црно белиот тим http://www.youtube.com/watch?v=l-tN56w6ed0 хаха и видете го малово срцее мое http://www.youtube.com/watch?v=Kmm7dbYU ... re=related