Навика од бременоста ми стана фемина. .Се регистрирав да добијам совет за проблем во бременоста и ми стана и остана ден денес омилено катче.. Обавезно кога ќе станам и пред да легнам сум на фемина форумот, а и преку ден кога ќе најдам време
Навика ми стана да појадувам редовно Претходно никогаш не јадев до ручек, можеби ќе каснев некое овошје и толку. Исто, Ленор плавиот не можам да го смислам, имаше баш некоја членка пишано за истото. Ми се згади за цел живот мислам, а омилен ми беше И за крај, не можам да опишам колку убаво ми мириса кибрит, се навлеков на мирисот, од каде како и зошто ми текнало за кибрит не прашувајте, појма немам И порано сум сакала мирис на бензин, на гума, на кожа (кожни работи), на кибрит и сл., ама сега со кибритов стварно не знам што ми е, го мислам дури
Сите со по некој ,,порок,,. Немам нешто што ептен сакам. Како претходно и сега. Функционирам исто. Единствено скара не сакам. Не и бев љубител и претходно, ама сега не можам да ја помирисам. Во првото тромесечие и месо воопшто не каснував ама се промени кога се вратив во нормала. Плавиот Ленор остана да ми биде омилен.
Исто. Зачленет бев од поодамна, па еден период ме снема поради немање време од работни обврски,свадбата и сл. Кога останав бремена пак се активирав и многу му е убаво.