1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навики кои би сакале да ги поседувате

Дискусија во 'Лице' започната од rossonerka, 21 јули 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Нормално станува збор за навики во однос на убавина и козметички производи :)

    Сите претпоставувам си имаме одредени навики кои не ги сакаме и сакаме да ги промениме.

    Поседувате навики кои ви сметаат и сакате да ги промените со други?
    Да речеме сакате да не грицкате нокти, да ја вадите шминка редовно, да не спиете со шминка, да се одвикнете од домашното стискање на мозолки при секое погледнување во огледало, да ставате маска на лице редовно, да си правите пилинг почесто, да ставате кармин, да си ги лакирате ноктите почесто, да си ја негувате косата повеќе со маски и третмани, да си правите маникир и педикир, да одите почесто на фризер, да се чешлате повеќе :D, да се шминкате почесто, да ги чупате веѓите, да си го вадите излупениот лак а не така да ви стои, повеќе нега да си посветувате зимно време бидејки реално жена повеќе се тинтра во лето :) итн... се што ќе ви текне дека сакате смените.

    Еве јас ќе си одговорам 8)
    - Многу сакам после секое туширање да се мачкам со млеко за тело, ама ме мрзи на секое, многу ме мрзи, посебно зимно време, ама многу.
    - Сакам да не ми се спие и да не ме мрзи секоја вечер пред спиење за да си правам антицелулитна масажа, сакам баш секоја вечер, а не само кога ми е досадно.
    - Сакам да можам да си дозволувам еднаш месечно на козметичар, со тоа вајда онаа навика од стискање на мозолки посебно во недела кога се чупам ќе ја одвикнам, вајда :!:
    - Сакам да знам поубаво да ставам туш и сенки на очите :D
    - Сакам кога ќе ми се излупи малку еден нокт да не го љупам лакот од сите нокти од нервоза :D
    - Посакувам значи барем еднаш месечно да си ставам купка и лежам во бањата, ич ја немам таа навика, ама ич. Сакам а го немам за навика тој ритуал со купка. :(
     
    На Trendafilka и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Секој месец да не ме мрзи да одам да си купам восок и да се издепилирам зошто со бричот нигде не одам
    Би сакала секој месец да можев да одам на козметичат на посебни масажи и третмани за лице и тело
    Имам навика да си ја вадам шминката, никогаш не спијам со шминка така да тоа не мора :lol: .
    Да не се нервирам кога едната веѓа ќе ми порасне побрзо, а другата поспоро и едната да морам да ја искубам, а другата да ја оставам.
    Да се грижам повеќе за моите стапала. Нив најмалку им обрнувам внимание.
    :) :) :)
     
  3. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    -Би сакал да имам навика постојано да ги лакирам и турпијам ноктите.
    -Да се мачкам со млеко за тело после секое бањање.
    -Да не заборавам да ја извадам шминката, бидејки некогаш се случува па се нервирам.
    -Кога малце ке ми „обраснат“ вегите одма да ги чупам, не после две недели.

    Тоа би било тоа, ако се сетам на уште нешто ке напишам. :lol:
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    - Би сакала да можам да ги четкам забите барем по 3 мин (иако треба 5), а не само со два-три потега набрзина, како што често и правам; А и почесто да посетувам стоматолог; :!:
    - Мозолките и онака не можам да ги оставам, а да не ги истискам, барем 2 пати неделно, ама барем да се воздржам од она страствено стискање, по кое лицето ми е целото со рани; :tmi:
    - Почесто да ми текнува да си ставам маски, не само оние готовите, туку и некоја домашна да си направам;
    .....
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Jaс сум си ептен тинтири-минтири во однос на козметика и општо нега на тело - се мачкам со млекишта и глупости за тело редовно, до душа не можам да замислам туширање без потоа да се намачкам со млеко, облеката ми е покрута некако, навика пуста. :D
    Шминка редовно вадам, не е тоа проблем, ами проблемот што долги години се трудам да го искоренам е мазохистичкото корнење на акни, мали мозолки и црнки.
    Колку и да се длабоко, јас морам да ги активирам моите багер-нокти, а ако не се вади ништо дури земам и салфетки и копам, стискам, си го роварам лицето.
    Затоа постојано си носам црвени точки, понекогаш цели области и флеки. :rock: :puke:
    И не, не сум горда на ова. Ни малку. :doh: :fubar:
    И веѓите - опсесија ми се и постојано сум со пинцетата во рака. Колку и да не сум подникната си наоѓам кандидат-влакно и си корнам. И после не ми биле БАШ симетрични. Е, нема да бидат. :D
    Значи само сакам да можам некако да се контролирам во однос со прекумерното стискање на акните и да се скарам малку со чупалицата - и онака споро ми растат веѓите, а и многу ми се светли, ама ајде де. |(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    8.654
    Имам лоша нзвика да купувам препарати за козметика и ретко да ги употребувам.

    Поготово во зима , кожата ми е премногу сува , ми пука и ако ја чешам до крв доаѓа ,затоа што немам навика да мачкам лосиони/креми. Ме мрзи ,зима,ладно и гледам што побрзо да си се облечам после бањање.

    Би сакала почесто и потемелно да ја чешлам косата и редовно да одам на фризер.

    Да не ги чепкам црнките и веѓите. Се тоа да оставам некој стручен да среди. И да не се мешам.

    Да ги пораснам ноктите ( не ги грицкам) ама ете не трпам долги нокти.А, убаво ми изгледаат.

    Да не ме мрзи да правам секој ден антицелулитни масажи.
     
  7. 1-loveyou-1

    1-loveyou-1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Па би сакала после секое капење да ставам крем за тело, но ме мрзи некогаш .. :)
    Би сакала секогаш пред да легнам, да знам да ја вадам шминката.
    Би сакала повеќе да посетувам фризер. :emo: :D
    Да не ги чепкам мозолчињата на лицето .. :$
    Исто така да не го гребам лакот на ноктите .. :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    * Да не ги чепкам лицето и косата толку често со рацете. Како мала ме тераа да си ги ставам рачињата под гз и така да седам мирна, ќе треба да почнам повторно да го практикувам ова. :D
    * Редовно да ја отстранувам шминката од лицето навечер и да не заспивам со неа (леле некогаш ама ме мрзи ритуалов |( )
    * Да не ја фарбам косата пречесто
    * Да не си ги корнам трепките со мојата грда навика
    * Да правам почесто антицелулитни масажи (и тоа ме мрзи ужасно многу)
    * Да им посветам внимание на моите ужасно слаби кршливи меки нокти, наместо набрзинка да ги замаскирам со лак за нокти

    Стискањето и отстранувањето акни и бубуљици за мене стана уметност, без тоа не можам и го сметам за одлична навика, си имам систем кој функционира. ;) Подобро тоа, отколку да шетам гној на лицето. :puke:
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Сакам три работи:
    1. Почесто да ги користам сите купени пилинзи,дал за лице, дал за тело, а не некогаш во месецот кога ќе ми текне;
    2. Да не го чепкам лицево и косава;
    3. И за крај, би сакала кога ќе видам дека лакот почнува да бледнее и да се лупи, да го избришам и да ставам друг, ама нееее, мене ме мрзи, па неколку дена ќе си го подлупнувам прво, дур не ми светне дека изгледа грдо.

    Тоа би било тоа...
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Природа ме нече бре! У принцип имам навики,не ми е тешко кога треба да се затријам,замијам, од баба ми по мајка тоа како некоја СТРААААШНА лекција ми е наметната, што дури и мајка ми не и се плаши толку.
    Едино што сакам трајно да го мачкам и масирам газов,зошто ме замрзува на периоди. Па ај коа ќе станам,па пред легнување...еееее...перипетии. А не е некое без напор,треба убаво да се затриеш,чак што више и да се испотиш од гмечење,не можам за цел живот така,а сакам. И секоја година пред одмор си викам,е да се мачкав по 5 мин секоја вечер,не мора повеќе,сега каде каде ќе бев помазна! :D
    Се друго мање више го применувам како прваче. Имам некој си ред.
    А вака,исто,да не ја фаќам косата и лицето. Нешто како Трендафилка... Операција,копање лице. Ќе најдам црнка со лупа ако треба и ја напаѓам...Косата низ прсти постојано,особено ако нешто работам, па на секои 30 секунди ја допирам,па продолжувам,ако читам исто,ако гледам филм исто,ма у секој ебан момент!
    И да си наметнам некои ритуали пред спиење за лепота,ама од типот,да си пивнувам еден чај и мешавини у име младости. Ќе си легнам и заборавам да испијам тоа што НАВОДНО викаат дека е добро за целулит, кожа и не знам што таму.
    Едино природата што не ме сака. Имам тенка кожа,имам природно сува коса,природно кршливи нокти (кои се влошуваат кога ми се влошува крвната слика) и тоа е тоа,шо и да им правам, ќе ја истакнуваат болната вистина на моето несовршено тело! :D Мање-више имам навики за лепота, еве на пример некад кога ви пишувам на фемина,тоа е со нозете у леген или маска на лице и врат, или маслосана у косата со некое масло или со ракавици на рацете и нозете (тие бе,од авон,демек за третман)! :D Процесот е досаден ако го чекаш без занимација,5 мин е процесот на нанесување и се забавуваш дури и се забораваш! :D Имам дури и фотографија со нозе у леген,а јас на лаптоп! :D
     
    На detelinkaa и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    сакам да имам навика
    - да се шминкам почесто т.е. да користам повеќе сенки, пудра, руменила,кармини(а не само малку коректор и маскара )
    - да вежбам редовно да се затегне ова чудово од позади
    - да не ми бидат постојано рацете на лице и по коса
    - почесто да си правам промени во собата
    - почесто да усисавам низ мојата соба
    - да се јавувам на мобилен кога ми ѕвонат (искрено многу мразам да разговарам преку телефон |( )
    .... сега за сега ова ми текна, па ке се надополнам доколку се сетам на уште нешто
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сакам да имам навика
    Да не ги сечам сите нокти, само ако едниот ми се потскршил
    Да си правам пилинг на стапалата
    Во зима почесто да користам лосион за тело после капење (ми студи :$)
    Да цртам пак скици од соби, исто како мала кога бев
    Повеќе да си ја чистам собата
    Да не се излежавам во летниот распуст, туку да направам нешто корисно

    Толку, не ми текнува сега за сега :lol:
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    -Би сакала секоја вечер да си ја отстранувам шминката,а не само понекогаш.
    -Да посетувам стоматолог почесто и да се грижам повеќе за моите заби.
    -Да престанам да ги стискам мозолчињата :!:
    -Сакам да знам подобро и побрзо да ставам туш,а не јас 15 мин. на тоа трошам :fubar:
    -Да научам како се става сенка :wasntme:
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    сакам да не заборавам да си ги правам вежбите за стомачето :swear: :)
     
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    -Како и повеќето, после туширање да си се мачкам со млеко за тело, крем, што било.. Мноогу сум мрзлива, чудо е кога ќе ми текне тоа да го направам после еден дооолг туш!

    -Да им посветувам повеќе внимание на стапалата, ич немам навика да ги негувам |(

    -Да не си ги грицкам ноктите. Во последно време оваа навика ми се смали драстично, ама ја заменив со друга...

    -Еве надополнување на предходната реченица, да не си ја чепкам косата. Значи што и да правам, јас сум со рацете во коса,исто како Лилит. И после се чудам зошто после 2 дена ми е мрсна ;(

    -САКАМ да ми стане навика секоја вечер да правам мал пилинг на лицето. А секој трет ден да го тонирам лицето и чистам истовремено (оние 3 во 1 производи), па после тоа на чиста кожа како што пишува и на упатството да ставам онаква peel-of маска. Веќе го почнав овој ритуал, па да видиме колку ќе се придржувам до него. А и со маскава е баш интересно. Кога ќе ја ставиш личиш на сијалица, а па да не зборам кога треба да ја вадам :rofl:

    -Да не ги стискам бубличкиве, ај се намалија малку, ама кога некоја ќе ме изнервира, неможам да ги тргнам рацеве од неа, тоа додека не ми се раскрвари :doh:

    За сега толку, ама најмногу ова со косава! Единствен начин е да ми ги заврзете рацеве позади грб...
    Yes, it is that bad...
     
  16. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    -Би сакала косата постојано да не ја носам фатена во реп,почесто да ја носам пуштена но штом ја пуштам почнува да ме нервира како нешто да ми смета и повторно пак ќе ја соберам,а тоа не е баш добро од утро до мрак скоро секој ден постојано стегната со некоја шнола почнува да опаѓа посебно во предниот дел.

    -Би сакала млеката и лосионите за тело што ги купувам доста често да ги користам почесто,а не едвај само неколку пати во месецот да ги употребам и така да ми стојат на полица да собираат прашини.

    -Би сакала кремот за лице да не го менувам пречесто затоа што постојано купувам кремови а не ги искористувам ни до половина,и така дома ми се имаат собрано едно десеттина кремови едвај употребени,но што да правам кога се што ќе видам или прочитам за козметика сакам да го пробам.

    -Би сакала почесто ноктите на рацете да ги средувам ,да ги обликувам ,излупениот лак да го отстранувам и да ставам нов.
     
  17. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    -кога ми е досадно да не ѓи гризам ноктите
    -да одам барем еднаш неделно на фитнес ама секогаш оставам за наредната недела
    -да не ме мрзи на оваа топло време да ја пеглам косата
    -да си го чистам лицето секој ден а не јас на два дена и после се жалам дека ми е мрсно
    -да не посакувам да купам се што ке ми се допадне,да го имам секој нов производ..
    засега на тоа се сетив само :)
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    - Да им посветам поголемо внимание на ноктите. Кршливи ми се, жолти и меки, а јас едноставно ги ,,прикривам'' со лак и мислам дека сум завршила работа. А уствари треба бааги нега околу нив.
    - Да се мачкам (скоро) секоја вечер со талог за кафе, искомбинирано со масажер. Од пуста мрза, цела недела го немам направено ова. Шејм он ми. А целулитчето си стои, сирото.
    - Да ставам почесто од тоникот и гелот за лице, а не неколку пати во месецот.
    - Да не ја чепкам и фаќам постојано косава. Особено во делот кај скалпот, постојано ми е раката таму а особено додека гледам телевизија.
    - Исто и за веѓите ова ќе го кажам. Чупалицата нон - стоп ми е во рака и само барам некое влакненце да извадам. |(
    - И за крај, многу сакам да и посветам поголемо внимание на косава, да употребувам некои маски, масла и што ти знам јас друго. Ама ме мрзи :drunk: :D

    Тоа би било тоа.
    Јас уствари постојано се стремам кон тоа да привикнам на некоја навика, али само се обидувам, за жал. Одма наоѓам некој изговор или мрзата ме совладува па си одлагам за некој нареден пат. :drunk: Дома тониците, геловите, кремите за лице, лосионите и млеката за тело ,исто и кремите за нозе ми се преку сила само до пола испразнети, а се бог знае од кога. Истото се дешава и со капките за суви врвови, првите денови кога ги земав бев толку ентузијазмички расположена - со планчиња после секое миење да ставам, ама ... [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    - Да отстранувам секогаш шминка пред спиење
    - Да научам убаво да ставам туш
    - Да ги чистам постално четките за шминкање
    - Да одам почесто на фризер, додека бев плава одев еднаш месечно сега откако се затемнив еднаш на три месеци :tmi:
    - Да се борам поупорно против целулитот |(
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    да не заборавам навечер пред спиење да ја вадам шминката и покрај тоа што имам проблем со видот јас заборавам да ја вадам шминката