-Да водам повеќе грижа за стапалата -Да не ги трошам млеката за тело "како алва" -Да не бидам толку мрзлива и да го фатам веќе еднаш Орбитрекот и да стекнам навика да го користам -Да не ги оставам алиштата на стол -Да ги користам лосионите и кремите за акни, а не само да ги купувам и да се чудам после зашто лицето ми е лом -Да одам редовно на фризер, наместо да имам трауми дека ќе ме унаказат (што се случува скоро секогаш) -Да се хранам здраво
*Да се навикнам да вежбам *Да си ги негувам повеќе стапалата *Да ми текнува почесто да ставам млеко за тело и крема *Да не ги расфрлам алиштата по кревети и по столици *Да не ги сечам ноктите и кога ке ми нарастат 1 милиметар -.- *Да не правам секоја секунда балон кога ке имам мастика во уста *Да одам на забар редовно *Да ја собирам косата во реп понекад кога сум дома *Да не ги крцкам прстите
Стискање на акна е едно. Ама друго е помини покрај огледало и оп што е ова? Хммм акна. Еве ја ко да расне нешто, вајда расне. Чек да ја стиснам. Нема ништо. Чек пак. Еве еве ќе истече нешто. Уште малку еве. Уште малку. Леле крв ништо немало. Па после 1 ден ти расне чудовиште или ти се воспалува местото. Па ставаш се и свашта. Па стои така 1 недела рана. Па после имаш и лузна. И од ништо правиш нешто со кое со денови се малтретираш. Е таа навика не сакам да ја поседувам, чепкање на лицето кога е беспотребно И сакам да се одвикнам од чистење уши постојано. Не е здраво чистење со чепкалка, а посебно не често. А јас знам по 2-3 пати на ден тоа да го правам. Ќе го окркам некад од таа глупа навика.
Роси, ко мене да си ме опишала, да има како и лупа ќе земам пред огледалото, за поубаво да ги видам и оние акни понавнатре што се, да не остане некоја неизмалтретирана, па како. Од таквите акробации, грбот одвај си го оправив, мака мачев 3 години со флеките од акни, гледам сега се повлечени за едно 80%, ама јас си знам со каква мака се случуваше заздравувањето. Флекишта гнасни, си мислиш булдожер ми копал по грбот, ма кога ќе подразмислам - и булдожерот би бил понежен од моите рацишта, т.е. прстишта во пакет со ноктињата. Е, сите што го читате ова, подразмислете малце што и како правите. А за стискањето на веќе зрела акна - немам ништо против, си имам и јас тактика која ми успева и никогаш не ми се иритира местото, зашто стварно гадно ми е и мене кога ќе видам некој со такви гнојанички по лице. Ама за тоа што го опишала Росонерка погоре, е - тоа е тоа, тоа е таа гадна навика.
- Сакам да не ме мрзи навечер после туширање да се намачкам некој крем - Наутро да го мијам лицето со пилиг за плакење лице. - Да ги растам ноктите. - Да ја собирам косата во реп некогаш кога сум дома.
И јас сакам да ја немам веќе таа глупа навика да го лупам целосно лакот кога малку ќе ми се излупи. Да земам како човек со ацетон да го избришам. Да имам навика да вежбам секој ден а не само кога ќе ми текне. Небитно дали стомачни или некои други вежби. Баш, најдов едни доста добри на нет ама пуста мрза, никако редовно да ги правам . Да си ставам маски на лице, да обрнувам повеќе внимание на неговата нега. Јес, да ми е колку-толку чисто ама сепак. И би сакала да имам навика да се депилирам место со брич . Ама никако да се одлучам на тој чекор.
- Би сакала да не заспивам со шминка. - Да му ставам понекогаш маска и крема на лицево. - Да ги чупам редовно веѓите - Да не го вадам римелот ,,рачно,,
-Би сакала да имам навика после секое туширање да ставам лосион за тело. -Да не ги стискам црникте и мозолчињата по лицето. -Да посетувам почесто стоматолог. -Да не ја чепкам косата со рацете. -Да ги средувам повеќе ноктите и да ги обликувам.
-Да бидам пострплива. -Да не бидам олкава мрза. -Тоа што ќе си го зацртам да го исполнам,иако понекогаш се обесхрабрувам. -Да не се плашам од стоматолог и инекции,инфузии. -Да не ги чувам ноктиве в уста,за да можам да ги израстам и да се зацврстат. Има уште многу, предолг е списокот.
Секогаш да ми се средени ноктите, т.е секогаш ми се средени (налакирани) но ми се кршат и ме мрзи да ги средам со турпија. Да користам сапун за лице секојдневно. Да си ги средувам веѓите стално. Да се усовршам во ставање на туш.
Јассс навики имам еден куп..... -Шминката редовно ја тргам од лицето за тоа шо мислам дека е штетно да спијам со неа... -Секој ден пред огледало стискам мозолчинја... -Косата ја пеглам редовно секој ден .... -Ноктите секогаш ми се средени за било каква пригода(сега за сега тоа ми е и профецијата) -Кога ќе се избанјам ме мрзи да се облечам веднаш после саат време дури...(дали поради секојдневното туширанје немам појма а кога сум под туш едноставно уживам по саат време шо е мнг некогаш) -Навечер седам до мнг касно шо е мнг лошо после тоа го преспивам пола од денот и ништо не ми е како што треба во последно време.... -Вегите ги чупам мнг често на секои 2-3 дена.... -Несакам воопшто да се плашам од било каков вид на животни ама ете тоа ми се случува цел живот, кога ќе видам некое животно како крв да немам во мене (што на некои тоа им е иронично) -Несакам да бидам премногу нервозна некогаш и да не избувнувам во некои ситуации веднаш без да избројам до 10 - Да не пијам премногу кафе по 3-4 пати на ден во шолја за чај и тоа е мислам....
Сакам... - Да не ме мрзи да ставам маски на лицето , само купувам им поминува рок и фрлам. - Да не ме мрзи да се чупам , а ми подраснат да ги тргам , а не да се канам неколку дена за тоа. - Да си се лакирам редовно , а не да ме мрзи излупениот лак да го тргам па после нов слој. - Антицелулитните да ги правам почесто , а не 2-3пати месечно.
~ Пред се, сакам поздраво да се хранам ама тешко да му одолеам на лебот и благото... ~ Одам на Зумба 2 пати неделно, ама сакам и дома да вежбам барем уште 1 ден во неделата. ~ Редовно да одам на забар и фризер. ~ Да посветувам повеќе внимание за нега на рацете и стапалата. ~ Да бидам помалку пред компјутер, а повеќе надвор на отворено!
- Да посветувам повеќе грижа за стапалата - По секое туширање да нанесувам млеко за тело , од кога ќе се облечам потоа ми текнува - Редовно да ставам маски за лице