1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навики

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sm.real, 17 јули 2011.

  1. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Епа вака девојки кои се вашите навики?Добри и лоши?Дали сакате да смените некои од нив и како го правите тоа?

    Еве една моја лоша навика е да јадам навечер преку ден можам да јадам колку што му е потребно на организмот ама навеечер јадам како божем утредента ќе постам. :lol: Се прејадувам.Ова е последица од моите такозвани диети (цел ден не јадама ама навечер..) :^) :devil: И сакам да ја променам навикава да си го научам организмот на правилен начин на исхрана ама слабо ми иде :@

    Добра навикаа :?: ..Ги има помалкуу :wasntme: ..А да неодамна се откажав од крем иако порано од него живеев.Доручек ручек вечера крем..нема смисла |( Веќе не е така и се гордеам што сум се сменила во тој поглед. :rofl:

    Разгледував и ваква тема не најдов.Ако има слична оваа заклучете ја.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Можам да се пофалам со повеќе добри навики на пр .Редовно вежбање ..во здраво тело здрав дух :!:
    Ама зошто фалењето не е добро еве ги другите навики :

    -> Оставање на сите шкафови подотворени е на врвот на листата на глупави рутини :P
    -> Објаснување со појаки емоции ..т.е дерење :@
    -> Понекогаш правдање, објаснување на секој за сешто.
    -> Нервирање за ситници ..иии има и други ..ама доста се овие ;)
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    И вакви и такви ги има многу, ама не ми текнуваат сега сите бе. :?:

    Хмм, што знам.
    Лоши навики: упорно ја расфрлувам собата пак иако претходно била изгланцана до максимум.
    Никако не можам да ја преболам мрзата и да се фатам за книга како што треба.
    Цигарите, да, веќе прераснаа во навика.
    Кршење на нокти. Цел свет грицка, јас кршам. Глупаво школо, а почнеме, пак од нервоза ги упропастувам.
    Red bull. Му ја претерав.
    Јадење ко стока.

    Добри:
    Нема веќе бегање од школо.
    Шминката ја вадам секој ден што е можно попрво, а не да се влечкам до вечерта. Или после искачање, пијана, непијана, одма вадам. :$
    Јога. In hello body, hello ghost. Како беше тоа. :D
    И тука јадење ко стока. Ако ништо друго не гладувам и имам редовна исхрана. :D
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Навики, ги има мал милион. Лоши, добри, битно навики се.. :D Еве неколку:
    -Играње со прамени коса-и покрај тоа што дополнително ја мрси косата, јас навикава си ја влечкам од мала и никако да се одвикнам
    -Несредена соба-не знам едностано да создадам ред и полесно ми е да ми биде расфрлано отколку да се мислам што каде да стои.
    -Грицкање нокти-добро, од ова се одвикнав, ама се пренасочив на кожинчињата околу ноктите. Same shit different name!
    -Нередновно учење-ја имам среќата да паметам од на час доста работи и не учам една по една лекција, туку пред тест се... Всушност немам навика за редовно учење.
    -Објаснување со многу зборување-дури и најпростата работа јас не знам да ја објаснам со прости реченици. Многу зборувам и тоа ми создаде навика се на секого да објаснувам на долго и на широко...
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.278
    Не знам дали некој друг ја има оваа навика, ама јас кога варам турско кафе потоа морам да го измијам ѓезвето, нема шанса да го оставам за миење, и да има други садови, рефлексно земам и го мијам.

    Оваа ми е најчудна навика.
     
    На Cacy, Rock-a-Fella и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сеси не си единствена, јас секогаш, :!: ама секогаш кога и да правам кафе навика ми е одма после тоа ѓезвето да го измијам или поминам под млаз вода. Една баба викала поарно да го измиеш со една рака, него со две (гет д поинт ? ;) )Нешто најмногу што мразам в кујна е да видам ѓезве засушено со кафе, и да има други садови исто и јас него обавезно го мијам , уствари некоја навика, што и да правам во ѓезве, после тоа одма го мијам.
    И да варам вода за чај или нескафе после тоа и од вода да е, мора уште еднаш да го поминам под млаз вода, навика, не е чудна, убава навика ни е тоа :hai: :up:
    А за лошите навики имате друга тема.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Девојки ПОМОШ!
    Имам една лоша навика. Цело време си ја фаќам косата, мислејќи дека ми е заплеткана (имам такво чувство), а со тоа косата ми се кине и ми се оштетува.
    Ве молам дајте ми некој предлог како да се одвикнам. :(
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.351
    Допаѓања:
    90.622
    Пол:
    Женски
    Нели има тема Лоши навики?

    Мои навики:
    -кога и да одам во тоалет, морам да ја избришам веце школката.
    -после не сакани гости ја чистам школката со сите средства.
    -кога имам гости од кои се гадам ги вријам садовите од кои пиеле или јаделе.
    :$
     
    На PinkpankaceM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Гризење на устата,особено кога сум нервозна
     
  10. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Многу брзо се нервирам,учам само пред тест,многу брзо се лутам на блиските,а потоа ми е жал.
     
  11. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    За без врска се лутам , инает голем су , и да знам дека не сум во право јас упорнно тврдам дека е така ... на татко ми сум ... :lol: :lol: мајка ми така ми вика, иста си како татко ти :lol: :lol:
     
  12. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Малку да те поправам мислам дека да си инает не е навика,повеќе е карактер. :D Но како и да е,јас имам навика насабајле кога ќе станам да пијам чај.Најчесто оној Англиски чај.Од мала си имам таква навика и како викаат:Навика си е навика!
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Охоо колку ги имам. :tmi:
    Јадење касно навечер по полноќ, значи тогаш неможам да се контролирам, само во фрижидерот чепкам. :$ Кога сум нервозна ја гризам устата онака крвнички, навистина многу непријатна навика.
    И една моја особина што ми оди на нерви и сакам да ја искоренам по секоја цена-се нервирам за се и сешто...
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Значи многу се -
    * јадење кај три, четири по полноќ.
    * грицкање нокти, еднаш ми беа направени и тоа сликата ја постирав.
    * гризење на устата, не крвнички.
    * купување мастики, и повеќе од 5 во уста.
    * малтретирање животни, не лошо, онака да ги збеснеш.
    * замарање и нервирање за све и свашта.
    * уклучивање Фемина секогаш кога ќе уклучам компјутер.
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас освен гризење на устата немам други навики :D ...Ако знае некој како да се одвикнам :tmi:
    Исто како и сесилија и јас после секое варење на кафе ставам вода во џезвето и го мијам :D И јас мислев дека сум единствена :lol:
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Да ти кажам право, јас еднаш пробав. Си купив еден сјај за уста што мирисаше гадно, многу. Ќе си ставев, и само што ќе ја допрев устата ми се гадеше. Делуваше. Некое време ... :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    А каде го купи тој сјај и колку чини?
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    11.298
    Пол:
    Женски
    Многу лоша навика ми е кога ќе станам од спиење и одам накај тоалет, раката во долната пижама да ја пикнам. Ништо не правам, само ја пикам.
    Е сега незнам дали е добра или лоша навика што мора се да ми биде на место. Едно нешто да е оставено кај што не му е местото ме вади од кожа.
    А во врска со плакнењето на ѓезве, тоа е одлична навика. Јас сите садови после јадење ги плакнам. Подборо ми е така отколку после засушени да ги стругам.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Навики....чек да отворам тевтерот :lol:
    -уште очи не отворени му звонам на дечко ми
    -станувам и прво уклучувам лап топ па одам да се мијам
    -греота увцето на дечко ми, нон стоп го грицкам
    -неможе да седнам во кола а да не ставам појас
    -телефон во ташна,никако џеб
    -ако сум дома обавезно уклучено фемина и скајп,не битно дали учам,чистам,работам....и така помини замини ѕирни
    -никогаш не ја досушувам косата, многу пати знам пола саат пре излегување да ја измиам
    -вечерам доцна
    -кога излагам зад мене оставам хаос, средувам откако ќе се вратам
    -гризење уста
    -одредени работи во 5 до 12 ги решавам
    -цел ден можам да седам во пижами
    -цел ден можам да не јадам
    ....ај доста е
     
  20. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Кога сум попладне на школо во пижами си седам и постојано ми викаат за тоа... насабајле обавезно јадам не можам непојадена да функционирам, наве4ер никако не јадам, обавезно тр4ам (брзам) за на школо оти обавезно доцнам , колку и да станам порано, јас последна сум на школо... итн итн...