Имам 2 многу лоши навики ,кои веќе подолго време се обидувам да ги одвикнам но тоа е само привремено -грицкање нокти -гризење на устата
За секоја навика има и одвика!! Се се може ако се сака, па дури и преголема навика може да се одвикне..
Прекинав да ги грицкам ноктите пред две години, али сеуште по навика ги брцам прстите во уста. Да замарам луѓе за глупости
Па навика ми е да грицкам нокти и цел ден да седам у пижами..и кога некоја другарка ќе ме викне за шетање јас и велам па чекај ма да се облечам..и таа се смее..али тоа е
Имам една чудна навика, немојте да ми се смеете После секое јадење или на сред јадење, ја кревам маицата/фустанот горе да видам дали ми се подул стомакот.
Секогаш кога си варам турско кафе ставам една преполна лажичка и плус ја брцам уште еднаш лажичката во кутијата па додавам уште малку, онака на врвот. И понекогаш си викам е овој пат нема да додадам и не можам бе, не можам. Имам чувство дека нема да ми е вкусно кафето.
луѓе имам многу лоша навика .. постојано грицкам нокти , никако неможам да се одвикнам ... така сум пробала и после 1 недела највеќе за некоа ситница ќе се изнервирам ,или пак од досада и ќе се занесам и ги грицкам .. а не ми е толку за нив,колку тоа што завчера еден што ми се свиѓа ми рече дека мрази луѓе што грицкаат нокти.. како да успеам да се одвикнам !????
При секое уклучување на компјутер милион прозорчиња уклучувам фемина,фејсбук,9гаг,јутуб.... и пред секое излегување од дома ставање дезодоранс било да фрлам ѓубре,одам до продавница или до кај комшиката да земам нешто морам да се шприцнам... Не грицкам нокти и не ја подгризувам устата ама кога носам дуксер и ми висат тие за стегнување на капуљачата,обожавам да ги џвакам
Лоши навики ~говорење со висок тон(дерење) ~Отворена секогаш(без влатна на јазикот) ~Побрз јазик отколку мозок Добри навики ~ислушување ~почитување постари ~педантна ~искрена Моментално на ова ми текна......
Имам навика да си вртам со косата да ја туткам и после да ја отплеткувам А како мала сум „вртела“ со косата на мама.
Јас имам една чудна навика , ајде не постојано али на секој саат барем по еднаш ги дујам образите, баш онака како балонче ..
Имам многу гадна навика грицкам нокти сум пробала и кремови, и лакови џабе е не бива ништо не помага кога седам на ком обавезно морам да се лулам на столот ако немам обврски можам и по 2,3 дена да седам у пижами и сеа последно навика ми стана да викам абее слушај за што и да зборувам и со кој ја обавезно морам да го додадам абее слушај
-Порано имав навика да ги грицкам ноктите и прстите постојано ми беа во уста. Сега грицкам нокти ако ми е ужасно досадно или ако сум многу напната поради нешто. -Имам глупава навика кога седнувам да си ги кревам нозете горе. Најтешко ми е кога сум на гости (не рачунам кога одам кај блиски луѓе кај кои не ми е срам да си ги кренам нозете) или во школо (дури некогаш и во школо, на некои часови едната нога ми е под газ ставена) и кога ми е забрането кревање нозе. -Имам навика да си ги мијам рацете со сјај за миење садови, а поради тоа сега си трпам алергија. -Си ја вртам косата околу прстите, постојано ми е во раце. -Имам навика да си ги чистам патиките каде и да сум, не е битно дали сум дома, во школо, во кафич, едноставно ако ги видам дека се прљави одма вадам влажни марамици и ги чистам. -Имам навика кога некој ќе погреши некој збор на македонски/англиски или ако не се изрази како што треба да го поправам. И тоа ги нервира повеќето околу мене и секогаш ми се лутат. Ама посилно е од мене, не можам да се воздржам да не ги поправам.
Грицкам нокти. Секој ден се бањам, лоша навика. Како што кажа Тенкаи нозете и мене секогаш ми се на стол. незнам да мијам раце со сапун, едноставно ми се лизга (а кога се бањам или мијам лице ок ми е), и затоа раце мијам со сјај за садови или гел за туширање.
Постојано ја фаќам косата и многу ја мразам таа навика. Многу се нервирам кога некој друг ќе ме фати за коса, а јас сама, несвесно го правам тоа. Ќе се занесам во нешто и ќе ја слушнам мајка ми како вика: Мони, пушти косата Затоа раце ќе ве замолам подалеку од косата, има штетни последици за неа
Кога ќе почнам да учам секогаш викам значи вака.. тоа ме нервира, ама ете навика. Зборчето абе неможам да не го користам, секогаш кога ќе му се обратам на некој викам абе.. Насабајле неможам да функционирам ако не се напијам чаша млеко, ама тоа ми е добра навика, барем според мене. Имам и други навики, ама сега не ми текнуваат во моментов.
имам навика да ја грицкам устата од внатре и кога ќе јадам нешто кисело или солено не да боли у пм . целата ми е рани и секој пат си викам само да ми помине да не ме боли,веќе никогаш нема да ја грицкам ама само се залажувам.неможам да се одвикнам.