Nema slika od istiot, mojot e jonizator + navlaznuvac so filter odozdola i e 7000den, ne sum zadovolna. Mislam deka bas ubavo da go procisti vozduhot moze samo asalen procistuvac....
Што фирма е твојот да знам да не купам? А ако треба да платам 36 000 за јонизатор ќе се преселам на водно.
А на Водно демек не е загаден воздухот. Еден период дур син ми беше мал и јас се мислев да купувам. Сега мислам дека се е тоа само убав начин на дрпање на пари. Кога ќе дојде ноември во Скопје, смогот скопски и загаденоста незнам кој прочистувач би ја средил. Па кога ќе речат не проветрувајте, ами воздухот внатре од каде е. Плус сабајле во најголемата магла ако вадиш дете за градинка или за школо тогаш која е целта на прочистувачот дома. Мајката му е само надвор од градот да си. Ама пустото сите работата не врзува тука.
Се спрема живеалиште надвор од Скопје. Ама Центар е 100 пати позагаден од Водно, да не зборуваме Лисиче и Аеродром... Прашина е насекаде од коли. АКо има можност барем малце да спречам барем, ќе спречам. И зимава немам намера да останам во отровиве. Ама до тогаш да најдам јонизатор ко што треба.
На Водно горе,кај крстот? Доле од кај што почнуваат зградите и куќите,е исто како и во другите населени места во Скопје Дема ветерче,нема промаја нема ништо
Мислам дека јонизатор е дополнителна функција на навлажнувачот. Нешто во врска со начинот на распрскување е. А прочистувач е дефинитивно различно од навлажнувач
Јонизатор не е прочистувач на воздух. Побарајте на гугл и прочитајте што му е функцијата. Прочистувач на воздух, навлажнувач, јонизатор, сè се тоа различни функции.
Да можно е, имам јас на Chicco навлажнувач + јонизатор (а има од истото само навлажнувач мислам). Само јас овој не би да го фалам, некако не гледав разлика кога ми беше пуштен, плус ми се има нешто расипано скоро, не ја пушта пареата... само воздух пушта и водата си стои во него... а некаде 7000+ беше.
Знам, само мислев дека јонизаторот секогаш оди во комбинација со причистувач, прв пат слушам дека имало и со навлажнувач во комбинација.
За еден прочистувач на воздух да биде квалитетен и да го филтрира воздухот кој ние го дишеме треба да има хепа филтер кој ќе филтрира 99.97% од честичките во воздухот. Пожелно е, но не и задолжително е да има и филтер со јаглен кој служи да ги филтрира непријатните мириси. Е сега, намената на еден јонизатор е да создава електрони кои се испуштаат во воздухот и се спојуваат со молекулите на воздухот и заедно создаваат негативни јони. Негативните јони се спојуваат со прашина, полен, чад од цигари и така создаваат поголеми честички со цел полесно да се исфилтираат. Исто така би сакала да нагласам дека некои лица можат да имаат негативни последици од јонизатори, особено лица кои страдаат од астма и алергии.
Јас имам на Горење. Задоволна сум, би го препорачала ама има две мани. Првата е што изгледа како проточно бољарче, поглуп модел здравје, не дека е битно многу, ама грдо личи на комода А втората што за да наполниш вода е многу непрактично, треба да го свртиш едниот дел, да наполниш и брзински да го вратиш за да нема поплава, а ние сме баш така нежни што малку лом правиме Убаво ме потсетивте да го најдам и средам за погон, бебе кога ќе го лоцира дека свети ќе се прерадува
Вие што користите навлажнувач на воздух, мерите ли колкава е влажноста или апаратите мерат? Знам дека може и влага да направи ако се користи непотребно, на страна што бактерии се множат на толку влага