Истово го имам, топ е, ама не мојжам да го сварам дизајнот, баш поради тоа би бирала инаков, како проточно бољерче е
Кај ти текна на проточно, баш таков е Барав со поголем резервоар за поретко да се маткаме за полнење, но ај и овој е добар. Дестилирана вода му ставаш?
Колку го земавте? Ние го земавме тој од Топ шоп,апартче за мерење влага порачавме од Алиекспрес и стално покажува околу 40,50. Сега читам што си пишала си викам да не не мери убаво. Од 40 до 60 треба да е влажноста така?
На син ми веќе 3та недела како му се затнува носето и тоа навечер кога ќе си легнеме да спиеме. Обично заспива и после некое време се буди со затнат нос и така цела вечер. Настинат не е,па единствено решение ми е да пробам со навлажнувач на воздух. Се грееме на парно,иако првпат му се случува ова,и лани зимата се греевме вака,па сме немале проблем. Се слуша ли додека работи,бучи ли,не знам да не му смета додека спие,зошто при шум бебе се буди? И треба ли цел ден да работи или само пред спиење го вклучувате? Да не се создава мувла на ѕидовите? Видов дека го препорачувате тој како проточен бојлер,препорака за некој друг,на што да внимавам кога ќе барам?
Ние истиот тој од Горење го имаме. Не бучи, не се слуша додека работи, кога ќе снема вода титка. Ние навечер пред спиење го уклучуваме во спална, дека во дневна самиот прочистувач за воздух ни е со навлажнувач и си работи цела ноќ. Влага не ни има направено.
Дали некоја го има овој навлажнувач и како е задоволна Се грееме на клима па ради бебчо се заинтересиравме и зазнавлажнувач
Ние имаме два од делимано, ги зеѓавме ко на шала ама вршат работа. И синко беше така затнат. Овој не е бучен ич,ама па секој ден вода ставаме
Истиот го купив минатата година додека се греевме со панелка, сега не го користиме, 3000 го продавам, ако сте заинтересирани контактирајте ме, дали 2 месеци е користен, нов е.
jас да ви кажам земав еден на попуст од Сетек минатиот месец и многу сум задоволна,ваљда ќе тера само незнам дали уште важи попустот,ама како и да е не е скап
не е гласен @srekice јас па не го ставам на јако никогаш,на среде е цело време или малку повеќе од среде
Овој ли модел? Се слуша ли многу кога работи? Се мислам само дека нена мерач на влажност,инаку би го купила и да не се слуша многу кога работи.
Навлажнувачите на дормео ми фаќаат око. Не се многу лични, ама стрина ми го има и е задоволна. На почеток не знам со што ќе се грееме. Ако биде на клима ќе мора да земеме навлажнувач, едвај заспивав дома кога беше пуштена климата, многу го суши воздухот.
Mnogu pomaga posebno koga deteto e nastinato. Nie na vecer go namaluvame parnoto na 20 C I navlaznuvacot raboti cela vecer. Mnogu podobro se disi I nema suvo grlo I zatnat nos na sabajle