1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навлажнувач на воздух

Дискусија во 'Бебе' започната од Miss.Sweet, 10 ноември 2015.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Не чини на дормео навлажнувачот

    @hello-kitty.90 не е тој. Нашиот е без мерач на влажност, имаме посебно за мерење на влажност. Мислам дека овој што го имаш на слика е поскапиот модел. Инаку не се слуша воопшто. Никаков звук нема.
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Се мислам да го земиме овај, дали си задоволна?
     
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    дада супер е
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    И ние го земавме на Горење, само малку ме буни што кога го ставам на inteligent mode оди над 90проценти влажност, нели е тоа премногу?
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Цело време е 90?
    Да не не ви е сув воздухот?
    Мене на смарт ми стои цело време и до 55 мислам дека максимум и се качила бројката.
     
  6. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Па сув е, кога го вклучувам е накај 30-40 и после се зголемува до над 90. Дали нешто сензорот не е во ред, не ми е баш јасно... Ќе се јавам во сервисот, таму секако би знаеле во што е проблемот.

    А спиете со вклучен навлажнувач?
     
  7. Cool_lady

    Cool_lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Прашавте ли во сервисот зашто покажува над 90%? И кај нас покажува 97%, дали тоа значи дека во собата влажноста е толку или?
     
  8. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    @Cool_lady се уште се немаме јавено. Го ставивме на најслабо, така што сега не достигнува толкава влажност.
     
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    @Филотеа и @0ли како ве служат навлажнувачите? Добри ли се? Дестилирана вода мора или може купечка од шише? И од каде го купивте?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Супер е, задоволна сум. Досега само дестилирана сум ставала.
    Во Сетек го зедов, но и во Горење го имаше.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 ние од Горење го купивме, на Партизанска.
    Задоволни сме, сме пробале и со зовриена вода, само треба да внимаваш, кога ја вриеш водата бигорот се собира на дното, па да не го претуриш заедно со водата во навлажнувачот.
    Инаку, малку е гломазен, па не е практичен за носење од соба во соба.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Од кои навлажнувачи / прочистувачи на воздух сте задоволни и цена ако може отприлика.
     
  13. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
  14. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
  15. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ние купивме лани ваков, ама испадна дека не ни треба. Цело време е помеѓу 40 и 60 влажноста, колку што е и препорачано.Инаку си подесуваш колку сакаш да биде влажноста и кога ќе постигне се исклучува сам. Ако сака некоја може да и го продадам. Screenshot_20201104-184107_Chrome.jpg
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Исто, сакав и јас да купам ама среќа видов на прочистувачот на воздух дека има мерач на влажност и цело време е околу 50 освен кога готвам се покачува и не земавме.
     
    На 123baby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana_K

    Ana_K Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво, продавам навлажнувач на воздух од gorenje, купен на 05.11.2020 користен само еден ден. Го продавам затоа што влажноста на воздухот ни е поголема од што треба. Цена: 2500 денари. Купен е од setec.

    https://setec.mk/index.php?route=product/product&product_id=70381
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Јас не измерив и си го купив :) Сега слушам само коментари од мм само пари сум трошела. Ама искрено мислев дека повише варира влажноста зависно со што се грееме, кога е потопло со клима, во поладните денови со парно, ама ете грршка сум била.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Не гледам тема за прочистувач, па тука да прашам искуства со Xiaomi прочистувачите?
     
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас имам и сум задоволна, секоја зима нов филтер зимаме. Нашиот го нема веќе во продажба зошто е постар, има сега нова верзија. Ние го земавме 9500ден, филтерот е 2000денари за него.
    Супер прочистува и си има апликација на телефон преку неа го контролираш, покажува загаденост, влажност и температура. Кога е загадено многу ако отворам прозор одма се активира.
    Битно е само да не ги ставаш еден до друг со навлажнувачот, зошто така одма се активира на најсилно. Само кога е на најсилно се слуша инаку не се слуша воопшто.
    Кај нас цело време работи и во лето и во зима. Потрошувачката исто му е многу мала, зошто немавме покачување во сметката за струја, а ти викам го немаме исклучено.
     
    На Филотеа и Jana06 им се допаѓа ова.