Не знам дали има ваква тема во оваа категорија ако има нека се префрли темава таму. Дали кога некоја личност ви рече лажеш го сфаќате тоа како навреда, доколку нормално не лажете и ја зборувате вистината? Или не го сфаќате ниту како навреда, ниту како било што друго туку не се замарате што таа личност уште пред да ве разбере и сфати ве нападнала или осудила како лажговци или измамници? И дали ви се случило откако личноста сфатила дека направила погрешна проценка да ви се извини? Дали сте го прифатиле (или не) извинувањето и сте ја продолжиле соработката со таа личност како ништо да не се случило претходно или веќе не сте ја гледале со исти очи како порано?
Да, навреда е, исто како што е навреда: крадеш, убиваш,... Зошто кога сум искрена некој да ми залепи етикета како "лажга"? Сепак мислам дека тоа да му го кажеш на некој од улица нема да се замара, но на близок да му кажеш дека лаже ќе се навреди.