Прво би рекла да се каже на родител. Постојат родителски средби. Кога ќе се побуни еден родител, ќе се побунат и другите. Ако се побунат повеќе, не може да се игнорира проблемот. А во случај да се игнорира, можеби треба да го објават случајот во некои од медиумите и така да се изврши притисок за да биде казнет или отпуштен професорот, во зависност од тоа што направил.
Во средно имав неколку професорки што омаловажуваа и се изживуваа со ученици. Наместо да им се помогне на тие ученици, кои и онака имаа послаби оценки поради лични причини, кој во депресија, кој семејно насилство, разводи, лоши пријателства, тие им направија додатни трауми. Исто и во основно, некои применуваа физичко насилство. Тогаш немавме мобилни со камери, ех да ја имавме таа технологија да видеше светот какви нелуѓе се "педагози".
Најтрагично е кога имаш омилен или интересен предмет, а наставникот или професорот ти го уништува искуството. Сега кога мислам на мои омилени предмети преку годините, не можам да се потсетам на ништо корисно што сум научила. Секој час ќе беше со викање, карање со ученици, коментирање за лични проблеми.
Незнам како било порано но сега се полагаат психолошки тестови кога се полага стручен испит (за да може да се земе решение во образование). Исто така и на систематски кога се оди еднаш годишно, има психолошки тестови. И јас сум оштетена во основно од двајца мангупи, по математика и историја. Тие два предмета сум ги мразела од дното на душата, затоа сега ми е криво бидејќи историја појма немам. Историчаров уживаше да нѐ омаловажува на национална основа. Џабе беше и разговор со родител. Затоа, ако имате мака со наставник/професор се кажува на родителот, а росителот право кај директорот, не кај наставникот. Неефективно е да се разговара со самиот наставник, вака од директорот ќе добие опомена на наставнички совет па ако ништо друго барем ќе му биде срам пред колегите. Ако продолжи навредувањето има следни дисциплински мерки кон вработениот.
Какви се тие тестови, во смисла колку се лабави, секој може да ги помине, теоретски се или психолог прави проценка врз личноста? Зошто не сум слушнала некој да имал проблем со таков тест.
Психолог прави проценка, зборам за овие вториве од систематски, тука пред тебе го проверува тестот. За тој првиот незнам, се решава електронски и резултатите стигаат во училиштето. Ако приметат дека нешто не е во ред преку тестовиве, те праќаат на невропсихијатар. Сме имале вакви случаеви.
Во основно имавме наставничка по биологија , уште од врата почнуваше ...вие сте мајмуни ,не сте на пазар животни едни. Ме боли глава денес седете и пишете ја лекцијата на 30 стр. не кокодакајте... Мислам дека уште предава...
Повеќе од очигледно е дека психолошкиве тестови се само формалност. Да не беа со сигурност знам дека некои професори би ги паднале. Знаеме како се одвиваат тестовите, и за возачка нели треба да поминеш тест, а тестот се сведува на максимум три прашања од типот ,,дали некој во фамилија имал психолошки проблеми?" без воопшто да се наведе каков проблем. Вакви работи кај нас не се сфаќаат сериозно. Сè е за да се помине ради реда само. И на факултет ајде нека поминат психологија ради реда као демек најлесен предмет, и на психолошкиот тест ајде нека поминат, и после имаме исфрустрирани дебили што во нормална држава затвор би лежеле.
Голем дел од наставниците студирале на Педагошки факултет заради тоа што тој им бил последно прибежиште. Гледаме дека има од незаинтересирани до насилници. Вистината е таа, колку и да е лоша. Не велам дека нема такви што сакаат да работат тако наставници, напротив и нив ги има многу, но тие првите водат. Психологија и педагогија не се полагаат без причина за таа професија. Наставник може да направи да засакаш некој предмет, но може да направи и да замразиш некој предмет.
Ништо не се превзема заради такви гниди ден денес имам анксиозност и асоцијалнсот, поради понижувања врз база на физички изглед и коментари од типот каква ниска интелигенција имаш .. Они се најголеми гниди во системот повеќе и од македонските докторчиња,
Во основно во другиот клас имаше болно дете хронично, монструмите од деца го малтретираа оваа наставничката кафето и цигарето помина покрај случката како ништо да не се десило.ДНО ДНА
Во текот на моето образование во основно и средно не се случило некој од наставниците и професорите да ме навреди или да навреди некој ученик, навистина имаа коректен однос со учениците, доколку забележеа дека некој од учениците да е посрамежлив, одделен од другите соученици веднаш реагираа на тоа. На факултет пак сосема друга песна, секоја чест на коректните професори, но има и такви дрски, безобразни со душа чекаат да те навредат и да ти кажат дека ти не си за таму, комплекси лечење левел максимум. Најтрагично е што зависиш од нив и мораш да ги трпиш додека не положиш.
Јас во основно имав наставник, за кого навистина мислам дека имаше некои психички проблеми. Во нормална држава, таков човек никогаш не би бил во образование. На ученици буквално им има викано, цитирам: „обеси се“, „фрли се од прозор“, „ти не си здрав“ и сл. Ај што навредуваше така, туку и не предаваше како што треба. Ни „предаваше“ странски јазик, и од тоа негово „предавање“, генерации и генерации ученици, останаа осакатени по тој предмет, и сега не знаеме ни едно здраво да кажеме на тој јазик. И родители реагираа, до директор одеа, и џабе, ништо не се презеде, еве го, уште предава, не само во основно, туку и во уште една гимназија. Можеби да направеа поголем притисок родителите, да не ги пуштаа на децата на настава, можеби и ќе беа нешто поинакви работите, но сепак, не е работа и должност на родителите тоа, туку на училиштето - каков кадар вработува, а уште попрво и на државата - каков кадар продуцира.
Од прво до четврто одд. имавме една крајно безобразна и злобна наставничка. Секогаш беше наклонета кон две-три деца кои константно предизвикуваа проблеми и тепачки затоа што нивните ја поткопуваат со подароци. Не само што упатуваше навреди кон учениците туку знаеше да крене и рака понекогаш. Освен тоа, не одеше по програмата и ги одржуваше само тие часови кои и одговараа. Ги понижуваше посиромашните ученици во секоја пригода. Паметам, еднаш ни даде задача да изброиме колку жици има тркалото на велосипедот. Во клас имавме многу сиромашно девојче, едвај крај со крај крпеа и понекогаш се организиравме за да и помогнеме. Утредента прво неа ја прозва за да ја праша, а многу јасно е дека таа немаше велосипед. До таа мера одеше нејзината злоба, намерно така правеше, девојчево после на одмор плачеше...Родителиве и попуштаат за да немаме ние проблеми и да не ни се одмаздува. Се однесуваше како некој диктатор на кој никој ништо не му може. До ден денес ми е криво зошто никој не изреагира и не и го покажа правото место. Јаката работа ако ми стави пониска оценка по било кој предмет во трето одд. и онака тие оценки не вредат и никој не ги зема во предвид. Ваква некоја да се погоди на мое дете ми се чини дека ќе го разурнам училиштето. Кај од наш џеб земаат плати, огромен дел од нив неуки и со врски пикнати па таму одозгора ќе се занесуваат. Ама убаво и направи еден соученик кон крајот на четврто. Му се имаше навртено и го закачаше за се и сешто цела година. Еднаш се скараа и оваа го удри. А овој така развиен за годините, кога и возврати со еден квалитетен шамар, на цело одд. ни го направи ќефот.
Ќе си ги пријавувате. Преку службени канали. Ќе инсистирате да се водат записници и евиденција за се' што не е по пропис. Ако можете, и од другите деца ќе земете изјави, или ќе ги замолите да дадат изјава лично кај директорот. И обавезно, во архива да оди тоа. Прописно напишано, како жалба.
Помал дел студирале тука, оние што предаваат основно од прво до петто. Останатите од 6-9 и професорите во средно се од другите факултети. Но се сложувам со твојата изјава дека педагошки факултет на некои им било ВПШ за жал. Па така оние што навистина сакале тоа да го учат и со љубов работат со учениците се ставени во ист кош.
Se setiv od napishanovo na sluchkava: Sredno bev i imavme matematika. Na edna souchenichka pochna da i se loshi, da kashla bez prestan. Ja prasha profesorkata dali mozhe da odi do toalet, a profesorkata i reche: ne. Misleshe deka se prepravala i sl. I posinaa prstite na racete na souchenichkava i pochna da se davi, pa duri togash glupachava sfati deka uchenichkata ne se prepravashe i ja pushti. Pa nekoj vikna brza pomosh. A pred da dojde na uchilishte uchenichkata imashe bronhitis. Pa ne mi e jasno kolku rasipan mozok treba da imash za da mislish deka nekoj koj kashla premnogy se preprava za da izleze od chas, a pri toa bil prethodno bolen od bronhitis.
I da, drug problem e shto profesorite nishto ne prezemaat po prashanje kako da se pomogne na dete sho e maltretirano od souchenicite, buling, a kako da se kaznat nasilnicite, onie shto ismejuvaat. Profesorite uporno go ignoriraat ova i ne im e vazhno. Povazhno im e kafeto vo kancelarija i da gi ogovaraat uchenicite. Sramota.
Според некои мои критериуми и видувања, сметам дека факултетското образование не е доволно да се биде професор. Пред се треба да биде педагог, да изгради една релација професор - ученик, но исто така да створи доверба кај ученикот, а не страв и трепет.