Така е. Само детето некогаш може се плаши дека ако ургираат родителите после професорот ќе го малтретира дополнително. Најдобро е групно да кажат сите деца дома што виделе и да реагираат сите родители, ама кај нас повеќето се "Ако не се случило на мое дете, не се замарам". Без да размислат дека утре на нивното може исто да се случи.
Eve primer od pred nekolku dena,mojot sin ima dolgi kosi,i ima samo 10 godini.Nastavnickata go navredila so zborovitekrati ja kosata da zalicis na ucenik. Sinmi mi kaza denes,sega ne znam sto e pametno ,jas da i odrzam lekcija ili da prijavam kaj direktorot?
Да ја пријавиш кај директор. Немој со нејзе да разговараш, обично тоа го сакаат, за да не ги разберат претпоставените какви глупости трескаат на час и да помине се без опомена од повисоко.
https://www.24.mk/details/voznemiruvachko-video-nastavnik-tepa-uchenik-vo-uchilishte-vo-butel И тогаш кога мислиш дека дното е пробушено, размисли два пати. Дали се бираат само партиски кадри за просвета или воопшто некој се потрудил да направи психолошки профил на идните носители на образованието. Не секој има трпение и нерви да работи со деца, затоа што ги има секакви, од мирни, повлечени до темпераменти. Каков поголем доказ треба од видео за да увидиш факти и да го разрешиш наставникот. И како се уште нема прекршочна пријава. Зарем се уште е ова пракса во школите?! Греота за детето. Не боли шамарот, колку што трауми се предизвикани и тек допрва ќе треба да бидат третирани, а можеби и терапирани. Среќа па во денешно време не е тешко да се документира во видео форма.
Ништо нема да му се деси. Нешто ситно колку да ни се замачкаат очи. Најјакото е што за вакви работи отказот ко казна го сметаат. ОТКАЗ. Ко да задоцнил на работа. Ама човек што знае дека нема некој што го штити не прави вака. Пак седете во државава родители на деца.
Е за ова мелев во неколку постови кога ученикот што опцу наставничка на онлајн час го избркаа од школо одма. Кога така брзо и експресно ќе бркаат и казнуваат наставници, тогаш и за ученици ќе го оправдам истото
Ако некој не е мирен има постапки за тоа. Според професорот тој ги учи останатите и самото дете дека: Со насилство се решава секој проблем. Е сега според уличарско понашање професоров ги прекршил професионалните правила и треба да биде рогнат како фудбал. За да биде мирен нели. Ако ги решаваме проблемите со ќотек,а не по други постапки.
Кога ќотекот е најупотребуваната 'воспитна' мерка кај нас, не знам што ви е чудно. Се запрепастив од коментарите на Фејсбук, иако ги очекував. Еднаш искоментирав за слична случка и добив коментари 'Не ги тепај, па нека ти се качат на глава!'. Тоа кажува повеќе од доволно за нашиот ментален склоп.
Се прашувам што направил ученикот за да изреагира вака наставникот. Не дека нешто ќе го оправда, во никој случај, само онака да се увидат и двете страни. А ми се чини дека од дисциплинска комисија благи ќе бидат спрема наставников. Како е биран образовниот кадар...
Наставен кадар мора многу да се селектира. Нема оправдување, која и да е причината за ова. Прво е наставник, во улога на авторитетна фигура, второ, малтретира дете. Нема нешто шо дете можи да напрај шо би оправдал вакво однесување.
Што и да направил ученикот, наставникот никако не смеел да реагира на овој начин. А дека младината е крајно невоспитана е.