1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Навреди на работно место

Дискусија во 'На работното место' започната од doll, 2 декември 2009.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    @izabela.nik нека не те чуди таквото однесување на поединци, зашто такво нема да најдеш само ако работиш на каса, туку ќе најдеш и ако работиш на шалтер, во канцеларија, во ординација... Какви се работи не сретнав за моево работење, мислам дека и нерви попуштаат и во такви моменти не можеш да се смириш, особено ако си премногу емотивна. Особено ако знаеш дека ти си во право а некој од што нема попаметна работа и од што има празен приватен живот па лечи фрустрации на работно место, е при такви ситуации ти е највеќе криво.
    Но све поминува, си носи и последици и научени лекции, но поминува. Советот е да не се нервираш и да игнорираш, но тоа се такви стресни ситуации што не можеш да ги одминеш и си го прават своето, па не можат да завршат без нервози, сообено не со игнор, туку едноставно отрпнуваш на тие ситуации и со тек на време не дека не ги приметуваш, туку научена си како да реагираш.
    Блазе му на оној што работи во нормална работна средина и што го исполнува работата.
    Јас сретнав такви исфрустрирани фаци и злонамерни суштества за какви не сум верувала дека ќе бидат дел од мојот стрес на работа.
    Ама чекам промени, се надевам дека ќе ги има.

    Ако немаш друг избор и ако работата ти е потребна, навикни се на такви ситуации, на почетокот потешко ќе се справуваш со нив но постепено ќе ги прифаќаш како дел од работата и нема да те погодуваат емотивно, туку и ти ќе враќаш, бидејќи ако работиш на каса а муштерија ти е некој директор, не значи дека тој е во право. Немој да молчиш и да собираш се во себе, туку смирено и дипломатски врати на такви провокации, ако веќе не можат да се избегнат.
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.174
    Допаѓања:
    123.550
    Кој не работел со странки, не знае што се носи тоа. Идат секакви, болни, ти киваат, кашлаат, што немаат што да прават цел ден, што брзаат, или па полошо, не брзаат пa ти одземаат време, па некои лути женичиња, што се скарале со домашните па идат ти се истураат, па господа од големото добро утро кои те гледаат ко га си гомно, а се правиш ако што треба.
    Мене ми е жал по некое време за таквите, и за да ми олесни, си викам, нередовен секс, од што е никаква никој не ја легнуе па исфрустрирана е, и ми мине.
     
    На slobodka и zeka им се допаѓа ова.