Сте добиле ли награди од квизови Милион пакети од витаминка (тоа беше од радио). Пакетите ги имаа буквално сите производи на витаминка, штета што ги нема сега тие игри. Имав добиено наградно патување. Секако не отидовме на него, излезе многу скапо. Престилки неколку. Фритеза. Неколку каси пиво, над 10 каси беа. Татко ми беше пресреќен. И некои други ситници, не се сеќавам. Ех времиња.. сега ептен ретко има такви работи.
Сте добиле ли награди од квизови Да бе. Чудо наша фамилија нешто да добие на некоја награда.. Па бев мала, и на една наградна игра имаше нешто плико да се прате ова она, и оп стоп, извлекуват ме мене “таа и таа особа добива пакет струмка сокови“ (ехх на времето струмка коа беше, ако ви текнува. мсм уште ја има али не е како што беше порано) и татко ми иде да ги земе соковите, и кажува “Влевам у една соба на телевизијата и гледам ги сите испоседнани околу масата и Добар ден, добар ден, јас дојдех за соковите, име това и това. Дојдех наградата да си подигнам.. Какви црни скови, какви пакети, они испоседнале сите пијат ли пијат од това сковите. И еден се избацува“Ааа нема повеќе сокови, ја остана уште малце у шишето, баш как за тебе, дај да пробаш барем малце од наградата..“ кога ме фана еден смех, и една чаша имаше од наградата, каков пакет..“ (на дијалект е пишано сори) И така луѓе со нашите струмка сокови. Ни С немаше од струмка хахаха
Сте добиле ли награди од квизови Пред 15 години добив велосипед на Бинго. И уште го возам, си нема мака. Исто на една наградна игра од Нескафе пред неколку години добив неколку пакети со производи, а да не ги бројам лажичките од Браво кафе. Сум добивала по нешто ситно од козметика и акцесориз од списанијата, а најтазе ми се маичките од Синалко. Уште чекаме со мајка ми седмица на Лото, ај да видиме до кога.
Сте добиле ли награди од квизови Сум добила само два пати во животов, еднаш ХТЦ телефон и скара која до ден денес ја употребуваме. Не играм често, па затоа можеби и мала е веројатноста дека нешто можам да добијам.
Сте добиле ли награди од квизови Да од емисијата бело глувче ако ви текнува на А1 што беше ( јас бев мала тогаш, па нормално мајками се јави ) добивме плишани мечиња.. и на една охридска емисија добивме пакет сано сокови
Сте добиле ли награди од квизови Ретко играм и јас и домашниве. Сигурно сме добивале некои ситници, ама не ми текнува во моментов. Највредна награда што сум ја добила е патување во Бугарија, во еден забавен парк, Софијаленд се вика. Се ми беше платено и се изнавозев на ролеркостери, подвижни куќи и ред други работи. Убави времиња.
Сте добиле ли награди од квизови Сестрами како мала има добиено велосипед на Бунга банга ре една емисија што се играше по телефон скапо не чинеше со телефонската сметка ама ајде си се тешиме дека уште си го возиме гајле си нема а јас имам добиено ДВД во наградно извлекување од маркет.
Сте добиле ли награди од квизови Папагал од весникот Другарче во второ одделение, кој btw Ми го умре папагалчето што претходно го имав! Синтисајзер Јамаха на една наградна игра на Интернет, требаше да се одговорат некои прашања кои јас ги одговорив онака чисто ради реда и кога го прочитав своето име дека сум добитник бев ваква Наградата беше прилично вредна негде околку 300 еур.
Сте добиле ли награди од квизови Ако се смета, од Наш Свет испратив купон и ја добив книгата "Вампирски Дневници".
Од квизови немам награди затоа што немам учествувано, а од наградни игри имам. Имам добиено мобилен телефон, алкател, на грепки најмногу имам добиено 500 денари имам добиено една маичка шо тогаш мн си ја сакав, книга, дезодоранси во Петар за Појадок и Пауза,дрес исто од ППП и неззз што уште не ми текнува ама сигурно има уште
Од квизови не ама од награди игри и од оние часописи јуник, убавина и здравје со купони што праќаш милион шминка парфеми телефон Нокиа од тие старите накит на грепки исто немам и така...
Не знам дали е за овде но еве ке побарам, има натпревар од Тутунска банка и ми требаат уште гласови (лајкови)па ако не ви е тешко еве линк и само треба лајк да притиснете и готово. Благодарам однапред!
Од квиз не, но од наградна игра да. Некако не ми се јавува по квизови, да вртам по 10 пати и да ми дојде 5000 сметка.