Бидејки не видов ваква тема ја направи ова... Целта на оваа тема е да споделуваме се во врска со наградната игра на фискалните сметки. Кога ке има извлекувања дали баш ние ке бидеме добитни на нешто и сл. Првото извлекување ќе биде на 30 декември. Сите фискални сметки издадени на граѓаните од 15 ноември до крајот на 2014 година ќе учествуваат во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“, што ја организираат Министерството за финансии и Државната лотарија на Македонија. Почетокот на наградната игра вчера го означи министерот за финансии Зоран Ставрески, кој истакна дека за да им излезе на граѓаните во пресрет, Министерството решило во лотаријата да учествуваат и фискалните сметки издадени по 15 ноември кога беше објавена наградната игра. На касите во поголемите маркети вчера можеше да се забележи дека повеќето граѓани си ги бараа фискалните сметки и напоменуваа дека им се за наградна игра. Сепак, многумина и не знаеја дека лотаријата официјално почнува и оти фискалните им влегуваат во конкуренција за награди. Ставрески соопшти дека наградниот фонд е збогатен така што до крајот на 2014 година ќе бидат доделени три стана и исто толку дуќани, сите во Скопје, девет автомобили, како и ваучери во вредност до 3.000 до 60.000 денари. Ваучерите се поделени во шест категории и тоа аудио и видеоопрема, бела техника и мали кујнски апарати, мобилни телефони, фотоапарати и опрема, компјутери и компјутерска опрема... Според Ставрески, се очекува вкупниот фонд на награди да се движи околу 400.000 евра. - Со учеството во наградната игра, секој граѓанин ги поддржува домашната економија и процесот на фискализација и легална конкуренција меѓу фирмите, ја поддржува изградбата на објекти од јавен интерес, кои се финансираат преку прибраните даноци на граѓаните, а и за граѓаните ќе има корист зашто ќе има богат фонд на награди - изјави Ставрески. Според правилата, треба да се испратат 20 фискални сметки во бел коверт, на следната адреса: Државна Лотарија на Македонија Бул: „Гоце Делчев“ бр.8 Поштенски Фах 363 За наградната игра Фискална во рака-награда без мака Во ковертот на бел лист треба да биде напишано името на учесникот, неговото презиме, контакт телефонот и адресата. Овие податоци НЕ треба да стојат на самиот коверт. ПА СО СРЕЌА НА СИТЕ
Не е фер ! Сите пазариме, сите плаќаме данок, а само неколку ќе се посреќат !!! (А, може и по врски ќе ги лапнат наградите). Подобро данокот од 18% да ни го намалеа за неколку проценти, барем сите да имавме некој ќар.
Точно во право си .. но што можеме освен да си ги собираме сметките да си ги праќаме и да се надеваме. според мене нека одредат на пример колку да се соберат на пример секој поединец да собере 100 фискални да ги однесе во лотарија и веднаш да го наградат на овој начин навистина не е фер
Ееее нашиов народ... Дај му некоја ваква занимација, нека си купува секој ден по нешто да си собира сметчиња и да си полни пликчиња, па стан е бре луѓе. Јас знам каков народ сме ние, ама до овој степен дека сме биле не сум верувала. Ајде сега сите розевите наочарчиња, па може ќе добиете станче, што е веќе одамна таксан некому. Браво за награднава игра и за нашата власт, која очигледно си го познава одлично својот народ!
Штета што не важат сметките од здравствените услуги, или важат? Не знам. Се поболев од секирации,од што се' чини, бар стан да добијам. Па и да добијам, сметките ќе немам со што да ги платам. Па и можеле подобро име да и смислат, мислам, стварно... Нејсе, не можам да собирам, да му се мислам за тоа.. Ама кој сака нека си собира и надева. Немам што да кажам..
јас имам соберено како за еден да пратам но се уште не сум го пратила , ке пратам ама чисто сумњам дека јас ке имам среќа во такво нешто ама ајде да си пробаме сите среќата... иначе каква држава сме ке почнат да ни наплаќаат по 1 ден од фискална од сега па натаму
Mi go formatiraa lap topot, i sega nemam makedonska poddrska Sakav da prasam dali e tocno deka adresata na plikot treba da bide iskucana na kompjuter? I stvarno naplakjaat po 45 den. od plik vo postata?
оф алал нека им е ако е точно тоа што го кажуваш ццццц да го куцам на комп ? Хахаха е стварно срамота па и 45 ден ? па не праќаме пакети , праќаме писменце цццц
Наградна игра е, нема фер, не фер, добива еден, или секоја награда ја добива по еден. Сосема е јасно, јасни се правилата, не е само за играва ова правилo измислено. Мене ми е смешно што државата организира наградна игра, па и за која цел, тука не можам да го сфатам мотивот и подребите на ова. Мислам сфаќам де публицитет, со 3 стана, дуќани и коли ќе добијат поенчиња и те како кај народ, мислиш којзнае какво дело прават. Не знам дали ќе собирам искрено се двоумам, дали да собирам, пликови да купувам, не знам дали се плаќа да го пратиш во пошта, џабе ќе ми би биде трудот.
Јас пак колку што разбрав од маалскиот продавач испраќањето било околу 60 денари од плико нема смисла мислам стварно 60 ден. за едно плико.. и станот и дуќанот наместени ќе бидат гарант, ама на народов ништо друго не му останува освен надежта
Абе ајде плаќање од коверт? Па колку може да тежи коверт со фискални сметки? Ај да го праќам препорачано па и 60 денари би било многу. И онака кога купувам земам фискални сметки, па ајде еве ќе ги пратам, ама и овие наградниве игри преку пошта ми се сомнителни, ниту ќе знам дека ќе стигнат до вистинската дестинација, ниту ќе знам дали некој не си ги собрал ковертите и си ги прибрал фискалните во негов коверт (штом се знае дека е за наградна игра), од кај ќе докажеш дека си пратил или дека го има твојот коверт таму. А и кога ќе ми текне кој е врвот во пошта, јасно е. Ако беше сериозен потфатот, требаше да направат некој пункт или еве во мин. за финансии да одиме да ги носиме директно и лично, да ги пуштаме во една заедничка кутија. Зошто мора преку пошта па и да се плаќа па уште и несигурно дали ковертот ќе ти стигне кај што треба. Може глупаво звучи ама кога се во прашање наградни игри се е можно. Па порано бинго кога игравме, недобитните се праќаа преку трафиките во посебни кутии, без да плаќаш а овие ем држава ем да те исцеди со изговор дека си потенцијален добитник. Ама тоа е, останува да се надеваме како и секогаш. Ако не пратиш ќе те гризе совеста што би било ако те извлекле. Прво беа 1 стан и 1 дуќан, па три стана и дуќани па и коли имало... бреииј алал да им е на политичарите, уште да поделат праведно. Најтрагично ќе биде некој со 5 стана кога ќе добие уште еден Мислам попаметно ќе им биде да ги доделат на социјални случаи или млади брачни парови кои се невработени, а не да се фалат и пуваат сега пред нова година со хуманитарности кон сиромашните. Ако си толку хуман дај им по еден стан, пари, работа.
Маалскиот продавач те излагал за да не мора да ти дава сметка Инаку тоа е и целта на "играва".. Народот сам да ги избегнува тие што не даваат сметки, зашто УЈП нерви искина со нив
Од прилика мое мислење околу целта на награднава игра, едно плико е 60 ден. да го испратиш, помножи ги тие 60 ден. со милиони и милиони пликоа во текот на целата година...воала . Покрај тоа, луѓево се мотивирани да бараат фискална сметка и да купуваат од места каде што даваат фискални сметки, што значи, можеби и минимално, ама колку толку ќе се намали прометот на дуќанчињата кои немаат фискални сметки, што пак оди во корист на владата и буџетот. Наградите што ги даваат се минимален трошок во однос на тоа што ќе придобијат од играва. Всушност, како и секоја наградна игра. Туку, како се опуштија со лотарииве, прво работни места, сега и станови, автомобили, ме плаши малку дека следното ќе биде дипломи...или името може да го решиме, ќе праќаат сите заинтересирани свое мислење на ливче и ќе се извлече едно плико што ќе ни ја одреди судбината .
^^ А приметувам во продавнициве некои избегнуваат да ти дадат сметка, на пример денес во жито лукс купувам и гледам ја искуца сметката а не ми ја дава а ја приметувам дека намерно направи така па јас и реков-сметката ако може. Не е шала, стан е у прашање Од сега никогаш не купувам повеќе од една работа одеднаш, ќе се враќам неколку пати ако треба или со маж ми ќе ги поделиме работите и одвоено ќе плаќаме
На времето еднаш излезе муабет дека некој од поштата ги земал пликоата со собирани капачиња (од Кока Кола мислам беа) и си ги праќале со нивно име. А, сигурни сте дека 60 ден. е од плик? Иначе, вака е околу 15 ден. регуларно...
Не верувам, затоа што ми даде фискални и од некои кои не ѓи зеле.. Можно е и грешка да разбрал за цената појма немам, а и нешто многу не ме привлекува играва и баксуз голем сум за тие работи
Ќе си ја пробам и јас среќата, ама некако немам доверба во нашава пошта, и кога слушнав прв пат за награднава игра, прво што ми падна на памет беше тоа дека јас најуредно ќе си испратам плико со 20 фискални сметки, со име и презиме, ќе си платам колку што треба, и откога ќе се свртам и ќе заминам, некој злобен чичко или тетка во поштата ќе ми го отвори пликот и ќе си го прати на свое име...
И мајка ми и сестра ми со ова, дури иде доле во продавница сестра ми таа продавачката да и куца фискални колку да ги собира. Уште вчера во школо во маркетот кај нас даваат фискални стално ама децава ги оставаат на каса сите ги прибрав накај 20 имаше, радости дома кога ги донесов. Не дека ќе добиеме нешто ама ај колку за занимација.
Прееска идам до трафиче со две вработени, дечкото пред мене не ја зема фисклната, се истепаа која од продавачките да ја земе, чив ред бил. Абе народ ќе испокараат