А што купон беше она што го покажаа? Нели сите посебно си пишуваа име и презиме зошто тие ливчиња на добитниците не ги покажуваат?
A koj odreduva koj sto dobiva. Izvlekoa pred reklamite 50 plikovi i sega kazuvaat koj sto dobil. A koj odluci za toa i zosto ne gi pokazaa avtenticnite livcinja?
А не би требало ливчињата со имиња да ги покажуваат наместо оние ваучери? Нормално дека можат да го напишат на ваучерот тој што тие сакаат. Вооошто нема регуларност!
како тоа цело скопје пратило а пола пликоа што ги извлекоа беа од ново село, радовиш, струмица, штип и битола?? мислам дека вреќите на скопје се стаени во средина... некако не се организирани ич!!! за ведрана не праиме муабет..по кој критериум ја стаиле да води? по тетоважата или по арогантноста?? чудесна е оваа македонштина!!
Од Битола јас еден не видов, се беше скоро од Скопје А Ведрана е катастрофа искрено и во водење и во се, фустано па ужастија.
Тапа организација. Тие што влечат ми изгледаат како да знаат кој каде е пликото на нивните роднини...Не дека ќе добијам али собирав од занимација.
Значи, засега разочарана сум! Што има со тоа купоните! Нека влечеа едно по едно, не вака 20 наеднаш не знаеш ни кое за што е. И одма да кажуваат регуларни или не! Вака јас ке частам по комшии, и ке ми речат,пу пу не важаи, а комшикана сум ја напоила Балантајнс и сум го бакнала комшијата у уста!
А као ми е смешна комисијана позади, така страшно лошо испроектирана, врз принцип, диши - издиши. Бичез, плиз!
Еј штета не гледав, да се посмеам малце Колку награди дадоа, што поточно доделија така покрупно ? Туу сигурно смешки било, не ми ни текна да гледам..
Колку неорганизирана наградна игра, на почетокот ниту ги кажуваа имињата кој од каде е ниту ги покажуваа ливчињата со име и презиме, од каде да знае дека не е наместено и дека немаат готов список пред нив и коверти. Само Игор Џамбазов е за вакви наградни игри, тој кога извлекуваше добитник одма пред камера го кажуваше името а не вака ги праќаат ковертите кај жири па отпосле ги пишуваат имињата со пенкало што нје се приметува, демек не можеле да купат маркери за пишување. И какви се тие нерегуларности, кој е глупав да стави 17 сметки, освен ако во пошта не им ги ваделе.
Мајка ми се запна, е како може вака, е како може онака, викам абре ова не е бинго на Џамбазов исто мислиме ние... ова на комшиска веза :geek: Туку дали слушнавте оваа Ведрана на бушавион од Некст тајм кога му рече -не е до ракописот, кој колку знае да чита...- Добра смешка ми беше настанов, ептен рандом го фатив на тв, разочарувачка предновогодишна програма на нашиве канали
Гледам секаде по социјалниве мрежи незадоволство... и верувам дека е со право . Ама зошто праќавте? Како да не знаевте колку „регуларно“ и „транспарентно“ ќе биде. Јас на секого што го познавам му викав да не собира, у оваа држава нешто ќе се организира без мучки демек.
Ги имаат ли објавено добитниците на некоја интернет страна? Го пропуштив извлекувањето, па да видам да не удрил гром во коприва случајно!