А сега за наредното извлекување, важат фискалните од месец декември или воопшто 2013 година? Или за ова 2-рото извлекување мора да се од 01.01.2014 година?
За 2то коло ќе учествуваат самофискални од 30. 12 до февруари. А во 5то коло ќе учествуваат сите испатени писма од 2013
Може ли две имиња и презимиња на еден лист во едно плико? Јас и дечкото сакаме двајцата да се пишуваме, па затоа прашувам
На извлекувањето,извлекоа плико во кое имаше напишано две имиња,и коа го прочитаа ништо не рекоа.Така да,најверојатно може
Vladimir i Elena Nestorovski od demir hisar vo nagradite za kompjuterska tehnika imaa zaeleni plikoa. Sega se setiv koga gi citav dobitnicite sto gi ima postirano Snow queen.
Ај и јас да си прашам,нели важат сега за наредново извлекување фискалните од 1 декември? Или треба понови?
^ Не. Важат тие од 30ти декември, па до датумот пред наредното извлекување. Кога ќе биде наредното извлекување не знам, но би требало да е некаде при крајот на јануари или почетокот на февруари. Не следам баш информации, брат ми е задолжен за тоа зашто очигледно повеќе се радува на вакви наградни игри (а признавам, има и повеќе среќа од мене). Јас само имам улога на собирач на фискалниве и доставувач на пликоа. Со секое пакетче од дома ми пушта и по некој плик фискални, немој некој случајно да му ги украде во пошта на човекот.
Епа ако ми е!Собрав за 5 пликоа за извлекувањето што помина,ама од пуста немарност не ги пратив. Сега ми останува само да се сликам со нив расфрлани по креветот како латици од ружа а јас во секси издание.Абе тоа ти е баксуз човек.И сега треба пак да почнам од почеток.
Па со тие 30/60 денари паркинг/автобус, нели можеш да однесеш 10 плика? или со поќе од едно не те пуштат в автобус? о.О А и не гледам дека мора да одиш до Центар само за пликовите А можи и таа да дојди во Скопје ама мислам дека патот би ја чинел поќе од 30 плика да плати. Скопјани не кукајте фаворизирани сте од секогаш. deal with it. муабетов ми е офтопик, претходно се извинувам ама морав да искоментирам
Јас како што разбрав за наредното извлекување важат фискалните со најран датум од 15 Ноември па наваму. А наредното извлекување е на 27 Јануари во кое ќе се извлекува автомобил и ваучери.
Во секое од извлекувањата ќе учествуваат само ковертите испратени пред актуелното извлекување, кои ќе содржат фискални сметки само од периодот меѓу две извлекувања, а во извлекувањата за стан и дуќан ќе учествуваат сите коверти. http://www.loto.mk/nagradna/ - Тука се убаво ви пишува, прочитајте си.
фала, зошто имам 6 фискални од 30ти декември па не знаев дали може и тие...а на нивната страна нема обновено, сеуште им стои старото за првото коло.
Колку само за информација прееска беше кажано дека во вториот круг ќе учествуваат фискални сметки со најран датум 15.11.2013 г. Ова прееска го кажа Маријана на Лото извлекувањето.