И министерот за финансии денес кога ги објавувале поштенските маркици специјално направени за играва изјавил дека важат фискалните од 15 ноември навака. Но, на страната на Државна лотарија, во делот за награднава игра сеуште стои дека фискалните издадени од 15 ноеври важат само за првото извлекување. И сега? Јас имам неколку сметки издадени пред 30 декември и не знам што да им правам сега? Редактирам: Во новото извлекување ќе учествувале и пликоата испратени за првото извлекување! Така изјавил Ставрета.
Јас имам еден куп, и тоа сите ми се пред 30-ти. Тогаш се истресив. Него, другарот министер кажа дека ќе важеле од 15-ти ноември до 26-ти јануари за следново извлекување. Или сака да не зезне, или врска нема од правилата на игра. Било како било, среќно на сите и не правете големи пазари. По еден артикл на сметка. Ајт.
Од тимот на државна лотарија на плоштадот ми потврдија дека важат сметките со најран датум од 15 Ноември.
Бев денес во Скопје и на плоштадот не видов ниту еден пункт на Лотарија. Каде се наоѓаат тие пунктови?
Пунктот е тргнат. Инаку, пликоата по пошта можат да се праќаат за 8ден. од понеделник. Наводно, сеуште се печатат таксените марки за играва и од понеделник ќе бидат пуштени.
јас разбрав дека од 30 дек.важат фискалните и ги фрлив тие од пред 30ти,а многу имав отиде автомобилот
Па они сами рекоа ќе важат сметките од периодот меѓу две извлекувања, сега па инаку, глупости. Ова е се ама не регуларно, не знам што си трошите време и енергија на вакви глупости. Имам дома еден куп сметки, ама никој не планира да ги праќа ми се чини. Сестра ми првиот пат однесе дека имаше пункт, сега ако го тргнале се се плашам дека ќе идам во пошта ради играва специјално да праќам.
Во понеделник 27.01.2014 второ извлекување на наградната игра Фискална во рака - награда без мака Поради огромниот интерес, со задоволство го најавуваме и второто извлекување кое ќе се изврши во понеделник на 27.01.2014 година. Во ова извлекување ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 15.11.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот. Па, доколку сте собирале фискални сметки, а досега не сте ги испратиле, сега имате нова шанса. Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петтото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30 јуни 2014та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан. Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра. Само за потсетување во првото извлекување кое се одржа на 30.12.13, беа доделени вкупно 153 награди меѓу кои беа првиот стан, дуќан, автомобилот Пежо 208, велосипеди, компјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника. Добитниците на вредносните ваучери од првото извлекување, ваучерите може да ги подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија во Скопје, а голем дел од нив тоа веќе го сторија и веќе ги подигнаа и своите производи од продажните места на соработниците. Сите добитници на ваучери во вредност до 5.000, 00 денари, кои не се од Скопје, а се оневозможени својот ваучер да го подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија, своите ваучери ќе ги добијат со препорачана пошта на адресата која ја навеле на листот со личните податоци. Доколку не сте во можност својот ваучер да го подигнете од благајната на Државна лотарија на Македонија, јавете се во контакт центарот на Државна лотарија на Македонија на тел 02 323 77 77 во работни денови од 8 до 20,00 и известете не, за да може потоа преку препорачана пошта да ви го испратиме ваучерот на адресата која сте ни ја навеле. За сите детали во врска со наградната игра, покрај наведениот телефон на контакт центарот на Државна лотарија на Македонија, може да не контактирате на нашата страна на Интернет loto.mk или на нашиот профил на социјалната мрежа Фејсбук : https://www.facebook.com/DrzavnaLotarija Второто извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА-НАГРАДА БЕЗ МАКА може да го проследите во понеделник 27.01.14 на МТВ1 За добро ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Пратив 10плика,имав соберено за претходното извлекување,ама не стигнав да ги пратам па сега на куп сите ги пратив.Само срамота е што на тв велат по пошта да се прати е 8ден по ново,а во пошта тетката ми зема 18 ден од плик.Стварно срамота,ама ај може ќе се падне нешто.
По голема глупост и по преварантска работа немам видено,како не му е страм бе јас незнам се наполнаја од пари од пликовите а од толку пликови полата ги залепиле за ѕид никој не оди од таму да влечи нормално,и толку не организирана работа немам видено све измешано на извлекувањето не се знаеше кој јаде кои пие,и како не му е страм да го лажат народот постојано нели пликовите истите требаше да бидат и за 2рото извлекување псссс ѓубриња само тоа ќе кажам јас испратив првото извлекување 7 и повеќе нема на памет да ми падне не 100 денари туку 1 денари да дадам на ваква глупост...
Женски,дај кажете,ќе има некои кутии на плоштад или се праќаат сега преку пошта? Зашто бев пред 2 дена на плоштад ама немаше ништо
Луѓе дали можам да праќам пликоа преку пошта. Една жена ми вика сега не требало да се праќа, па незнам што да правам.
i onaka barem poveketo od nas gi sobiraat smetkite od prodavnici pa namesto da gi frlame mozeme da gi pratime i onaka ne e skapo eden standarden plik e dva denari pa od kaj ja znaete vie sudbinata moze da pratite pa moze ke se nasmee nekade srekata