Ангел Саздовски со фамилијата може да се крсти награднава игра. Во секој круг со ваучерите од Жито и Тинекс - неговото име, па Гордана Саздовска па уште една Саздовска.
јас вчера не гледав. Кога и каде ќе бидат објавени имињата на сите добитници, проверив на нет на државна лотарија , ама нема.
И пола Битола и пола Гевгелија добија награди. Влечеа од едно место каде што е куп донесен од одредено место, па фала Богу дека тие ќе добијат. Мислев со организацијата ќе се подобрат за ова извлекување, ама премногу сум се надевала.
http://www.loto.mk/nagradna/ Eве ги срејкинте добитници значи не ми е криво што не добив ништо туку ме нервира тоа што ги влечат едно до едно и си се погодуваат брат и сестра маж и жена небитно муабетов ми е дека Не е ФЕР ич абе ако влечиш бар од сите страни а не едно семејтво по 3-4 ваучери Ќе видите и вие ама то е арно вика Мајками со држава комар нема
срамота е ова со награднава игра, чиста брука по 3 лица со истомпрезиме ии адреса на живеење 3 награди, трагедијата да е поголема има повеке случаи такви.еб *ти државата и министерот и лотото и се брука е невиденааааааааааа, ми се гади од малограѓанштинава, па никој не е будала брее
Што баксуз сум Едвај собрав 3 плика,се израдував и отидов во поштата на 25 сабота да ги пратам. И замислете само што влегувам во поштата, ми велат отиде комбето .. И искрено не планирам ниту да праќам ниту да берам фискални.
Јас не сум испраќала а и онака не верувам во такви наградни игри.Секоја сметка која ќе ја добиев ќе ја дадев на дргарка ми или близок кој собира
Кога ги предадов пликоата со залепени маркици, приметив дека жената не им удри печат, како на другите, оти предавав 20 пликоа првиот пат. По неколку дена предадов 18 пликоа и не видов ни дека ги залепиа маркиците. МОЖНО ЛИ Е ЛУЃЕТО ОД ПОШТА БАРЕМ ДЕЛ ОД ПЛИКОАТА ДА НЕ ГИ ИСПРАЌААТ, НО ДА ГИ ВАДАТ ФИСКАЛНИТЕ СМЕТКИ ОД ТУЃИ ПЛИКОА, И ДА ГИ СТАВААТ НА СВОЕ ИМЕ?
^ Се берат? Каде? Зар почнаа на дрво да растат? Спојлер Мала шала, знам на што мислиш, ама ми се виде интересно и затоа пишав
до која дата може да се пуштаат за следното извлекување,и кога е тоа? и воедно има некое ограничување да речиме важат фискалните издадени после 1ви фебруари? нели за првото извлекување беше ограничено,а сега?