Денес е последен ден за праќање коверти за утрешното извлекување и може да се праќаат коверти се до 22:00 часот, така? Има пункт за оставање коверти на плоштад како порано или грешка сум, зашто планирав денес да одам да ги пратам? Знам дека има линк од наградната игра, ама на овие прашања не најдов одговор, иако повеќе се како претпоставки.
^^ Јас веќе ги оставив на плоштад, иако рашањето не ми беше дали може во МТВ туку дали има пунктови на плоштад, бидејќи е недела па голема е веројатноста дека зградата на мтв не е отворена.
Знаев дека имам среќа,то јес. Моите не се занимаваат со ова и викаат дека се глупости. Ама јас си собирав сметки,ги ставив во коверт,запишав името на мама,купив марка и право во поштата во населбата. И ете,едно плико,помеѓу толку луѓе го извлекоа,1000 денари прехрамбена индустрија,мои се ќе идам у тинекс ќе си купам овошни јогурти. На мама кога и кажав ми рече,ти рековме да не праќаш,ама ти ништо не слушаш. 1000,1000 кој ти ги дава,заработени без мака,лично мои пари,морав името на мама да го пишам,малолетна сум јас.
„Почитувани, Ве информираме дека добитниците од третото извлекување , на наградната игра „Фискална во рака - награди без мака“, кое ќе се одржи вечерва со почеток во 20:00 часот, на МРТ 1, ќе бидат објавени во четврток во дневните весници ВЕЧЕР и КОХА.“ Ова го најдов на страната од Лотарија на Македонија
Нормално, мора и тоа да се наплати луѓево се утепаа од пари за пликоа па сега и за резултатите да плаќаме. Господ да чува
До кога трае наградната игра и кога е извлекувањето? Овој месец 3 плика пратив И уште едно прашање после секое извлекување ги фрлаат неизвлечените плика и ги заменуваат со нови, од тековниот месец (се надевам ме сфативте што сакам да прашам) ?
извлекувањето е секој последен понеделник од месецот а играта трае цела 2014 година а пликата ДА ги заменуваат со нови