А не треба маркици и такви работи ако се остават пликоата директно на пунктовите? Јас којзнае колку имам собрано, сакав да го израдувам брат ми, мал е и се радува ептен на вакви глупости, а и онака не ми се фрлаат.
Se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam. Dali e vo red nasite podatoci vo plikoata da gi isprintam ili mora racno da napisam? Zasto imam okolu 50 plikoa koj ce pisuva racno
До кога ќе трае оваа фискална треска? Иначе и така сме кај трески ова ме потсеќа на Американците на нивната ’’златна треска’’ кога злато ги треснало по глава..е така нас фискалните.. Одам до продавница и покрај тоа шо си ја земам мојата и оние пред мене некогаш забораваат и јас си ги земам и нивните-све је сада битно,фискалне су битне! И во такси-опасен човек сум жими мене Ќе може фискална? *На ти две. *Еве имам уште на ти 5-6 се ќефам
По 40 - 50 пликоа испраќаме, па никако да се падне макар еден ваучер од 1000 денари. Кој нема среќа, нема. Гром во коприви не удира.
Упорно праќам и пак ништо... НЕМАМ ЈАС СРЕЌА. СЕ ДОДЕКА НЕ ГО ДОБИЈАМ ЈА СТАНОТ КЕ МИСЛАМ ДЕКА Е НАМСЕСТЕНО РАБОТА Поголеми се шанските гром да ме удри одколку јас да добијам нешто а да не се помачам за тоа... Од небо само дожд паѓа
Надежта последна умира Се извинувам за оффтопик јас тотално заборавив а 3 плика пуштив во кој весник ќе ги има имињата на извлечените?
и јас праќам и си викам ајде да видиме ама ништо дали некој знае каде ги има резултатите од последното излекување ??
Пликата што се испратени порано важат за наредното извлекување? Или месецот што се пратени пликоата, само за тоа извлекување важат?
Ковертите важат само за едно извлекување, а кога се доделуваат становите се собираат сите коверти дотогаш испратени (од второто коло па до седмото коло, кога ќе се извлекува станот и потоа од осмото коло до дванаесеттото коло за третото извлекување на стан) Туку и јас вчера при крај почнав да гледам, дали ги има резултатите на интернет (освен во весник, зашто и весник не купив денес)? На страната на лото не најдов список со добитници. Или ако не му е тешко на некој да ја скенира страната од весник со добитниците.