Ако се фискални сметки каде имате платено со картичка(јас овие ги ставам во шредер, ако не треба да ги чувам ради гаранции), не пак да би ги ставила во плико со лист од име, презиме и адреса заедно со нив. Па уште дека идат на адреса на лотарија, поголема реклама за што има внатре и како може да се злоупотреби, амин.
Кога се плаќа со картичка, нели даваат две сметки, едната е фискалната сметка а другата е сметката дека е извршена трансакцијата од картичката, значи не се праќаат двете туку само фискалнаѕа сметка
Добро луѓе, на пликот се пишуваат информации како име, презиме, адреса итн.? Оти да речеме ако те извлечат од кај ќе знаат која си?
Прочитај го првиот пост од темава, во пликот се става лист со испишани лични податоци за испраќачот, така ќе знаат која си ако те извлечат (не на пликот)
Малер сум бе. Прочитав тука дека од 15 Ноември важеле сметкиве , и така хепи ги зедов ја пуштам греалката 3 - греачи незнам кој ме тераше , а фискалниве ги фрлив на тепих да ги избројам. По 5 мин кога се свртив што да видам која потемнала скрос од топлото која само долу. Важат потемнати малце барем да искористам и од старите ?
Не си сама не се секирај, слична ситуација и кај мене беше. Видов наградната игра почува од први декември, а јас немав ниту една од Први па натака и ги земав ги сгмечив, топче ги направив. Па АнаКаренина ми рече дека важат од 15-ти и ги земав. Една пратка цела ми згмечена и збрчкана.
Сега почнаа да не дават многу многу фискални да даде господ секој што не дава инспекција да го изгори. АМИН
Неможе ли наместо да се праќаат по пошта, директно во плик да се однесат во државна лотарија? Затоа што сметам дека ако може да се однесат директно во државна лотарија, нема потреба да го праќаме преку пошта и да плаќаме пари за тоа што поштата ќе ни врши услуга да ни ги испрати фискалните сметки. А и немам некоја голема доверба во нашата пошта кога станува збор за наградни игри.
Ако вработениот во пошта ти го отвори ковертот, и види дека си потпишана сигурно нема пак да ти ги врати сметките и да ти го пушти со твое име, туку ќе ги фрли, а тоа значи дека и во двата случаи ризикуваш. Како може плико да е 60 денари не ширете непроверена информација одете испратете плико па пишете колку ве чинело, вака ги збунивате луѓево. Пликото е бесплатно во пошта а за маркица е 18денари да испратиш. Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
Добро од кога важат фискалните сметки званично?Од 15 ноември или 1 декември?Пред малку на Сител кажаа од 1 декември
Наградната игра започна на 1 декември и требаше и сметките од тогаш да важат, ама на 1ви објавија дека сите сметки од 15 ноември навака исто така ќе се важат. (нормално ден откако јас ги фрлив сите оние кои ги имав од новчаник и кои можев да си ги искористам ). Инаку, викендов комплетирав 2 пликоа и утре ќе ги пратам, па ќе пишам колку ми земале во пошта. И јас сум загрижена за тоа дали навистина моето плико ќе стигне на предвидената адреса, ама сепак ќе ги праќам и понатака. И онака веќе секаде скоро делат фискални, па ништо не ме чини да си ги собирам. Ако биде-биде, ако не - здравје!
Ќе си ја пробам среќата,иако не верувам дека имам толку среќа стан да си лапнам.Ма да,не би ми се слошило ако го добијам.Одма го издавам под кирија,и секој месец парички ќе си добивам,па шопинг,па патувања,одмори..се што ќе посакам. Еј стоп,разбуди се. Back to topic Си собрав 80тина,и кај и да е ќе ги пуштам,па нека победи најдобриот,и нека биде фер играта(нема ама ај)
вчера на МТВ имаше емисија токму за награднава игра. кажаа дека пликоата освен по пошта може и да се остават директно во зградата на МТВ каде Лотарија има поставено голем сад за собирање на писмава
Јас собирам но моите сметки се сите над 300 денари.....И имаше на Тв дека ќе добиат награда само тие што имаат повеќе купувано,а не на една сметка само едно смоки или само чипс...
Ова нема врска, кој ти рекол , те излажал. Важат сите фискални сметки, па макар и од 1 денар да се. Инаку да, 16 ден е праќањето , какви 60 .
Е па блазе си им на скопјани, но на овој начин ќе бидат дискриминирани тие од другите градови на Македонија...