Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наградна игра со ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nana19, 6 декември 2013.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Чекајте ова за кутиите е само за Скопје?, барем јас така разбрав
    Дали за другите градови си е истата адреса или?

    Инаку баш прашував во пошта 18 ден е плико да го пратиш :)
    Јас имам 12 плика :)
     
  2. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    глупости, ние од другите градови каде да праќаме, да поставеа барем и кај нас кутии, или само од скопје треба да се добитниците ццц, па стварно не се фер
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали треба да се пишува на предната страна адресата на наградната игра? Ме буни тоа што ќе ги оставиме во кутии а треба ли адреса да се пише?
     
  4. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Нека ја има адресата на наградната игра, што е битно... Да речеме си планирала да го пратиш по пошта, па си ја видела кутијата па одиш и си го ставаш во кутијата...
    Ништо страшно ако си има адреса... :^)
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Дали јас сум единствената што не собира фискални сметки и не се надевам на стан? :D
    Сите околу мене собираат и толку се надеваат дека токму нив ке им се падне станот :lol:
    Цело време кога одам било каде и ми дадат фискална сметка трчаат по мене, ај ако не собираш дај ми ја :D
    Пред некој ден другарка ми во кафич одеше по масите и собираше :D
    Ајде може на некоја феминка ке и се посреќи :D
     
  6. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Конечно баба ми успеа да се вклучи на Скајп и потоа ја слушав едно 45 минути како се туфка и нервира зошто син и на комшиката имал дуќан и сите останати сметки и ги давал неа.
    Не можев да не се насмеам, иако жената беше видно вознемирена. :D

    Бар ќе си имаат занимација луѓево, ако ништо друго...
    Иако си претпоставувам нели дека од почеток се знае кој ќе е добитникот.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Верувам дека многу граѓани собираат фискални сметки за наградната игра.И јас сум меѓу нив.Но,повеќе верувам дека само некои "предодрени среќници' ќе бидат на списокот на добитници.Гром не удира во коприва зашто боцка.Ако некој би бил толку среќен и моќен,сам ќе си го овозможи тоа што му е потребно.Нема да трага по среќата на овој начин.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Абе станот се знае дека веќе е одредено на кој ќе се падне, затоа многу не се секирам. Ама има ваучери по 100-200 евра, еве не сум многу лакома, еден ваучер нека ми дадат доста ми е... :D

    Бевме во кафана со милиот минатата недела и му ја земав фискалната. Ми вика: Што ќе напраиш кога ќе ти се падне станот? Јас му викам: Ќе се мажам! :D :D :D Па нека му ја мисли сеа... ;)
     
    На Florenca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    На следниов линк на државна лотарија има објаснето за играта (учество, прашања, извлекување и награди)
    http://loto.mk/nagradna/

    Мене ме интересира колку чини обично плико бело без марка од 16 ден.??? (во пошта ми дадоа плико со марка и чинеше 16 ден, а некоја од феминките спомна дека во пошта плико обично бело е бесплатно) :tmi:

    Јас ќе ги носам во кутиите на плоштад па ако има некаде поефтини пликоа да не плаќам поштарина пишете. :lol:
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    5 денари е обично бело плико во книжарите,фотокопирниците итн.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мислам дека татко ми го зеде од пошта 2 ден
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. famous-girl

    famous-girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Може да ми кажете на која адреса треба да го пратиме пликот :/
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
  14. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Дали некој знае дали доколку ги носиме пликоата во МРТ треба да имаат поштенска марка?
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    А има нешто на плоштад кутии да оставиш пликоа?
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не ми се верува, се потепа народов за фискални, мислиш станови се дава 1000 месечно, па сите ќе земат. Вчера на бензинска еден човек купуваше неколку артикли и почна да и се дере на продавачката да му ги куцала посебно сите :o Јас не можев да поверувам што гледам :|
    Страшна работа, ајде во ред е кога веќе купуваш потребни артикли и се собираат сметките да ги пратиш и да се надеваш, ама да тераш да ти куцаат посебно, да собираш од земја фрлени сметки, да идеш по леб од еден маркет, по јајца од друг и по путер од трет, наместо од еден, поради повеќе сметки е тоа е стварно бедно и смешно. Каде после сакаме да сме во Европа, немамe ни култура ни достоинство, ќе се потепаме за нешто кога се дава гага.

    Ја подржувам награднава игра единствено од аспект на тоа што граѓаните самите се финансиска контрола, така да си ја бараат сметката и нема затајување данок. Од друга страна не знам баш колку е сево ова добро зашто многу мали продавнички и тезгаџии кои едвај преживуваат од таа работа и реално не даваат фискални секогаш, ќе бидат сега избегнувани, а тоа значи многу пропаднати мали бизниси кои едвај стојат на нозе и уште поголема невработеност. Не сме ние криви толку се можностите во државава, нема секој капитал за нешто поголемо. Сега ќе прават растур маркетиве кои се поголеми, кој имал пак да има, кој нема пак да нема. Не знам од една страна е добра работа, како што реков за регулирање на плаќање данок, ама од друга пак и има негативни страни.

    Видов пред некој ден една жена како од земја се наведнува пред маркет да земе сметка што му падна на еден човек кој излезе. Абе бедно до немај каде, се срамам што делам воздух со такви ситни души.. Не сме ние за Европа, стварно не сме.

    Сега сите праќаат, а кога ќе се падне ќе викаат наместено. Епа ако сметате така ич не праќајте, или не е на вас и наместено. Не ми смета да се учествува, ама цивилизирано. Вака потепување за сметки и целодневно оптеретување за истите е смешно и жално за еден народ што сака да напредува.
     
    На Marossa, sofijanoka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Во право си Карина8 те поддржувам за постот луѓево ќе се потепаат за сметки. Истото денес ми се случи и мене на каса , на една жена и фалеле сметки па ја тераше касиерката едно по едно да и куца кај се створи гужва ради неа после па ги бараше и од другите луѓе што не собираат сметки. Не ми се верува мн мн дека ќе падне на некој поштен граѓанин се мислам дека е наместено јас не собирам али баш ме интересира кај ќе падне :)
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Доколку пликата со фискални сметки ги пуштам директно на пунктот на Државна лотарија на Македонија,пликата треба да бидат со таксена марка или без :wasntme:
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.727
    Јас не мислам дека е негативна работа што ке им опадне прметот оти не даваат сметки, па уште и ке ги жалиме. Секое недавање на фискална значи и неплаќање на данок. Тоа значи дека парите што можеле да влезат во државна каса и од нив да се купат книги, да се гради нешто, да се намалат лекови, значи било што, ке останат кај дуќанџијата. ЗНачи тој, досега си го полнел џебот, а во маркетите ем се поефтни производите, ем данок плаќаат. АКо не плаќа данок, нека пропадне.
    Значи, ако пишува една сметка 1000 денари, на која ти си платила 18% данок, 180 денари наместо во каса, си му ги дала бакшиш на продавачот. И досеа од од 5мина како тебе, си вадел дневница плус. Не ги жалам, маалски дуќани се налапаа пари, а касиерките за 8000 ке работат.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Таксена марка во секој случај не ти треба... Аман бе, основни работи се ова.
    А ако не праќаш по пошта поштенска марка не треба, зошто да плаќаш поштарина, ако не ги користиш услугите на пошта? :^)
     
    На TheGirlNextDoor и Cka им се допаѓа ова.