LiOness Па,знам дека не ми треба таксена марка доколку не ги праќам по пошта.Не ме разбра.Прашањето беше, дали пликото со таксена марка е валидно доколку е пуштено на пунктот.Пликата ги купив пред да ги променат правилата за наградната игра,па да не купувам други
Сакаше да ти каже дека таксена и поштенска марка не е исто, и дека ако не ги праќаш по пошта не ти треба поштенска марка. АКо веќе имаш, не е проблем
Дали важат фискални сметки од автобуси? Мислам кога вадам билет за автобус (пр.Скопје-Прилеп) и со билетот даваат и фискална сметка.Јас такви имам многу бидејки често патувам. Инаку не само сега јас целиот мој живот кај и да отидев што и да купев барав фискална сметка. Добро е ова со награднава игра,но уште подобро би било да нема крадење местење и сл.
Нема шанси да ги утнеш или да не ги видиш. Има голем шатор поставен одма кога одиш од улица Македонија,кон плоштад-од лева страна. Влегуваш внатре и има две кутии,ги оставаш пликата,и си одиш
Денес ќе ги пуштам првите пликоа. Чисто да ве прашам...дали во Лотарија на плоштад може да се купи стандардно плико? И колку чини?
Денес мама, ке ги остави нашите 3 пликоа на плоштад. Искрено не се надавам воопшто дека ке добијам каква и да е награда. А да и мене ме интересира како се движат цените околу пликоата??? Да не ги качија нашите продавачи, бидејки сите собираат сметки и испраќаат пликоа....
Има врска која димензија ќе биде ковертот? Јас немам од тие најмалите, имам едни со средна големина, битно бели се, или големината на ковертот не е битна? Јас имам можеби за 2-3 коверти собрано, па и тие тетките од жито лукс се искурназија, не даваат више цели ленти, само една сметка ти кине другите ако имало пред твојата ги фрла долу (демек долу, ама гарант си ги собираат, па кој не би сакал стан). Блазе им на продавачките, сега ако имаш среќа и од едно ќе те извлечат, ама тие си ги зголемуваат шансите.
НАПОМЕНИ: НЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕДВИД КОВЕРТИ ВО БОЈА ИЛИ ДРУГА ГОЛЕМИНА ОСВЕН СТАНДАРДНАТА. НЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕДВИД КОВЕРТИ КОИ ИМААТ ПРОЅИРЕН ДЕЛ И НА КОИ ОСВЕН АДРЕСАТА НА ПРИРЕДУВАЧОТ ИМА И ДРУГИ НАПИШАНИ ПОДАТОЦИ. Ковертот кој не содржи лист со лични податоци за учесникот во наградната игра не се зема во предвид. На ковертот не треба да бидат испишани никакви други податоци освен адресата на приредувачот. Ковертите на кои се испишани други податоци освен адресата на приредувачот не се земаат предвид. Ковертите треба да се бели во стандардна форма и да немаат проѕирни делови. Извор: лото.мк
Ама која им е стандардна големина, знае ли некој димензии? Знам дека така пишува, ама можеле да напишат и димензии (толку см на толку, може смешно делува ама па мора да има некои димензии за тоа стандардно писмо). Уште да кажеле со какво пенкало да е напишана адресата
Дури 150 илјади граѓани се вклучиле во оваа наградна игра Но кој ќе победи Братучед му на министерот или некој близок пријател се прашувам
Голема глупост,награднава игра.Залуде народот.Сестра ми вчера во продавница уште не наплатено се, си ја грабна фискалната,па најде и друга до касата и таа ја прибра. И викам да не се замара да не збира,она не слуша,за се и свашта бара фискална.Демек кај неа ќе оди станот,ах будалче
Седнуваат две пријателки на кафе и му викаат на келнерот, само ќе ни донесеш посебни фискални сметки за кафето. До кај стигна народот. Ќе се угушиме во магли, ќе поцркаме од нечист воздух, ама тоа не е важно, важен е станот.